Поранешниот американски претседател Џими Картер наполни 100 години

 Поранешниот претседател на САД, Џими Картер денеска наполни 100 години и стана првиот претседател кој го прославил тој роденден.

Картер беше претседател од 1977 до 1981 година, а во последните 19 месеци се наоѓа во болница во неговата родна држава Џорџија, пишува Би-Би-Си.

Поранешниот фармер, кој првпат влезе во политиката во 1960-тите како државен сенатор, „емотивно е ангажиран и сè уште има искуства, се смее и сака“, рече во септември неговиот внук Џејсон.

Според медиумите, овој стогодишник се уште има политички амбиции.

Трендафилов: Некоректно и е 25.000 работници да примаат плата од 22.567 денари

Синдикатите воздржани, бизнисот генерално незадоволен од работата на првите 100 дена од владата. 

Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека очекувале досега да седнат на маса со владата и да разговараат за сите важни прашања. Не отстапуваат од барањето за минимална плата од 450 евра..

Прв академски час на универзитетитот „св. Кирил и Методиј“

Со индексите в рака бруцошите го направија првиот чекор кон остварување на своите кариерни соништа.

Денеска започна новата академска година низ универзитетите ширум државата, а на платото пред универзитетот св. Кирил и Методиј со доделување на индексите на најдобро рангираните студенти свечено се одбележа првиот академски час. Идните академски граѓани кои ги анкетиравме очекуваат успешни студии, а најголемиот дел од нив велат дека иднината си ја гледаат во државата.

- Иднината ја гледам овде и сакам да студирам во оваа моја држава. Ќе бидам студент на правниот факултет и ќе ми биде мило да бидам овде. ,

- Сметам дека во странство имам повеќе прилики, можеби би останала тука но сега за сега плановите се дефинитивно странство.

- Јас лично би останала тука, затоа што сум носталгична личност и би сакала да придонесам за Македонија и за себе лично така да би останала тука.

Големи желби за успех на бруцошите им посака ректорката на УКИМ Билјана Ангеловска. Пред новите студенти говореше и премиерто Мицкоски и Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која им порача дека учењето е најдобрата инвестиција во животот и дека посакува секој од нив да остане во државата.

-Ви благодарам што го одбравте најдобриот универзитет. Посакувам да почнеме да се качуваме по Шангајската листа, посакувам да ја преиспитаме мрежата на огромниот број студенти, посакувам да ги лоцираме парите во најдобрите универзитети, посакувам да ве заджриме бидејки подобра инвестиција од оние кои се најдобри нема. - Гордана Сиљановска-Давкова – претседателка на Македонија.

-Природно е на почетокот на нешто ново да се измешаат чувствата на возбуда и немир, но запомнете дека секој предизвик со кој се соочувате е можност за раст. Не плашете се да поставувате прашања. Побарајте помош кога ви е потребно. Растот не се случува кога работите се лесни, туку кога се предизвикуваме себе си да бидеме подобри и подобри. - Билјана Ангелова – ректорка на УКИМ.

Но амбицијата на дел од бруцошите и големата прослава за нивниот влез во академскиот свет не ги сокрија поразителните податоци од последното истражување на Центарот за граѓански комуникации, кое покажува дека бројот на студенти во Македонија се намалил за над 7000 или за 12% во последните 10 години, додека постојано се зголемува бројот на наставници и соработници.

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Околу 340 илјади пензионери го добија првиот дел од ветеното линеарно покачување.. 

На сите, без разлика на која група припаѓаат, со денешната септевриска пензија им легнаа плус 2.500 денари, а според најавите од Владата од март следната година, ќе добијат уште плус 2.500..

Пензионерите кои ги анкетиравме се задоволни што има покачување, иако некои сметаат дека поправедно е тоа да се прави процентуално..

„Ако споредам со процентуалното ова е на некој начин задоволувачки, 2 500 не се за потценување...“

„Не е во ред. Сме вложувале повеќе додека сме работеле, сега линеарно, али добро таква е одлуката.“

„На 150 илјади плата ми зимале само за здравство 5000 не сум задоволен ама тоа е тоа.“

„Добро е сигурно, ние имаме добри пензии и не мораше ова. За нас баш не одговора но ако нека се покачат за сите, нека осетат ....“

Од Здружението на пензионери кои минатата година во повеќе наврати излегоа на протести, а токму линеарното покачување на пензиите беше едно од нивните главни барања, денеска во изјава за Канал 5 велат, пензионерите се задоволни, но не застануваат – следен чекор се законски измени за, како што велат достоен живот.

„ Ќе ги добиеме тие 5 000 деанри но не застануваме тука, продолжуваме со поднесен нов закон од наш претседател на иницијативниот одбор..Ќе бараме да биде врзната пензијата минимална со минималната просечна плата од 70 %, а не како до сега 50 % што има. Јас сега со овие 2 500 денари одам во аптека ќе си ги купам лековите што ми требат, а пензијата ќе ја користам за храна, облека..“- изјави Верче Јанчевска – Здружение на пензионери.

Денешната исплата на повисоките пензии ги заокружи и 100 те дена нова Влада, за што премиерот Мицкоски на прес конфренција, рече дека ќе продолжат да работат во насока на подобрување на животниот стандард и повисоки примања за сите.

За ова предизборно ветување на новата власт парите се веќе обезбедени со ребалансот на буџетот. Месечно за зголемените пензии ќе се одвојат околу 14 милиони евра, додека до крајот на годината ова зголемување ќе ја чини државната каса околу 41 милион евра.

Дел од економските аналитичари изминатиов период алармираа дека промената на моделот кон линеарно зголемување, наместо кон закрепнување ќе донесе продлабочување на дупката во фондот за пензиско, која со години се покрива со пари од буџетот.

притисни ентер