Дневен хороскоп за 24. октомври 2024 година

Дневен хороскоп за четврток, 24. октомври 2024 година. 

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете настроени да ја идеализирате саканата личност и да и припишувате особини кои таа ги нема во реалноста.

Кариера

Она што тргна , веќе е во подем , а на вас останува да ја следите зацртаната насока без премногу коментари.

Здравје и совет

Бидете економични.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Следува преоден пад на самодовербата , поради што малку ќе се повлечете во себе. Општо земено , односите ви се добри.

Кариера

Ќе препознаете финансики нестабилности , со кои ќе може да се изборите со помош на знаење. Ќе поработите на тоа.

Здравје и совет

Не сонувајте неможни работи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ни денеска нема да бидете целосно сигурни што е тоа што го очекувате од љубовта или од личноста што ви е драга.

Кариера

Кршејќи ги правилата , мислите дека напредувате, додека другите во тоа гледаат непочитување на луѓето околу вас.

Здравје и совет

Чувствителност на грлото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Доколку се впуштите во мали промени во односот , нема да бидете ниту доследни , ниту упорни до крај. Одржете ја сегашната состојба.

Кариера

Необични предлози во делот на финансиите ќе направат да се замислите за нив . Не се реални.

Здравје и совет

Чувствителност на нервите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Конфузијата што ќе зрачи од вас нема само да ја збуни саканата личност , туку и вас самите. Денеска бидете мирни.

Кариера

Тешко ќе соработувате со другите , зашто постојано ќе мислите дека се груби кон вас. Мора да останете професионални.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашиот партнер ќе замисли едно , а вие друго. Тешко ќе се усогласите , па затоа е добро да не очекувате премногу. Мирувајте.

Кариера

Разумот ќе ве однесе напред и со негова помош ќе надминете мала напнатост на работното место.

Здравје и совет

Емотивни фрустрации.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Чувствителноста на партнерот поврзана со вашето неразбирање , па дури и грубост , ќе го направи овој ден доста неизвесен.

Кариера

Ќе се трудите ништо да не биде ниту премногу , ниту премалку , но тоа ќе ви одземе голем дел од енергијата.

Здравје и совет

Одморете се попладне.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе ви биде важен сексуалниот живот. Ќе се обидете да го изненадите партнерот со некој новитет.

Кариера

Ќе контактирате со финансиски експерти за правилно да ги поставите работите и да ги свртите во своја полза.

Здравје и совет

Некои ќе имаат болки во стопалата.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе ви изгледа како што повеќе се трудите , работите стануваат се полоши. Обрнете внимание на спонтаноста.

Кариера

Многумина ќе се чувствуваат несигурно. За да ви биде подобро , концентрирајте се на своето стручно знаење.

Здравје и совет

Чувајте се од настинки.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Некои ќе се преобразат во вистински поети. Нивниот стил на изразување ќе ги стопи и најстудените срца.

Кариера

Можно е да одите на кусо службено патување на место каде што има вода. Ќе бидете реални и добро ќес е снајдете.

Здравје и совет

Не инсистирајте на детали.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашето однесување и денеска ќе биде такво што лицата од спротивниот пол со задоволство ќе ве прифаќаат во нивното друштво.

Кариера

Немојте во ништо да претерувате. Ситуацијата ќе ви оди во прилог , ако го следите природниот тек.

Здравје и совет

Мали нервози.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во она што вие би го сакале , владее голема мешаница. Нема да бидете јасни ниту за себе, а уште помалку за другите.

Кариера

Надредените ќе ве наведуваат на делување речиси во шаховски стил, а вие ќе ја предвидите нивната шема.

Здравје и совет

Подобро да останете пасивни.

Кузеска: Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците?

​Наместо веднаш да ја повлече скандалозната одлука за помилување на осудени криминалци и нарко босови, Силјановска Давкова без трепнување се обиде да ги измами граѓаните. 

Таа има дрскост да тврди дека „не знаела“ за криминалните досиеја на „интересни ликови“, префрлајќи ја одговорноста на Комисијата за помилување. Ова не е ништо друго освен класична манипулација и потценување на интелигенцијата на граѓаните, вклучително и на оние што гласаа за неа.

