Проверен музејски трик за 19 дена без прашина

Додајте само една магична состојка во водата!

Како чистењето на домот да стане малку попријатно?

Бришењето прашина е нешто бескрајно заморно, а и здодевно, и нема ништо поиритирачко од чистењето на домот, темелното бришење на прашината која повторно ќе се појави за 24 часа. Верувале или не, решението на овој проблем се крие во музејот.

Веројатно досега сте пробале неколку начини да ја отстраните досадната прашина, но ако му се верува на познатиот музеј Смитсонијан, тајната состојка е глицеринот, кој можете да го најдете во повеќето аптеки.

Имено, не е доволно само да ја исчистите прашината, туку и да спречите да се појави некое време.

Сè што треба да направите е да измешате 5 литри вода со 3 лажици глицерин, да ја потопите крпата во оваа смеса и со неа да ги избришете подот, огледалата и мебелот.

Глицеринот е ефикасен и за отстранување на дамки од кафе или чај од облеката. Врз свежата дамка нанесете комбинација од кујнска сол и глицерин (во сооднос 1:1), а штом дамката ќе избледи, исперете ја облеката на стандарден начин.

Како да отстраните дамки од јајце, сладолед или млеко?

Овие намирници содржат протеини и сложени хемиски состојки. Ако е можно, исперете ги прво дамките со ладна вода. Ако не, оставете ги дамките да се исушат, а потоа со четка исчистете колку што можете повеќе. Потоа исчистете ги дамките со разреден шампон, а на крај и со разреден амонијак.

Имајте на ум дека свилата и волната се протеински влакна и може да се оштетат со ваквиот начин на чистење.

Со крпа на која има малку глицерин може да третирате излитени делови од кожна облека или мебел.

За темелно чистење на прозорците измешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10, и со оваа смеса избришете го стаклото, пишува mci.si.edu.

Извор: srecna.republika.rs

Волстрит Журнал: Доналд Трамп води со 47 наспроти 45 отсто пред Камала Харис

Во социолошкото истражување се анкетирани 1.500 регистрирани гласачи, а дозволената грешка е во рамките на 2,5 проценти.

Поранешниот претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори во САД за помалку од две недели, Доналд Трамп има предност од 47 наспроти 45 во однос на одлуките за гласање против неговиот демократски противник и актуелен потпретседател Камала Харис, покажуваат резултатите од социолошката анкета објавена синоќа од американскиот Волстрит журнал.

Во социолошкото истражување се анкетирани 1.500 регистрирани гласачи, а дозволената грешка е во рамките на 2,5 проценти.

Претседателските избори во САД се на 5 ноември.

Нетанјаху: Откриено дека Хезболах подготвувал инвазија врз Израел

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел открил заговор за напад на либански Хезболах преку подземните тунели.

За францускиот CNews израелскиот премиер изјави дека нападот, доколку планот успеел, ќе бил многу поштетен од нападот на палестинскиот Хамас од Газа на 7 октомври минатата година.

-На двесте метри од границата ние најдовме тунели, тунели во кои се подготвуваше инвазија на Израел, напад уште поголем од 7 октомври, изјави Нетанјаху, пренесуваат израелските медиуми.

„Со џиппови, мотори, ракети, проектили. Тие ја планираа инвазијата“, додаде израелскиот лидер.

Претходно овој месец, Нетанјаху за весникот Фигаро изјави дека израелската војска во магацините за оружје на Хезболах пронашла софистицирана руска воена опрема.

Најстудено утрово во Берово со минус три степени, најтопло во Крушево со осум

Во Берово утрово се измерени минус три степени, а во Битола минус еден, пет во Скопје, а најтопло е во Крушево со осум степени.

УХМР соопшти дека има магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје утрото студено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала локална облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

притисни ентер