Волстрит Журнал: Доналд Трамп води со 47 наспроти 45 отсто пред Камала Харис

Во социолошкото истражување се анкетирани 1.500 регистрирани гласачи, а дозволената грешка е во рамките на 2,5 проценти.

Поранешниот претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори во САД за помалку од две недели, Доналд Трамп има предност од 47 наспроти 45 во однос на одлуките за гласање против неговиот демократски противник и актуелен потпретседател Камала Харис, покажуваат резултатите од социолошката анкета објавена синоќа од американскиот Волстрит журнал.

Во социолошкото истражување се анкетирани 1.500 регистрирани гласачи, а дозволената грешка е во рамките на 2,5 проценти.

Претседателските избори во САД се на 5 ноември.

Русите тврдат дека зазеле две села во источна Украина

Русите тврдат дека зазеле две села во источна Украина, Укранците признаваат дека на фронтот има интензивни борби.

Руските сили ги зазедоа селата Серебријанка и Миколаивка во областа Доњецк во источна Украина, соопшти руското Министерство за одбрана, додека воените блогери известуваа за рускиот напредок во близина на клучните градови на фронтот.

Украинскиот Генералштаб соопшти дека неговите сили ги одбиле сите 12 руски напади во областа околу Серебријанка, на северната граница на регионот Доњецк. Се наведува дека жестоки борби ги зафатиле градовите на приодот кон Покровск, следниот клучен логистички град во континуираниот продор на руската војска кон запад во регионот на Доњецк.

Популарниот украински воен блогер DeepState вели дека украинските војници се соочиле со тешка задача да го одбранат Селидово, град југозападно од Миколаивка. Заземањето на Селидово би го отворило патот за руското напредување кон Покровск.

Претходно вчера, руските воени блогери известуваа за борбите околу Селидово и три други градови - Курахово и Хирник на југ и Торечко на североисток.

Руските сили, испратени во Украина во февруари 2022 година, напредуваа во септември со најбрзо темпо од март 2022 година и покрај тоа што Украина зазеде одредена територија по инвазијата на рускиот регион Курск во август.

Фон Дер Лајен на четиридневна турнеја низ западниот Балкан, денеска во Скопје

По Тирана шефицата на Европската комисија Фон Дер Лајен денеска е во Скопје, во рамки на четиридневната турнеја низ регионот.

Во Скопје Фон Дер Лајен ќе има средба со претседателката Силјановска Давкова и премиерот Мицкоски со кого ќе одржат заедничка прес конференција.

Настанот го следи Михајло Видимлиски.

Михајло кои се очекувањата за денеска, какви пораки се очекува да испрати Фон Дер Лајен?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Харден разочаран по поразот на Клиперс во новата арена

 Џејмс Харден е разочаран од пропуштената победа во првиот натпревар во новата арена на Лос Анџелес клиперс.

Ноќеска Клиперс загубија од Феникс санс по продолжение (113:116).

Натпреварот се одигра во новата арена на клубот „Интуит Доме“. Клиперси во најголемиот дел од мечот беа во водство, но на крајот не успеаја да победат.

- Толку сум разочаран што не ја добивме победата. Историски меч во Инглвуд, навивачите ги наполнија трибините и беа одлични, тие го направија своето, мора да се покажеме и ние, изјави Харден.

Тој беше најефикасен кошаркар на средбата, постигнувајќи 29 поени, 12 скока и осум асистенции.

притисни ентер