Перински: Децентрализација на власта останува најважен принцип

Шефот за соработка од Делегацијата на ЕУ во нашата земја, Стефен Худолин, кажа дека состанокот е добра можност за мултивмрежување.

Подобрувањето на функционалноста на локалните самоуправи и дигитализација на услугите беа во фокусот на отворањето на дваесет и третиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК).

Во рамките на првата тема „Развој во процесот на пристапување на Република Македонија кон ЕУ“ од состанокот што се одржува во Скопје, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, истакна дека е приоритет да се подобрат условите за живеење во сите општини.

-Децентрализација на власта останува најважен принцип, приоритет е да се подобри функционалноста на локалната самоуправа. Предвидено е до крај на 2026 да бидат создадени сите предуслови за дигитализација на пакет услуги, рече министерот.

Шефот за соработка од Делегацијата на ЕУ во нашата земја, Стефен Худолин, кажа дека состанокот е добра можност за мултивмрежување.

-Овој состанок е во важен момент. Во клучен момент за иднината на ЕУ. Потребна е политичка волја за влез во ЕУ. Веруваме дека сцената е наместена. Она што треба да продолжи се реформите, посочи тој.

Патрик Молиноз, претседателот на Комисијата CIVEX (Комисија за државјанство, владеење, институционални и надворешни работи при Европскиот Комитет на региони, потенцираше дека е неопходно да се форсира децентрализацијата.

-Сами не сме ништо, може да растеме во светот само ако се залагаме и градиме посилна ЕУ. Децентрализацијата мора да се форсира и да биде главен дел од процесот за локалните самоуправи да добијат средства да ги остварат целите, рече тој.

Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, заедно со Министерството за локална самоуправа на Република Македонија се домаќини на дваесет и третиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК). Делегатите во ова тело се од редовите на градоначалници и советници од нашата земја и од земјите на Европската Унија.

Втората тема на овој состанок е посветена на „Дигитална транзиција, особено во локалните и регионални јавни услуги“ кога пред присутните ќе се обратат заменик министерот за дигитална трансформација во нашата земја, Радослав Настасијевиќ Варџински, известителот на Комитетот на региони за Зајакнување на локалната власт и претставничката демократија преку нови инструменти за дигитална технологија, Раит Пиџеглас, претставници од НАЛАС и од АЛДА.

Заедничкиот консултативен комитет помеѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК) го сочинуваат вкупно 22 делегати, односно по 11 делегати од двете страни, при што се избираат и нивни заменици, сите од редовите на градоначалници и советници. Со ова тело, кое одржува најмногу два состанока во текот на една година, од кои едниот во Брисел, а другиот во Скопје, заседаваат двајца ко - претседавачи. Актуелен ко- претседавач од нашата земја е Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје, а од страна на Комитетот на регионите е Јасна Габриќ, член на Собранието на Општина Трбовље (Република Словенија) и член на Европскиот Комитет на региони. ЗКК е воспоставен уште во 2008 година, со цел да ја подготвува основата за проширување на ЕУ преку унапредување на политичкиот дијалог и соработка меѓу локалните и регионалните власти.

Катастрофални поплави во Шпанија, има голем број загинати и исчезнати

Најмалку 60-етина се загинати во страшното невреме проследено со бури и поплави, кои го зафати источниот и јужниот дел на Шпанија. 

Десетици се водат како исчезнати, во чија потрага се вкличиле околу 1.000 војници. Најпогодени се медитеранските региони Андалузија, Мурсија и Валенсија, кои се мошне популарни кај туристите. состојбата е страотна, откорнати кровови, однесени автомобили од надојдените води.

На многу места поплавени се и куќи и полиња, но и продавници. на објавените снимки може да се забележи како заглавени граѓани насилно се обидуваат да скршат излози за да спасат жива глава.

На истокот од земјата Наврнале и до 200 литри на метар квадратен, додека во југоисточните реони наврнале над 100 литри дожд. затворени за сообраќај се неколку автопати и локални патишта, а проблеми има и со воздушниот и железничкиот сообраќај. Брз воз со речиси 300 луѓе излетал од шините во близина на Малага, но за среќа немало повредени. Во многу училишта но и универзитети била прекината наставата. Жителите од погодените реони ужаснати од силното невреме.

-Куќата на влезот на градот едноставно исчезна по поплавите. Во неа има најмалку две лица кои се заглавени, а надлежните се уште не знаат каде се.

-Водата од реката дојде до ова ниво, можеше да ми ги покрие глуждовите. Потоа, не можеше да се движите тука. Водата беше до ова ниво, не можеше да се види мостот.

-Тука не врнеше дожд, поројната поплава дојде од планината. Со себе носеше дрвја, гранки и се останато во исто време. Водата дојде многу брзо и силно.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез рече дека владата ќе им помогне на сите погодени од силната бура

-Десетици домови се поплавени и многу мостови се уништени од поплавата. Приоритет е да им се помогне на сите погодени од ова невреме, а екипите на терен напорно работат и ќе дадеме се од себе да се опоравиме од оваа трагедија. Никој нема да биде оставен сам на себе. изјави, Педро Санчез – премиер на Шпанија.

Властите предупредија дека неповолните временски услови ќе продолжат и го повикаа месното население на претопазливост.

