Како татковците да го преживеат и поднесат првото момче на својата ќерка?

Знаевте дека нема да биде лесно, но не се надевавте дека ова ќе ги разбуди вашите најлоши кошмари.

Oдносот помеѓу таткото и ќерката е посебен и влијае врз градењето на самодовербата кај ќерката, но и на нејзиниот избор на партнери. Поврзаноста на ќерките со татковците е трајна, ќерките ретко ги напуштаат татковците, дури и тогаш кога се свесни дека тој не е добра личност. Додека мајките се грижат за храната, облеката и други секојдневни нешта, и нивното присуство се подразбира, татковците водат сметка за „покрупни“ работи, пред сè за парите. Тие често се идеализирана фигура која се појавува по завршените обврски и кога е време за игра и љубов. Повеќето татковци ги третираат своите миленички како принцези, нивните желби лесно ги исполнуваат, но нивните солзи тешко се поднесуваат.

Па сега замислете што се случува кога во таа идилична бајка, каде таткото витешки ја брани својата принцеза, од нигде никаде се појавува некој кој станува нов центар во светот за неговата мала принцеза.

На сите им е јасно, па дури и на татковците, дека постојат многу пресвртници во животот на секоја млада жена, а првото момче, секако, е една од многуте. Еве како татковците да се справат со овој важен предизвик.

Од витално значење е во оваа ситуација да покажете разбирање, да бидете смирени и да не дозволите вашиот заштитнички стремеж да прерасне во бес и издавање наредби. Тоа е многу тешко, но ова е линијата по која треба внимателно да газите!

Постојат два правци на овој пат: или вашата ќерка лично ќе ве запознае со своето прво момче, или ќе дознаете случајно и по грешка. Очигледно, подобро е таа лично да ве запознае со него, но вашата прва помисла во тој случај би можела да биде дека запознавањето по нејзина иницијатива може да значи дека врската е сериозна. Не паничете! Во секој случај, мора мирно да се справите со ситуацијата.

Ова зависи и од тоа колку години има вашата ќерка, но претпоставуваме дека е на возраст каде што е прифатливо да се има момче. Останете смирени и однесувајте се опуштено. Ако се среќавате со него за прв пат, бидете љубезни. Не мора да го третирате како свој одамна изгубен син, но треба да бидете пријателски расположени, со мала доза на авторитет кој е апсолутно дозволен за татковците, а дечкото е свесен за тоа. Ако сте љубезни и опуштени, па дури и се смеете во одреден момент од разговорот, не грижете се, тоа не значи дека сте „меки“ и дека повторно сте ѝ попуштиле. Ова ќе ѝ покаже на вашата ќерка дека ја почитувате нејзината личност и нејзиниот избор.

Еве неколку совети и насоки на порталот GoogMenProject за полесно да ја „преживеете“ оваа ситуација.

Не ѝ држете предавања!

Сте ѝ одржале многу предавања на разни теми, а таа веќе разговарала за тоа со мајка и, па не е добро при разговорот со вашата ќерка да инсистирате на тоа дека е премлада/премногу неодговорна/или дека не треба да има момче. Ова едноставно ќе ве оддалечи, ќе ве оттурне и ќе предизвика раздор во вашиот однос, а тоа на крајот повеќе ќе ве боли вас, отколку неа. Наместо тоа, треба да ѝ кажете дека очигледно не сте воодушевени поради тоа, но дека ја почитувате нејзината одлука и знаете дека таа е доволно одговорна за да биде внимателна.

Направете мало истражување

Никогаш не е на одмет да го проверите новиот убавец или да се распрашате за него. Секако, во дозволените граници! Денес може да се дознаат работи за луѓето од социјалните мрежи, па обидете да најдете некои информации за момчето таму. Ако се работи за некој од вашето соседство, тогаш ќе ви биде лесно да прашате за него соседи, познаници итн.

Охрабрете ја да биде отворена за својата врска

Доколку од почетокот покажете дека сте бескомпромисно против оваа врска, само ќе поттикнете тајност, криење и прикрадување, но и лажење. Кога тоа ќе се случи, никогаш не завршува добро, само непотребно се комплицира. Поради оваа причина, поттикнете ја вашата ќерка отворено да разговара за своето момче пред семејството. Поставувајте прашања, дури и ако ве боли, и бидете заинтересирани да дознаете повеќе за него.

