Полска го презема претседавањето со ЕУ

Варшава за време на своето шестмесечно претседавање со советот на ЕУ планира да се посвети на седум димензии на концептот за поголема безбедност на Унијата. 

По Унгарија од денеска Полска го презема шестмесечното претседавање со Унијата под мотото „Безбедност, Европа!“

Варшава за време на своето шестмесечно претседавање со советот на ЕУ планира да се посвети на седум димензии на концептот за поголема безбедност на унијата.

Безбедносната мултидимензионалност на која планира да работи Полска ќе биде насочена кон зајакнување на надворешната, внатрешната, кибер, економската, енергетската, прехранбената и здравствена безбедност на ЕУ и нејзините граѓани.

При презентацијата на приоритетите на претседавањето со Полска, полскиот премиер, Доналд Туск, кој инаку беше претседател на Европскиот совет од 2014 до 2019 година, изјави дека Варшава ќе работи на овие седум сфери на безбедноста во услови на период на предизвици за ЕУ поврзани со „кризите во украина и на Блискиот исток и случувањата во Грузија“.

Од таму, варшава ќе се фокусира на максимално зголемување на поддршката за Украина, одржување на сегашните политики на ЕУ кон Русија и Белорусија и на зајакнување на безбедноста и отпорноста на унијата и нејзините партнери.

Притвор за 23- годишен педофил од Желино- нападнал 11 годишно дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 23-годишно лице, бидејќи постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 23-годишно лице, бидејќи постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години, кривично дело казниво според член 188 став 5 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 2 јануари во вечерните часови, го запрел 11-годишното дете и на сила го одвлекол во објект во изградба во близина на неговиот дом во Желино, па започнал пред него да врши други полови дејствија. Детето повикало за помош, но осомничениот не му дозволувал да замине, се додека повиците не ги слушнал таткото на детето и му се спротивставил, по што осомничениот се дал во бегство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот на обвинителството и донесе Решение со кое му определи притвор во траење од 30 дена, соопштуваат од Обвинителството.

Први снимки од крвавата пукотница во Вашингтон, полицијата го блокира градот (ВИДЕО)

Четворица мажи и една жена се ранети во пукотница што се случила во вчера вечерта по локално време во Вашингтон.

Според полицијата три лица се пренесени во болница, додека две сами дошле во болница.

Според локалните медиуми, пукањето се случило на Хари Томас Веј, кој се наоѓа во близина на Универзитетот Галодет.

Полицијата добила дојава околу 20:15 часот по локално време. Кога патролите пристигнале на местото на настанот, затекнале двајца мажи и една жена со прострелни рани.

Тие се префрлени во болница во тешка, но свесна состојба. Подоцна, двајца други мажи дошле во болница и исто така биле застрелани на истото место.

Според првите информации, сите ранети во престрелката се познаваат. Засега се верува дека мотив за злосторството се нејасни врски.

Полицијата ја опколи целата област.

Блинкен во посета на Сеул среде политичка криза во Јужна Кореја

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска треба да пристигне во Јужна Кореја, која е зафатена од политичка криза.

Блинкен ќе се сретне со својот јужнокорејски колега Чо Те-џул за да разговараат за „сојузот меѓу Јужна Кореја и САД, соработката со Јапонија, прашањата поврзани со Северна Кореја, како и за регионалните и глобалните предизвици,“ соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.

Посетата доаѓа во период на политички хаос во Јужна Кореја, откако претседателот Јун Сук-јеол на 3 декември воведе воена состојба, која Парламентот набрзо ја поништи. Обидот за негово апсење беше спречен од неговата лична заштита.

По посетата на Јужна Кореја, Блинкен ќе отпатува за Јапонија, а потоа и за Франција, каде што ќе разговара за војната во Украина и кризата на Блискиот Исток.

притисни ентер