Но вистината е јасна – последниот збор за помилувањата го има Силјановска. Комисијата дава само мислење, а одлуката е исклучиво нејзина. Ова го потврди и член на Комисијата, кој недвосмислено ја лоцира одговорноста кај претседателката.

Во овој огромен скандал, клучна е и улогата на Министерството за правда. Министерот за правда од движењето ЗНАМ мора да одговори на едно јасно прашање: Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците и нарко босовите? Министерот за правда должи одговор пред граѓаните – зошто молчи, додека скандалот се разгорува? Дали тој лично се согласил со ослободувањето на луѓе кои ја загрозуваат безбедноста на Македонија?

Бараме од Кабинетот на Претседателката веднаш јавно да го објави мислењето на Министерството за правда, заради транспарентноста која толку многу ја ветуваа. Јавноста има право да знае дали има криминален дил на највисоките нивоа на власта.

Очигледно е дека учеството на ЗНАМ во оваа влада не е мотивирано од државотворни цели, туку од мрачни, криминални побуди. Наместо правда, гледаме неправда. Наместо борба против криминалот, сведочиме на директна заштита на криминалците и нарко-босовите.

Овие помилувања го разоткрија тесниот сојуз меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и подземјето. Силјановска нема срам што криминалците ѝ се заблагодаруваат јавно, затоа што ова е само исплата на долгови што власта ги има кон нив. Со злоупотреба на функцијата на претседателката, оваа влада на ДПМНЕ ги става интересите на криминалците пред интересите на граѓаните.

Македонија се претвора во опасна држава, каде криминалците се ослободуваат без одговорност, каде правната држава е уништена и безбедноста на граѓаните е загрозена. Овие дилови со криминалното подземје ќе имаат далекусежни последици за целата држава. Македонија не може да биде правна држава додека криминалците прават што сакаат без никакви последици.

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Таравари: Не сум за остранување од работното место,но мерки мора да бидат преземени за случајот

Не сум за остранување од работното место,но мерки мора да бидат преземени за случајот со 14 месечното кое почина.

Не сум се слушнал со директорката на клиниката Козле, не сум за остранување од работното место,но мерки мора да бидат преземени ова утринава го изјави министерот за здравство Арбен Таравари за пропусти во начинот на кој било третирано 14-месечното бебе кое почина во Детската клиника, а претходно беше хоспитализирано во „Козле“.

Тој посочи дека претходно преку лекарската комора биле испратени насоки за тоа кои мерки треба да се преземат директорката на клиниката „козле“ во соопштение до медиумите тврдеше дека нема пропусти во начинот на кој било третирано 14-месечното бебе.

Русите тврдат дека зазеле две села во источна Украина

Русите тврдат дека зазеле две села во источна Украина, Укранците признаваат дека на фронтот има интензивни борби.

Руските сили ги зазедоа селата Серебријанка и Миколаивка во областа Доњецк во источна Украина, соопшти руското Министерство за одбрана, додека воените блогери известуваа за рускиот напредок во близина на клучните градови на фронтот.

Украинскиот Генералштаб соопшти дека неговите сили ги одбиле сите 12 руски напади во областа околу Серебријанка, на северната граница на регионот Доњецк. Се наведува дека жестоки борби ги зафатиле градовите на приодот кон Покровск, следниот клучен логистички град во континуираниот продор на руската војска кон запад во регионот на Доњецк.

Популарниот украински воен блогер DeepState вели дека украинските војници се соочиле со тешка задача да го одбранат Селидово, град југозападно од Миколаивка. Заземањето на Селидово би го отворило патот за руското напредување кон Покровск.

Претходно вчера, руските воени блогери известуваа за борбите околу Селидово и три други градови - Курахово и Хирник на југ и Торечко на североисток.

Руските сили, испратени во Украина во февруари 2022 година, напредуваа во септември со најбрзо темпо од март 2022 година и покрај тоа што Украина зазеде одредена територија по инвазијата на рускиот регион Курск во август.

притисни ентер