Прифатена ѝ е жалбата на Симона Халеп- казната од 4 години ѝ е намалена на само девет месеци

Романската тенисерка Симона Халеп доби деветмесечна суспензија од страна на Судот за спортска арбитража, наместо првобитната четиригодишна забрана поради допинг што ѝ ја изрече Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ITIA) во септември лани.

Халеп беше позитивна на забранетата супстанција роксадустат за време на УС Опен во 2022 година. Оваа супстанца го стимулира формирањето на црвените крвни зрнца.

Романската тенисерка била обвинета за второ прекршување на допинг во мај минатата година поради неправилности во биолошкиот пасош.

Халеп потоа ги негирала неправилностите и изјави дека планира да ја расчисти дамката од нејзиното име пред Судот во Лозана.

Романката (32) во кариерата освои 24 титули во сингл, вклучувајќи и два Грен слема. Во 2018 година победи на Ролан Гарос, а во 2019 година триумфираше на Вимблдон. Во текот на 2017 и 2018 година романската тенисерка помина 64 недели на врвот на ВТА листата.

Македонија има висока стапка на невработеност и сѐ поголем недостиг на работна сила

Земјава има висока стапка на невработеност и сѐ поголем недостиг на работна сила, ССМ бата повисоки плати.

Додека Министерството за економија и труд во наредниот период развива системски пристап за усогласување на понудата и побарувачката на работната сила на домашниот пазар, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) со порака дека недостигот на работна сила е резултат на ниските плати и злоупотреби од страна на газдите од Стопанската комора.

– Додека од една страна Македонија се соочува со висока стапка на невработеност, од друга страна сѐ повеќе работодавачи пријавуваат проблеми со наоѓање и задржување на работна сила, а секојдневно се огласуваат и испразнети работни позиции, посочи министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, на денешната конференција на Меѓународната организација на трудот (МОТ), на која беше презентирана студија за справување со недостигот на работна сила во земјава.

Како што истакна Дурмиши во своето воведно обраќање, студијата изработена од МОТ овозможува длабински да се навлезе во проблемот и претставува патоказ за негово решавање.

– Недостигот на работна сила е предизвик со кој се соочуваат се повеќе земји, особено во Европа, а кој не ja одминува ниту Северна Македонија. Додека од една страна се соочуваме со релативно високи стапки на невработеност и неактивност, од друга страна, секојдневно сѐ повеќе работодавачи пријавуваат проблеми со наоѓање и задржување на работна сила и се огласуваат испразнети работни позиции. Оваа студија и анализата на податоците спроведени од страна на Меѓународната организација на трудот ни овозможува длабински да навлеземе во проблемот и да креираме одржливи политики. Истовремено, тие претставуваат одличен патоказ за пристапот што треба да се применува во решавањето на оваа појава, истакна Дурмиши.

Министерството за економија и труд во наредниот период, вели Дурмиши, ќе се посвети на развивање и имплементирање системски пристап за да се усогласи понудата и побарувачката на работната сила на домашниот пазар и нагласи дека преку оперативниот план за вработување за следната година се предвидуваат шест милиони евра повеќе, отколку што биле предвидени во Буџетот за оваа година.

– Во наредниот период ќе се посветиме на тоа да развиеме и имплементираме системски пристап за справување со неусогласеноста на понудата и побарувачката на работна сила на домашниот пазар на труд и надминување на овој сериозен проблем со кој се соочува нашата држава. Потребата од квалификувана работна сила на компаниите ќе се потрудиме да ја обезбедиме преку имплементација на активни програми за вработување со одржување на годишните оперативни планови за активни програми во оваа насока, рече Дурмиши.

На конференцијата присутни беа и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов, како и директорката на МОТ за Централна и Источна Европа, Клер Харасти.

Според Трендафилов, недостигот на работна сила во земјава е резултат на ниските плати и злоупотребите на газдите од Стопанската комора.

