Директорка на ГАК: Македонија може да се мери со светот, родено бебе од 61-годишна мајка

Македонија може да се мери со светски достигнувања, родено бебе од 61-годишна мајка .

Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања, говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната проворотка во државата, 61-годишна пациентка. Ова денеска го подвлече директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, проф. д-р Ирена Алексиовска Папестиев, во изјава за медиумите.

Алексиовска Папестиев рече дека тоа е прва пациентка во државава која останала бремена со сопствена јајце клетка, бременоста била следена во земјава и породила во државава. Пациентката била породена во 36 г.н. со царски рез со уреден оперативен тек.

- Родено е живо машко бебе со родилна тежина од 2350 гр. и 48 см. И мајката и бебето се во одлична општа состојба. Мајката херој како што ја нарековме, е пациентка со исклучително тешко гинеколошко и акушерско минато со 10 ин витро интервенции и 10 спонтани абортуси. Во изминатите години пациентката имала и други 3 гинеколошки операции, изјави Алексиовска Папестиев.

Таа додаде дека во текот на оваа бременост пациентката имала hypertensia (покачен крвен притисок) и diabet 2, но бременоста била уредна и контролирана.

- Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања, говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната проворотка во државата, 61-годишна пациентка, нагласи проф. д-р Алексиовска Папестиев.

Мајката и бебето денеска ќе бидат пуштени дома, а за бебето ќе се грижи и таткото кој има 65 години.

- Денес ги испраќаме дома бебето и родителите кои не се откажале од својот сон, не потклекнале на неуспесите, на притисоците од околината и на предрасудите со кои живееме. На Петар и неговите родители им посакуваме одлично здравје, безгрижно детство и долги години на радост минати заедно со семејството, истакна директорката на Клиниката.

До неодамна најстара бремена пациентка била 60-годишна жена која, бидејќи не била граѓанин на нашата држава, породувањето го завршила во земјата од која потекнува.

Во регионот, највозрасна прворотка била Љубица од Србија која родила на 62 години, но со донирана јајце клетка и трансфер извршен во Чешка, како и Афифа (61г.) исто така од Србија која по три неуспешни инвитра, останала бремена. Во светот, најстари пациенти се 62-годишна пациентка од Шпанија и 76 годишна жена во Индија.

Средба на лидерот на ДУИ, Ахмети, со норвешкиот амбасадор во Хрватска, Бјорнстад

Како што се наведува во партиското соопштение, Ахмети нагласил дека „се потребни два историски процеса во регионот“.

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска во Загреб имал средба со амбасадорот на Норвешка во Хрватска, Арне Бјорнстад, на која разговарале за политичката ситуација во регионот, европската интеграција на Македонија, Охридскиот договор и владеењето на правото.

-Претседателот Ахмети го информира норвешкиот амбасадор дека по претседателските и парламентарните избори во Македонија, волјата на албанските граѓани не беше почитувана од мандатарот. Стабилноста и безбедноста во земјата произлегуваат од Охридскиот договор кој ги регулира односите меѓу заедниците и гарантира мир, безбедност и стабилност. Затоа, албанскиот јазик не треба да биде загрозен од политичките диктати на власта без етнички легитимитет. Г-дин Ахмети изрази загриженост и за отстапувањето од европската перспектива и тензиите во односите со соседите, информира ДУИ.

Како што се наведува во партиското соопштение, Ахмети нагласил дека „се потребни два историски процеса во регионот“.

-Првиот, историско албанско-српско помирување со меѓусебно признавање на Косово и Србија, како и регионален договор на сите соседи, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово, за незагрозување на територијалниот интегритет на Македонија, наведува ДУИ.

Герасимовски: Целосно се обновува паркот во Капиштец со нова урбана опрема

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека паркот во Капиштец целосно се обновува со нова урбана опрема, нови садници, ново ЛЕД осветлување, нова патека и ново зеленило кое опфаќа 7.800 метри квадратни.

„Вчера почнавме со партерно и хортикултурно уредување на паркот во Капиштец. Поставуваме ново зеленило на 7.800 метри квадратни и нови садници со цел почист и поздрав Центар. Заедно со општинските служби интензивно работиме на поставување нова урбана опрема, нови павер елементи, ЛЕД осветлување и нова патека за движење. Очекуваме проектот за обновување на паркот во Капиштец да го завршиме до крајот на оваа година. Во пресрет на новогодишните празници, жителите на населбата Капиштец добиваат нов парк за рекреакција и прошетка. Упатувам апел урбаната опрема да се чува и да не се уништува, заеднички да придонесеме кон почиста и поздрава животна средина“, вели Герасимовски.

Општина Центар продолжува и во следниот период интензивно да работи за заштита на животната средина и во интерес на Центарци.

Општина Центар

Руска новинарка осудена на четири години затвор заради соработа со Радио Слободна Европа

Новинарката Ника Новак (24) е осудена на четири години затвор во Русија поради соработка со странска организација.

Како што пренесуваат странските агенции, не е точно јасно зошто Новак е уапсена, но таа претходно работела како хонорарец за Радио Слободна Европа, финансирано од американските власти.

Судот во градот Чита во Забајкалската покраинаа соопшти дека Новак е прогласена за виновна поради соработка со претставник на странски медиум „по чии инструкции, за паричен надомест, помогнала да се подготват лажни материјали кои ги дискредитираат вооружените сили на Русија и владините агенции.

Како што се наведува во соопштението, целта на нејзиното однесување била да го наруши угледот на Русија и да ја дестабилизира земјата. Организацијата за заштита на човековите права Меморијал соопшти дека Новак е политички затвореник.

Новак беше и главна уредничка на Zab.ru, локален сајт за вести во Чита, и организираше музички и поетски вечери. Чита е мал град на далечниот исток на Русија, кој е поблиску до Јапонија отколку Москва. /МИА

притисни ентер