Саламат, 43-годишен фармацевт и сопственик на теретана од Хамедан, бил обесен вчераутро на гробишта откако Врховниот суд на Иран ја потврди неговата смртна казна на почетокот на октомври, пренесе АП.
Саламат е обвинет за силување на околу 200 жени во изминатите 20 години, а изворите велат дека тој нападнал многу од своите жртви откако им предложил брак или ги замолил да излезат на состаноци.
Како што пренесуваат локалните медиуми, тој во неколку случаи силувал жени, а потоа им давал апчиња за абортус, кои се нелегални во Иран.
Саламат бил уапсен во јануари, а стотици луѓе потоа се собраа пред судските институции во Хамедан, барајќи смртна казна за Саламат.
Според извештајот на ОН, Иран е меѓу земјите со најголем број егзекуции, што наиде на осуда од меѓународните организации за човекови права.
Силувањето и прељубата се меѓу злосторствата што се казнуваат со смрт во Иран.