Иако крајот на мечот за титулата го дочека на клупата за резерви поради пет лични грешки, Пислевска да оствари одлични индивидуални бројки.
Во победата над Бадел (81:64) во вчерашното финале на дводневниот завршен собир на најдобрите во М16 лигата, за 34 минути на теренот во СРЦ „Кале“, Пислевска реализираше 19 поени, имаше десет скока, осум асистенции и седум освоени топки, за индекс – 26.
Сличен беше нејзиниот ефект и во полуфиналниот натпревар, во кој Вардар беше убедливо подобар од Тим Арена. Таа за 23 минути во игра, даде 20 поени, освои девет топки, имаше седум скока, три асистенции, за индекс – 33.