Солскјер призна дека Манчестер згрешил со враќањето на Роналдо во тимот

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, призна дека враќањето на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо во тимот било грешка.

- Можеби тоа беше погрешен избор за сите нас. Но, во тоа време почувствувавме дека тоа е вистинската одлука. Првото нешто што Киеран Мекена (асистент на Солскјер во Манчестер јунајтед) го кажа: „Како ќе се браниме?“, го цитира „NRK“ Солскјаер.

Роналдо се врати во Манчестер јунајтед од Јувентус во летото 2021 година и играше до ноември 2022 година.

Во текот на сезона и половина, Португалецот одигра 54 натпревари, постигна 27 гола и направи пет асистенции.

Претходно Роналдо веќе играше за тимот од „олд Трафорд“ од 2003 до 2009 година. /МИА

Во јануари 2023 година, Роналдо потпиша договор со Ал-Наср од Саудиска Арабија.

Отстранети повеќе диви депонии во Бутел, Центар и Кисела Вода

Екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Бутел, Центар и Кисела Вода.

Подигнати се 30 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата „Боца Иванова“, на последната постројка на автобусот 59, во непосредна близина на градските гробишта Бутел, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Во општината Центар е интервенирано на булеварот „Илинден“, како и на улиците „Аминта Трети“, „Борка Талески“ и „Киро Крстевски-Платник“, во близина на средното училиште „Лазар Личеноски“, каде што се расчистени вкупно 20 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад одложен на јавни површини.

Во општина Кисела Вода, пак, се отстранети 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата „Фредерик Шопен“.

Такси компании: Да нема паника, такси услугите нема да поскапат

По информациите во дел од медиумите за наводно поскапување на такси услугите, дел од сопствениците на такси компаниите за Канал 5 велат дека истите се неточни. 

Се работи за стар тарифник од пред две и пол години и во овој момент нема никакво барање за поскапување на такси услугите. Иако има зголемување на трошоците за одржување и сервисирање, засега велат нема никаква одлука за зголемување на центите на такси превозот. Постојат три тарифи според кои можат да наплатуваат а кои се утврдени и усвоени од Советот на Град Скопје. самите такси компании одлучуваат по која тарифа ќе возат.

МОН: Унапредена е Концепцијата за основно образование, согласно сугестиите на наставниците

Унапредена е Концепцијата за основно образование, согласно сугестиите на наставниците и стручната јавност.

Министерството за образование и наука информира дека се направени измени на Концепцијата за основно образование, на чија потреба во изминатиот период, како што наведува, „упатуваше стручната и пошироката јавност, а особено наставниците од основните училишта“.

-Согласно доставените сугестии за време на периодот во кој Концепцијата беше ставена на јавна дискусија, Бирото за развој на образованието интервенираше и ја подготви новата унапредена содржина. Измените овозможуваат повторно враќање на научните дисциплини историја, географија, биологија, физика и хемија како посебни предмети во третиот воспитно-образовен период од основното образование (седмо, осмо и деветто одделение), имајќи предвид дека претходно Концепцијата предвидуваше нивна интеграција со нејасно дефинирани насоки за реализација на часовите, но и кратење на многу содржини кои се од исклучителна важност за учениците на соодветната возраст, соопшти МОН:

Посочува дека како резултат на измените во Концепцијата, во следниот период ќе се изработи и нов Наставен план за основното образование, како и нови наставни програми по соодветните предмети во седмо, осмо и деветто одделение, кои етапно ќе се воведуваат почнувајќи од учебната 2025/2026 година, како и во двете учебни години потоа.

-Министерството за образование и наука изразува благодарност до сите општествени чинители кои со свои сугестии придонесоа за унапредување на содржината Концепцијата за основно образование, како и до Бирото за развој на образованието кое е носител на целиот процес. Продолжува транспарентното работење, со вклучување и активно учество на сите засегнати страни во креирањето на образовните промени, наведува МОН во соопштението.

притисни ентер