Претседателката Сиљановска Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2024 година

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава за 2024 година. 

Претседателката Сиљановска Давкова оцени дека извештајот претставува објективна слика, потсетник и патоказ за реформските приоритети и областите во кои е неопходен натамошен напредок и изрази надеж дека дава избалансирана оценка на севкупните достигнувања на земјата.

На средбата, претседателката истакна дека македонските институции ќе посветат внимание на препораките и насоките од извештајот, додавајќи дека во моментов со сите капацитети се фокусираат на доследно спроведување на реформите во клучните области, на економско закрепнување и справување со корупцијата.

Таа го поздрави Планот за раст потенцирајќи дека од суштинско значење е да се покаже неговата ефективност преку забрзување на реформите, искористување на целосниот потенцијал и максимизирање на придобивките за нашите граѓани и економија, што ќе влијае на ублажување на разочарувањата доживеани во текот на долгиот процес.

На средбата со амбасадорот Рокас, претседателката изрази очекување дека новиот пристап на постепена, фазна интеграција ќе продолжи паралелно со процесот на пристапување, што ќе придонесе за поголема вклученост на земјата во процесите, политиките и програмите на ЕУ и ќе помогне за зголемување на севкупната подготвеност и поефикасно преземање на обврските од идното членство.

Таа ја посочи важноста од објективна евалуација на спроведувањето на реформската агенда и забрзување на македонските евроинтеграции врз основа на принципот на заслуги и Копенхагенските критериуми.

Претседателката истакна дека полноправното членство во ЕУ е наша стратешка цел и не гледаме друга алтернатива и ја нагласи важноста од фер процес на пристапувањето во ЕУ, во кој ќе се почитува националната гордост и националниот идентитет на македонските граѓани,соопштуваат од Кабинетот на претседателката.

Расте бројот на загинати во поплавите во Шпанија, речиси сите жртви се во Валенсија (ВИДЕО)

Најмалку 73 лица загинаа во најголемата поплава на векот во Шпанија.

Според извештајот до 18 часот, 70 лица загинале во Валенсија, едно во провинцијата Малага и две во Кастиља-Ла Манча.

Министерот за територијална политика, Ангел Виктор Торес, прогласи тридневна жалост и најави дека владата ќе го прогласи подрачјето за „силно погодено“ од студениот фронт и вети дека ќе ги мобилизира „сите национални и европски ресурси“ за помош.

Министерството за одбрана ангажира воздухопловни сили, воени психолози и специјално обучени кучиња за пронаоѓање на жртвите. Десетици луѓе ја поминаа ноќта во Валенсија над камиони или автомобили, на покривите на продавници или бензинските пумпи или беа заробени во возилата на пренатрупани патишта додека спасувачите не ги извлекоа.

Обилните дождови предизвикаа прекини на електричната енергија кои погодија 140.000 луѓе, затворени патишта и прекинати брзите железнички услуги меѓу Мадрид и регионот на Валенсија и медитеранскиот коридор до Барселона. Невремето сега се движи кон Каталонија, Арагон, Екстремадура, Навара и западна Андалузија, каде Кадиз е под црвено предупредување за ризик од обилни врнежи.

Варџиски: Нашиот пристап во дигитализацијата е ориентиран кон потребите на граѓаните

“Формирањето на Министерството за дигитална трансформација е стратешки чекор кој ја потврдува определбата на Владата да ја постави дигитализацијата како еден од своите највисоки приоритети.“

„Нашиот пристап е ориентиран кон потребите на граѓаните и токму затоа со интегриран систем сакаме да го олесниме пристапот на корисниците до онлајн услугите за граѓаните, до информациите поставени на официјалните веб страни на министерствата и Владата, како и да ја убрзаме и подобриме размената на податоци помеѓу институциите.” истакна Заменик министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски на дваесет и третиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК), во рамки на втората тема посветена на „Дигитална транзиција, особено во локалните и регионални јавни услуги.

“Во таа насока работиме на создавање единствена централизирана и унифицирана платформа на владини веб страници, кои ќе бидат заштитени преку еден софистициран систем, ќе бидат оптимизирани, и со поголема пристапност за лицата со попреченост. Наскоро ќе следи и редизајн на порталот uslugi.gov.mk согласно последните трендови и практики, со тенденција да стане единствена точка помеѓу јавните услуги во државата и граѓаните, а притоа да биде интуитивен и лесен за употреба.” истакна Варџиски.

Тој потсети дека преку апликацијата на програмата “Дигитална Европа” за изработка мобилна апликација за мобилни услуги – Супер апликација ЕЛИ се движиме кон револуционерна демократизација на јавните услуги.

“Со оваа апликација ќе се отвори можност за воведување на ИД - паричник, дигитална верзија на лични карти и возачките дозволи со кои граѓаните ќе се идентификуваат при користење на дигитални услуги преку својот мобилен телефон, а истата ќе биде поврзана и со порталот uslugi.gov.mk.” додаде тој.

Варџиски појасни дека со отворање на нови Центри за услуги на повеќе локации, услугите кои се достапни на порталот uslugi.gov.mk ќе бидат уште поблиску до граѓаните и на дофат на оние кои немаат техничка можност и вештини самите да гo користат порталот.

“Иако предизвиците се навистина големи, имаме јасна визија и конкретен план како да ги надминеме. Со систематски пристап и посветен тим, можеме да изградиме дигитален екосистем кој ќе ги следи последните технолошки трендови и успешно ќе им служи на граѓаните и на државата.” потенцираше Варџиски, се наведува во соопштението.

Наумовски: Веќе 20 години ги добиваме истите забелешки од ЕК

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски вели дека забелешките во извештајот се очекувани, но дека Македонија и другите земји од Западен Балкан со години ги добиваат истите критики во извештаите. 

Според него, најголемиот проблем на евроинегративниот пат на Македонија е билтеларниот спор со Бугарија.

Нашиот проблем во преговорите не е неисполнувањето на критериумите, туку билатерланото прашање со Бугарија, вели Наумовски и додава дека ЕУ не најде решение да спречи вето наметнато поради билатералено прашање.

Ако Борисов формира влада во Бугарија, може да се надеваме на добар епилог, смета Наумовски.

Со него разговараше Андријана Лазова Божиновска.

притисни ентер