Њукасл потпиша со 17-годишен напаѓач од Грузија

Премиерлигашот Њукасл објави потпис на договор со 17-годишниот грузиски напаѓач Вахтанг Салија.

Младиот фудбалер е член на Динамо Тбилиси.

Договорот на Њукасл со играчот, чие времетраење не е прецизирано, ќе стапи на сила на 31 август, веднаш откако играчот ќе наполни 18 години.

Салија потекнува од фудбалската школа на Динамо Тбилиси. Тој постигна шест гола и две асистенции на 32 натпревари за тимот.

Нема нуклеарен ризик по пожарот во британското бродоградилиште во Камбрија

Две лица се примени во болница по пожарот што избувна во бродоградилиште во Камбрија, каде што се произведуваат британски подморници на нуклеарен погон, но нема нуклеарен ризик, соопшти денеска англиската полиција.

Полицијата во Камбрија соопшти дека кратко по полноќ во бродоградилиштето BAE Systems во Бароу-ин-Фернес, северозападна Англија, избувнал голем пожар, пренесуваат американските медиуми.

На социјалните мрежи во текот на ноќта беа прикажувани снимки што покажуваа пламен во зградата на бродоградилиштето и како се слушаат звуци на алармот за помош.

Полицијата соопшти дека две лица се пренесени во болница заради вдишување чад, но дека нема потешко повредени.

На жителите од Камбрија им е препорачано да останат внатре и да ги затворат прозорците и вратите.

Ова бродоградилиште старо 150 години, што се наоѓа на околу 350 километри северозападно од Лондон, моментално гради неколку подморници на нуклеарен погон за Кралската морнарица.

Во него, исто така, беа конструирани и четирите подморници на Обединетото Кралство што носат нуклеарни проектили./МИА

Венс со критика до Бајден за навредите кон приврзаниците на Трамп

Републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј Ди Венс денеска го критикуваше американскиот претседател Џо Бајден, кој претходно поддржувачите на републиканецот Доналд Трамп ги нарече „ѓубре“.

Венс рече дека Бајден и демократската кандидатка и актуелна потпретседателка Камала Харис треба да се „засрамат“ од овие коментари, пренесува Њујорк пост.

„Мајка која го оплакува својот син кој почина од предозирање со фентанил не е ѓубре“, напиша Венс во одговорот што досега е прегледан повеќе од 2,4 милиони пати на интернет.

Бајден претходно ја критикуваше вулгарната реторика што ја користеше Трамп на митинг во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. „Пред некој ден, еден говорник на митингот на Трамп го нарече Порторико лебдечки остров на ѓубре. Познавам Порториканци во мојата родна држава Делавер и тие се добри и чесни луѓе“, рече Бајден во разговор со претставниците на шпанската Американска организација за анимација на гласачите Вото Латино.

Американскиот претседател потоа додаде дека поддржувачите на Трамп се единственото ѓубре што го гледа, а демонизирањето на Латиноамериканците од страна на Трамп го оцени како „непростливо и неамериканско“. „Тоа е целосно спротивно на се што направивме и се што сме“, рече американскиот претседател.

Катастрофални поплави во Шпанија, има голем број загинати и исчезнати

Најмалку 60-етина се загинати во страшното невреме проследено со бури и поплави, кои го зафати источниот и јужниот дел на Шпанија. 

Десетици се водат како исчезнати, во чија потрага се вкличиле околу 1.000 војници. Најпогодени се медитеранските региони Андалузија, Мурсија и Валенсија, кои се мошне популарни кај туристите. состојбата е страотна, откорнати кровови, однесени автомобили од надојдените води.

На многу места поплавени се и куќи и полиња, но и продавници. на објавените снимки може да се забележи како заглавени граѓани насилно се обидуваат да скршат излози за да спасат жива глава.

На истокот од земјата Наврнале и до 200 литри на метар квадратен, додека во југоисточните реони наврнале над 100 литри дожд. затворени за сообраќај се неколку автопати и локални патишта, а проблеми има и со воздушниот и железничкиот сообраќај. Брз воз со речиси 300 луѓе излетал од шините во близина на Малага, но за среќа немало повредени. Во многу училишта но и универзитети била прекината наставата. Жителите од погодените реони ужаснати од силното невреме.

-Куќата на влезот на градот едноставно исчезна по поплавите. Во неа има најмалку две лица кои се заглавени, а надлежните се уште не знаат каде се.

-Водата од реката дојде до ова ниво, можеше да ми ги покрие глуждовите. Потоа, не можеше да се движите тука. Водата беше до ова ниво, не можеше да се види мостот.

-Тука не врнеше дожд, поројната поплава дојде од планината. Со себе носеше дрвја, гранки и се останато во исто време. Водата дојде многу брзо и силно.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез рече дека владата ќе им помогне на сите погодени од силната бура

-Десетици домови се поплавени и многу мостови се уништени од поплавата. Приоритет е да им се помогне на сите погодени од ова невреме, а екипите на терен напорно работат и ќе дадеме се од себе да се опоравиме од оваа трагедија. Никој нема да биде оставен сам на себе. изјави, Педро Санчез – премиер на Шпанија.

Властите предупредија дека неповолните временски услови ќе продолжат и го повикаа месното население на претопазливост.

Инаку, метеоролозите анализираат дека во Шпанија се случил феномен познат како „ладна капка“.

Според познавачите, до тоа доаѓа кога ладниот воздух минува преку топлите води на Средоземното Море. Ситуацијата води кон атмосферска нестабилност, предизвикувајќи кревање на топол, заситен, воздух и создавање на облаци кои носат обилни дождови.

притисни ентер