– Да не заборавиме дека недостасува работна сила во Македонија поради ниските плати и злоупотребите на газдите од Стопанската комора кои ги прават веќе 34 години. Поради ниските плати работниците заминуваат од Македонија во некои други држави и да градат други економии и мислам дека тоа треба да биде најголемиот пораз за овие газди. За потсетување, толку што сме продуктивни им створивме огромен капитал, огромни богатства, а тие ги покрадоа компаниите во минатото, ги задржаа за себе… Ако вие ги плаќате мизерно, вие може да очекувате дека тие имаат пари за билет во еден правец, а тоа е надвор од Македонија, рече Трендафилов.

Директорката на МОТ, Харасти, пак, посочи дека студијата опфаќа три главни области, односно искористување на неискористената работна сила, зголемување на продуктивноста преку инвестирање во политиките за образование и подобри услови за работа, како и миграција на работна сила за избрани сектори.

– Потребно е да се искористи неискористената работна сила, така што оние луѓе кои сè уште не се активно вклучени на пазарот на трудот, но би можеле да се вработат. Станува збор за жени со обврски за згрижување деца, млади луѓе кои не се вработени, лица со попреченост и исто така голем број постари работници кои се во најдени во ситуација да не се доволно вработливи, но би можеле да бидат вратени на пазарот на труд. Втората област на политики што треба да се разгледа е да се зголеми продуктивноста преку инвестирање во политиките за образование и вештини, како и во подобри услови за работа за да можеме да ги затвориме овие недостатоци. И третата област која може да биде дел од решението е миграција на работна сила за избрани сектори, избрани професии, добро регулирана и уредна миграција со правични практики за регрутирање, истакна Харасти.

„iPhone 17 Pro“ ќе го красат шокантни промени во дизајнот

Според достапните информации, „Apple“ подготвува значаен редизајн за претстојните модели на „iPhone 17 Pro“.

Иако се очекуваше „iPhone 17 Air“ да биде најголемата тема на следната серија на „iPhone“ (поради неговата рекордна тенкост), моделите на „iPhone 17 Pro“ сепак би можеле да го преземат водството, затоа што се чини дека „Apple“ подготвува значителен редизајн.

Според извештаите, „iPhone 17 Pro“ и „Pro Max“ ќе се вратат на користење на алуминиумска рамка, напуштајќи го експериментот со титаниум по само две генерации.

Сепак, тука не завршуваат шокантните информации кога станува збор за дизајнот на новите „iPhone“ модели. Наводно правоаголната испакнатина за камерите на задната страна, ќе биде направена од алуминиум наместо од стакло.

За крај како шокантна се споменува дека горната половина од задната страна на уредот ќе биде изработена од алуминиум, додека долната половина од стакло. Стаклената долна половина ќе му овозможи на „Apple“ да продолжи да поддржува безжично полнење.

Испакнатината на камерата ќе биде поголема од онаа на претходните модели, но тоа не е изненадување бидејќи ова е тренд веќе некое време.

Доколку сите овие информации се остварат, тоа ќе бидат најголемите промени во дизајнот што ги доживеале некои од врвните модели на „iPhone“ на „Apple“ во последните години.

Извор: Б92

Руската рубља падна на најмала вредност од почетокот на војната во Украина

Руската Централна банка го утврди курсот на рубљата на повеќе од 105 рубљи за еден американски долар, што е нејзината најслаба вредност од првите денови на руската инвазија на Украина во 2022 година.

Падот на рубљата доаѓа во услови на нов бран санкции насочени кон Газпромбанк и зголемени тензии со Западот, како и поради политиката на Кремљ која се чини дека фаворизира послаба валута.

Министерот за финансии, Антон Силуанов, изјави дека девалвацијата е „многу, многу поволна“ за руските извозници. Слабата рубља им овозможува на руските власти поефикасно финансирање на војната во Украина преку намалување на реалните трошоци за оружје и плати на војниците, пишува Москоу Тајмс.

Аналитичарите го поврзуваат падот на рубљата со неодамнешните санкции на САД насочени кон Газпромбанк и уште 50 меѓународно поврзани руски банки, како и со зајакнувањето на доларот по претседателските избори во САД.

На меѓународниот девизен пазар, рубљата падна на 107 во однос на доларот и 113 во однос на еврото. Централната банка го утврди курсот на рубљата на 110.49 во однос на еврото за денеска.

Слабеењето на рубљата ја намалува куповната моќ на руските граѓани, зголемувајќи ги цените на увозните производи.

притисни ентер