Најстудено утрово во Берово со минус три степени, најтопло во Крушево со осум

Во Берово утрово се измерени минус три степени, а во Битола минус еден, пет во Скопје, а најтопло е во Крушево со осум степени.

УХМР соопшти дека има магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје утрото студено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала локална облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Кузеска: Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците?

​Наместо веднаш да ја повлече скандалозната одлука за помилување на осудени криминалци и нарко босови, Силјановска Давкова без трепнување се обиде да ги измами граѓаните. 

Таа има дрскост да тврди дека „не знаела“ за криминалните досиеја на „интересни ликови“, префрлајќи ја одговорноста на Комисијата за помилување. Ова не е ништо друго освен класична манипулација и потценување на интелигенцијата на граѓаните, вклучително и на оние што гласаа за неа.

Но вистината е јасна – последниот збор за помилувањата го има Силјановска. Комисијата дава само мислење, а одлуката е исклучиво нејзина. Ова го потврди и член на Комисијата, кој недвосмислено ја лоцира одговорноста кај претседателката.

Во овој огромен скандал, клучна е и улогата на Министерството за правда. Министерот за правда од движењето ЗНАМ мора да одговори на едно јасно прашање: Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците и нарко босовите? Министерот за правда должи одговор пред граѓаните – зошто молчи, додека скандалот се разгорува? Дали тој лично се согласил со ослободувањето на луѓе кои ја загрозуваат безбедноста на Македонија?

Бараме од Кабинетот на Претседателката веднаш јавно да го објави мислењето на Министерството за правда, заради транспарентноста која толку многу ја ветуваа. Јавноста има право да знае дали има криминален дил на највисоките нивоа на власта.

Очигледно е дека учеството на ЗНАМ во оваа влада не е мотивирано од државотворни цели, туку од мрачни, криминални побуди. Наместо правда, гледаме неправда. Наместо борба против криминалот, сведочиме на директна заштита на криминалците и нарко-босовите.

Овие помилувања го разоткрија тесниот сојуз меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и подземјето. Силјановска нема срам што криминалците ѝ се заблагодаруваат јавно, затоа што ова е само исплата на долгови што власта ги има кон нив. Со злоупотреба на функцијата на претседателката, оваа влада на ДПМНЕ ги става интересите на криминалците пред интересите на граѓаните.

Македонија се претвора во опасна држава, каде криминалците се ослободуваат без одговорност, каде правната држава е уништена и безбедноста на граѓаните е загрозена. Овие дилови со криминалното подземје ќе имаат далекусежни последици за целата држава. Македонија не може да биде правна држава додека криминалците прават што сакаат без никакви последици.

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Таравари: Не сум за остранување од работното место,но мерки мора да бидат преземени за случајот

Не сум за остранување од работното место,но мерки мора да бидат преземени за случајот со 14 месечното кое почина.

Не сум се слушнал со директорката на клиниката Козле, не сум за остранување од работното место,но мерки мора да бидат преземени ова утринава го изјави министерот за здравство Арбен Таравари за пропусти во начинот на кој било третирано 14-месечното бебе кое почина во Детската клиника, а претходно беше хоспитализирано во „Козле“.

Тој посочи дека претходно преку лекарската комора биле испратени насоки за тоа кои мерки треба да се преземат директорката на клиниката „козле“ во соопштение до медиумите тврдеше дека нема пропусти во начинот на кој било третирано 14-месечното бебе.

Русите тврдат дека зазеле две села во источна Украина

Русите тврдат дека зазеле две села во источна Украина, Укранците признаваат дека на фронтот има интензивни борби.

Руските сили ги зазедоа селата Серебријанка и Миколаивка во областа Доњецк во источна Украина, соопшти руското Министерство за одбрана, додека воените блогери известуваа за рускиот напредок во близина на клучните градови на фронтот.

Украинскиот Генералштаб соопшти дека неговите сили ги одбиле сите 12 руски напади во областа околу Серебријанка, на северната граница на регионот Доњецк. Се наведува дека жестоки борби ги зафатиле градовите на приодот кон Покровск, следниот клучен логистички град во континуираниот продор на руската војска кон запад во регионот на Доњецк.

Популарниот украински воен блогер DeepState вели дека украинските војници се соочиле со тешка задача да го одбранат Селидово, град југозападно од Миколаивка. Заземањето на Селидово би го отворило патот за руското напредување кон Покровск.

Претходно вчера, руските воени блогери известуваа за борбите околу Селидово и три други градови - Курахово и Хирник на југ и Торечко на североисток.

Руските сили, испратени во Украина во февруари 2022 година, напредуваа во септември со најбрзо темпо од март 2022 година и покрај тоа што Украина зазеде одредена територија по инвазијата на рускиот регион Курск во август.

притисни ентер