Инаку, метеоролозите анализираат дека во Шпанија се случил феномен познат како „ладна капка“.

Според познавачите, до тоа доаѓа кога ладниот воздух минува преку топлите води на Средоземното Море. Ситуацијата води кон атмосферска нестабилност, предизвикувајќи кревање на топол, заситен, воздух и создавање на облаци кои носат обилни дождови.

Државните правобранители бараат повисоки плати, или ќе ја блокираат експропријацијата

Државните правобранители кои работат на предметите за експропријација на земјиштата за коридорот 8 бараат додаток на платите од 30%, во спротивно 11ти идниот месец најавуваат штрајк, а со тоа и стопирање на експропријацијата. 

Ова го најавија пред судот во Гостивар, од каде посочија дека почнуваат со двочасовни протести се додека не го добијат покачувањето.

Од УПОЗ апелираат Владата што поскоро да го разгледа ова барање, со цел да не се стопираат работите на коридорот.

- Апелираме Владата да не слушне и веднаш да почнеме постапка со која би го решиле овој проблем, доколку истата не започне на 11ти ноември вработените во сите единици на правообвинителството ќе започнат со штрајк, доколку започнеме со штрајк ниту една експропријација нема да се работи и ќе нанесеме огромна штета на државата и граѓаните.- Трпе Дејаноски – претседател на УПОЗ.

Според Дејаноски со овој револт на државните правобранители, останува неизвесно дека сите постапки за експропријација ќе бидат готови до нова година, како што најави директорот на државни патишта Коце Трајановски.Тој вели дека владините претставници токму од Гостивар пред два дена посочиле дека работата околу експропријација е 50% завршена, и нејасно е зошто вработените добиваат плата која е под секое достоинство. Дејаноски нагласи дека станува збор за 118 правобранители чија просечна плата изнесува околу 28.000 денари.

- Само вработени од одделението во Гостивар кои се 10 на број од почетокот на годината до денеска имаат завршено 1300 предмети за експропријација и уште 2500 до 3000 други предмети по други основи. Наместо плата добиваме само пофалби и тапкање по рамо а платата што ја носиме дома е далеку под секое достоинство. Бараме државата да одвои барем малку од оние огромни средства кои се наменети за изградба на автопатиштата и дел од тие плати и додатоци да пренамени за вработените во обвинителството,- Трпе Дејаноски – претседател на УПОЗ.

Дејаноски објаснува дека одобрувањето на додатокот на платата кој го бараат е во надлежност на државниот правобранител кој бил именуван вчера. Затоа нараат нивните барања да бидат разгледани што поскоро од владата до каде досега упатиле некоку барања за средба, но одговор се уште не добиле.

Економски експерти: Проекцијата за буџетот за следната година е преоптимистичка

Проекцијата за новиот Буџет за следната година е преоптимистичка - тоа е добра најава, но сепак и годинава загрижува расходната страна, оценува економскиот аналитичар Абил Бауш.

Очекува стабилизација на инфлацијата, но вели со вакви неоперативни трошења можен е скок на прокетираната инфлација и со тоа ќе се наруши и економскиот раст. Бауш вели потребна ни е реформа и поголема реализација на капитални инвестиции, која доколку се случи ефектите ќе почувствуваат за две три години.

„Расходната страна е некако ноперативна никако не успеавме барем таму да направиме некоја реформа, да имаме некој развоен буџет. Занете ептен трошења на некој не оперативни работи, а од друга страна барате да имате економски раст и развој. Тука е таа замка на која што ние секоја година влегуваме па потоа ќе ни треба да направиме ребаланс, па од тој ребаланс пак да намалуваме капитални инвестиции тука е таа поента која ние секогаш ја губиме. “-изјави Абил Бауш – економски аналитичар.

Буџет 2025 година:

Расходи – 6,5 милијарди евра

Приходи – 5,8 милијарди евра

Дефицит – 680 милиони евра

Капитални инвестиции – 813 милиони евра

Во предлог буџетот, владата планира да потроши 6,5 милијарди евра, а да собере 5,8 милијарди, односно дифицититот ќе биде речиси 700 милиони евра.. на високо ниво се прокетирани и капиталните инвестиции годинава, нешто над 800 милиони евра.

Предвидени се и повеќе пари за плати во јавниот сектор, а премеиерот Мицкоски најави дека освен договореното покачување за вработените образование, повеќе пари ќе има и во МВР, одбрана , високото образование, како и здравствените работници.

„Очекувам понеделник вторник следна недела да седенеме на маса со синдикатот за здравство да постигнеме со нив договор кој ќе биде дел од колективниот договор..... Во високото образование добиваат 30 % согласно колективниот договор, така што генерално пензионерите, младите, здравствство, образование, МВР и одбрана секако добиваат според колективниот договор... “ -изјави Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Средства во буџетот се предвидени и за мартовското линеарно зголемување на пензиите, од дополнителни 2 500 денари. Според надлежните буџетот за следната година содржи политики и мерки за фискална консолидација и дисцилинирано даночно трошење, како и мерки и политики за поттикнување на економскиот раст, кој е проектиран на ниво од 3,7 %, буџетски дефицит на 4 % и инфлација од 2,2 %.

притисни ентер