Преспанскиот договор инспирација за Сакеларопулу,Оланд и Лефвен

Преспанскиот договор инспирација за грчката претседателка Сакеларопулу, за поранешниот претседател на Франција Оланд и за порашениот премиер на Шведска Лефвен.

Завршната сесија со која вечерва завршува првата Меѓународна конференција за мир и одржлив развој во по повод 6 години од Преспанскиот договор, во организација на Институтт Алексис Ципрас и Фондацијата Заев, ги вклучува и учеството на повеќемина актуелни, поранешни шефови на држави и влади од Европа и светот, како и десеттици актуелни и поранешни претседатели и еврокомесари на ЕУ и на други меѓународни организации.

Вечерва во атинскиот конзерваториум, каде што се одржува конференцијата, свое присуство најави и претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, која ќе проследи настапите на поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, поранешниот премиер на Шведска Стефан Лефвен, земаничката претседателка на Владата на Шпанија Јоланда Диаз, како и поранешните премиери и креатори на Преспанскиот договор Алексис Ципрас и Зоран Заев.

Темата на завршната дебата на конференцијата е „Иднината на Европа“.

Претседателот на Кенија го повлече законот за зголемување на данокот

Претседателот на Кенија, Вилијам Руто денеска најави дека нема да го потпише законот за зголемување на даноците еден ден по немирите во кои демонстрантите упаднаа во зградата на Парламентот, при што загинаа 22 лица.

Руто истакна дека предлог-законот предизвикал „општо незадоволство“ и оти ги слушал граѓаните и се „согласил“ со нив. Тој протестот го нарече предавнички.

Лидерот на кениската опозиција Раил Одинга го осуди убиството на демонстрантите и грубата сила на власта и повика на дијалог. /МИА

Шефот на израелската дипломатија го нарече турскиот претседател „воен злосторник“

Шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, во објава на платформата „Х“ го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „воен злосторник“.

Кац напиша дека Ердоган „ја објави својата поддршка за Хезболах против израелската закана. Ердоган е воен злосторник кој убива невини Курди долж сириската граница и се обидува да му го одземе правото на Израел на самоодбрана од терористичка организација која напаѓа од Либан по иранска наредба“.

Турскиот претседател денеска изрази солидарност со Либан поради зголемените тензии со Израел и ги повика и другите земји во регионот да го сторат истото, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Во својот говор Ердоган го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ментално болен“. /МИА

притисни ентер