Нетанјаху: Откриено дека Хезболах подготвувал инвазија врз Израел

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел открил заговор за напад на либански Хезболах преку подземните тунели.

За францускиот CNews израелскиот премиер изјави дека нападот, доколку планот успеел, ќе бил многу поштетен од нападот на палестинскиот Хамас од Газа на 7 октомври минатата година.

-На двесте метри од границата ние најдовме тунели, тунели во кои се подготвуваше инвазија на Израел, напад уште поголем од 7 октомври, изјави Нетанјаху, пренесуваат израелските медиуми.

„Со џиппови, мотори, ракети, проектили. Тие ја планираа инвазијата“, додаде израелскиот лидер.

Претходно овој месец, Нетанјаху за весникот Фигаро изјави дека израелската војска во магацините за оружје на Хезболах пронашла софистицирана руска воена опрема.

Фон Дер Лајен на четиридневна турнеја низ западниот Балкан, денеска во Скопје

По Тирана шефицата на Европската комисија Фон Дер Лајен денеска е во Скопје, во рамки на четиридневната турнеја низ регионот.

Во Скопје Фон Дер Лајен ќе има средба со претседателката Силјановска Давкова и премиерот Мицкоски со кого ќе одржат заедничка прес конференција.

Настанот го следи Михајло Видимлиски.

Михајло кои се очекувањата за денеска, какви пораки се очекува да испрати Фон Дер Лајен?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Харден разочаран по поразот на Клиперс во новата арена

 Џејмс Харден е разочаран од пропуштената победа во првиот натпревар во новата арена на Лос Анџелес клиперс.

Ноќеска Клиперс загубија од Феникс санс по продолжение (113:116).

Натпреварот се одигра во новата арена на клубот „Интуит Доме“. Клиперси во најголемиот дел од мечот беа во водство, но на крајот не успеаја да победат.

- Толку сум разочаран што не ја добивме победата. Историски меч во Инглвуд, навивачите ги наполнија трибините и беа одлични, тие го направија своето, мора да се покажеме и ние, изјави Харден.

Тој беше најефикасен кошаркар на средбата, постигнувајќи 29 поени, 12 скока и осум асистенции.

Повторно се одложи судењето за незаконско реемитување на програмата на Канал 5

Повторно се одложи судењето за незаконско реемитување на програмата на Канал 5 .

Кривично се гонат Никола Тасев и Тотал Тв, повеќе од година и половина, според обвинението повредени се авторските и сродни права на телевизијата .

Денеска немаше претставник на Тотал Тв, ангажираната одбрана немала време да се подготви.

Судијката рече дека ова е последно одлагање, следното рочиште ќе продолжи без разлика дали ке биде присутен претставник на правното лице .

притисни ентер