Да се ​​биде татко на ќерка која штотуку го нашла своето прво момче не е лесно. Сепак, она што треба да го разберете и прифатите е дека вашата ќерка расте и таа заслужува малку повеќе доверба отколку што ѝ покажувате во тој момент. Затоа што потсвесно знаете дека нејзината среќа ви е најважна, па ќе ја преживеете оваа ситуација бидејќи очигледно неа ја прави среќна. Откако ќе го прифатите тоа, заедно со сите други неминовности што ги носи созревањето на вашата миленичка, ќе се ослободите од стравовите.

Или можеби овие стравови ќе се трансформираат во нешто друго, но јасно ви е дека додека сте присутен како родител, присутни се и грижите и стравовите, но ако се справите со нив на вистински начин, нема да ве оптоваруваат и во голема мера го деформираат односот со ќерката или децата. Тоа само ќе придонесе за подобра комуникација со нив и поголема меѓусебна почит.

Извор: ona.telegraf.rs

Холандската влада воведува построги мерки за азилот и контроли на границите

Холандија почнува да ги заострува законите за азил и планира во ноември да воведе гранични контроли, но нема да прогласи вонредна состојба за која се залага десничарскиот лидер Герт Вилдерс.

Вилдерс, чија партија освои најмногу гласови на изборите во ноември 2023 година, својот поостар став го објави вчера преку соопштение на мрежата X.

„Нема да има вонредна состојба, но веднаш ќе има построги мерки. Навистина сум среќен поради тоа“, објави Вилдерс на X.

Коалициските партнери со месеци дебатираат за построги правила за добивање азил во земјава. Вилдерс се надеваше дека ќе прогласи вонредна состојба за да спроведе строги мерки без одобрение од парламентот. Другите партии не се согласија, тврдејќи дека нема правна основа за тоа.

Според предложените мерки, статусот на барател на азил ќе важи најмногу три години во иднина. Коалицијата си постави за цел да ги врати сириските бегалци и да прогласи барем делови од Сирија за безбедни.

Оние кои добиле статус на бегалец во Холандија ќе имаат помалку права во врска со сместувањето.

Бројот на баратели на азил во земјата се стабилизира на околу 40.000 годишно. Но, тешко им е да најдат сместување, што делумно е резултат на кратењето на буџетот, а делумно и општата намалена понуда за сместување во Холандија.

Волстрит Журнал: Доналд Трамп води со 47 наспроти 45 отсто пред Камала Харис

Во социолошкото истражување се анкетирани 1.500 регистрирани гласачи, а дозволената грешка е во рамките на 2,5 проценти.

Поранешниот претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори во САД за помалку од две недели, Доналд Трамп има предност од 47 наспроти 45 во однос на одлуките за гласање против неговиот демократски противник и актуелен потпретседател Камала Харис, покажуваат резултатите од социолошката анкета објавена синоќа од американскиот Волстрит журнал.

Во социолошкото истражување се анкетирани 1.500 регистрирани гласачи, а дозволената грешка е во рамките на 2,5 проценти.

Претседателските избори во САД се на 5 ноември.

Нетанјаху: Откриено дека Хезболах подготвувал инвазија врз Израел

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел открил заговор за напад на либански Хезболах преку подземните тунели.

За францускиот CNews израелскиот премиер изјави дека нападот, доколку планот успеел, ќе бил многу поштетен од нападот на палестинскиот Хамас од Газа на 7 октомври минатата година.

-На двесте метри од границата ние најдовме тунели, тунели во кои се подготвуваше инвазија на Израел, напад уште поголем од 7 октомври, изјави Нетанјаху, пренесуваат израелските медиуми.

„Со џиппови, мотори, ракети, проектили. Тие ја планираа инвазијата“, додаде израелскиот лидер.

Претходно овој месец, Нетанјаху за весникот Фигаро изјави дека израелската војска во магацините за оружје на Хезболах пронашла софистицирана руска воена опрема.

притисни ентер