Државните правобранители бараат повисоки плати, или ќе ја блокираат експропријацијата

Државните правобранители кои работат на предметите за експропријација на земјиштата за коридорот 8 бараат додаток на платите од 30%, во спротивно 11ти идниот месец најавуваат штрајк, а со тоа и стопирање на експропријацијата. 

Ова го најавија пред судот во Гостивар, од каде посочија дека почнуваат со двочасовни протести се додека не го добијат покачувањето.

Од УПОЗ апелираат Владата што поскоро да го разгледа ова барање, со цел да не се стопираат работите на коридорот.

- Апелираме Владата да не слушне и веднаш да почнеме постапка со која би го решиле овој проблем, доколку истата не започне на 11ти ноември вработените во сите единици на правообвинителството ќе започнат со штрајк, доколку започнеме со штрајк ниту една експропријација нема да се работи и ќе нанесеме огромна штета на државата и граѓаните.- Трпе Дејаноски – претседател на УПОЗ.

Според Дејаноски со овој револт на државните правобранители, останува неизвесно дека сите постапки за експропријација ќе бидат готови до нова година, како што најави директорот на државни патишта Коце Трајановски.Тој вели дека владините претставници токму од Гостивар пред два дена посочиле дека работата околу експропријација е 50% завршена, и нејасно е зошто вработените добиваат плата која е под секое достоинство. Дејаноски нагласи дека станува збор за 118 правобранители чија просечна плата изнесува околу 28.000 денари.

- Само вработени од одделението во Гостивар кои се 10 на број од почетокот на годината до денеска имаат завршено 1300 предмети за експропријација и уште 2500 до 3000 други предмети по други основи. Наместо плата добиваме само пофалби и тапкање по рамо а платата што ја носиме дома е далеку под секое достоинство. Бараме државата да одвои барем малку од оние огромни средства кои се наменети за изградба на автопатиштата и дел од тие плати и додатоци да пренамени за вработените во обвинителството,- Трпе Дејаноски – претседател на УПОЗ.

Дејаноски објаснува дека одобрувањето на додатокот на платата кој го бараат е во надлежност на државниот правобранител кој бил именуван вчера. Затоа нараат нивните барања да бидат разгледани што поскоро од владата до каде досега упатиле некоку барања за средба, но одговор се уште не добиле.

Расте бројот на загинати во поплавите во Шпанија, речиси сите жртви се во Валенсија (ВИДЕО)

Најмалку 73 лица загинаа во најголемата поплава на векот во Шпанија.

Според извештајот до 18 часот, 70 лица загинале во Валенсија, едно во провинцијата Малага и две во Кастиља-Ла Манча.

Министерот за територијална политика, Ангел Виктор Торес, прогласи тридневна жалост и најави дека владата ќе го прогласи подрачјето за „силно погодено“ од студениот фронт и вети дека ќе ги мобилизира „сите национални и европски ресурси“ за помош.

Министерството за одбрана ангажира воздухопловни сили, воени психолози и специјално обучени кучиња за пронаоѓање на жртвите. Десетици луѓе ја поминаа ноќта во Валенсија над камиони или автомобили, на покривите на продавници или бензинските пумпи или беа заробени во возилата на пренатрупани патишта додека спасувачите не ги извлекоа.

Обилните дождови предизвикаа прекини на електричната енергија кои погодија 140.000 луѓе, затворени патишта и прекинати брзите железнички услуги меѓу Мадрид и регионот на Валенсија и медитеранскиот коридор до Барселона. Невремето сега се движи кон Каталонија, Арагон, Екстремадура, Навара и западна Андалузија, каде Кадиз е под црвено предупредување за ризик од обилни врнежи.

Варџиски: Нашиот пристап во дигитализацијата е ориентиран кон потребите на граѓаните

“Формирањето на Министерството за дигитална трансформација е стратешки чекор кој ја потврдува определбата на Владата да ја постави дигитализацијата како еден од своите највисоки приоритети.“

„Нашиот пристап е ориентиран кон потребите на граѓаните и токму затоа со интегриран систем сакаме да го олесниме пристапот на корисниците до онлајн услугите за граѓаните, до информациите поставени на официјалните веб страни на министерствата и Владата, како и да ја убрзаме и подобриме размената на податоци помеѓу институциите.” истакна Заменик министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски на дваесет и третиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК), во рамки на втората тема посветена на „Дигитална транзиција, особено во локалните и регионални јавни услуги.

“Во таа насока работиме на создавање единствена централизирана и унифицирана платформа на владини веб страници, кои ќе бидат заштитени преку еден софистициран систем, ќе бидат оптимизирани, и со поголема пристапност за лицата со попреченост. Наскоро ќе следи и редизајн на порталот uslugi.gov.mk согласно последните трендови и практики, со тенденција да стане единствена точка помеѓу јавните услуги во државата и граѓаните, а притоа да биде интуитивен и лесен за употреба.” истакна Варџиски.

Тој потсети дека преку апликацијата на програмата “Дигитална Европа” за изработка мобилна апликација за мобилни услуги – Супер апликација ЕЛИ се движиме кон револуционерна демократизација на јавните услуги.

“Со оваа апликација ќе се отвори можност за воведување на ИД - паричник, дигитална верзија на лични карти и возачките дозволи со кои граѓаните ќе се идентификуваат при користење на дигитални услуги преку својот мобилен телефон, а истата ќе биде поврзана и со порталот uslugi.gov.mk.” додаде тој.

Варџиски појасни дека со отворање на нови Центри за услуги на повеќе локации, услугите кои се достапни на порталот uslugi.gov.mk ќе бидат уште поблиску до граѓаните и на дофат на оние кои немаат техничка можност и вештини самите да гo користат порталот.

“Иако предизвиците се навистина големи, имаме јасна визија и конкретен план како да ги надминеме. Со систематски пристап и посветен тим, можеме да изградиме дигитален екосистем кој ќе ги следи последните технолошки трендови и успешно ќе им служи на граѓаните и на државата.” потенцираше Варџиски, се наведува во соопштението.

Наумовски: Веќе 20 години ги добиваме истите забелешки од ЕК

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски вели дека забелешките во извештајот се очекувани, но дека Македонија и другите земји од Западен Балкан со години ги добиваат истите критики во извештаите. 

Според него, најголемиот проблем на евроинегративниот пат на Македонија е билтеларниот спор со Бугарија.

Нашиот проблем во преговорите не е неисполнувањето на критериумите, туку билатерланото прашање со Бугарија, вели Наумовски и додава дека ЕУ не најде решение да спречи вето наметнато поради билатералено прашање.

Ако Борисов формира влада во Бугарија, може да се надеваме на добар епилог, смета Наумовски.

Со него разговараше Андријана Лазова Божиновска.

притисни ентер