Салма Хајек докажа дека не користи ботокс и филери, но призна еден трик (ВИДЕО)

Салма Хајек со децении не ја напушта листата на најпосакуваните жени во Холивуд. 

Додека многу фатални жени се заменуваат со многу помлади колешки, Салма му одолева на времето, но останува прашањето - како?

По долги години расправа за природноста на нејзиното ненадејно бујно деколте, кое актерката го препиша на менопаузата и напливот на хормони, сега на ред е природноста на лицето на дивата. Па, веќе ги знаете оние познати прашања: „Дали е тоа крема или инекција?“.

Ако треба да ѝ веруваме на Хајек, помошта од естетскиот хирург сè уште не била на менито.

- Без ботокс, без филери. Но, едно признавам - навистина силно ја тегнам косата кога ја врзувам до главоболка. Но, го правам тоа за вас.

Затегнувањето на косата во пределот на слепоочницата на лицето навистина може да предизвика привремен ефект на „мини затегнување“, попознат како „пони фејслифтинг“, а останува прашањето дали ова е единствениот трик на Салма.

Леао: Не сакам да седам на клупата, но Фонсека носи одлуки

Не сакам да седам на клупата, но Фонсека носи одлуки и јас како играч морам да го почитувам.

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао проговори за односите со тренерот на Милан, Пауло Фонсека.

Во саботата, крилниот напаѓач ја прекина серијата од десет натпревари без гол за „Росонерите“ постигнувајќи гол во ремито (3:3) со Каљари. Португалецот нема стандардно место во стартниот состав.

-Ова се случува во текот на сезоната, немам ништо против него [Фонсека], исто како што тренерот нема ништо против мене. Прашањето е решено. Не сакам да седам на клупата, но тој носи одлуки и јас како играч морам да го почитувам. И кога ќе излезам на теренот давам се што имам за да му помогнам на тимот, изјави Леао.

Милан на23 ноември ќе се соочи со Јувентус во дербито на 13. коло од Серија А.

УКИМ му додели средства на ФМУ за подобрување на условите за студентите

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) за потребите на Факултетот за музичка уметност издвоил 3.384.000 денари, од кои дел ќе бидат поддршка на обновата на концертната сала на ФМУ наменета за студентите.

УКИМ информира дека со обновена концертна сала студентите ќе може „да се изразуваат и да ги покажат своите таленти пред јавноста, како и да се стекнат со сценско искуство, кое е од исклучително значење за нивниот кариерен развој“.

-Освен тоа, обезбедена е и посебна просторија за рекреација и релаксација и уреден е просторот за физички активности, што е од огромно значење за академското и творечко искуство на студентите... Средствата кои ги доделивме на ФМУ имаат за цел да ги унапредат условите за едукација на идните музички уметници, со што ќе се обезбеди континуитет во развојот на музичката култура и зачувување на националното културно наследство, соопшти УКИМ.

Како што нагласила ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, „целта на издвоените средства е да се обезбедат врвни услови за образување на талентите и создавање нови можности за нивно усовршување“.

-Музичките уметници играат круцијална улога во културниот и општествениот живот на државата. Тие не промовираат и со своето творештво и професионализам придонесуваат за афирмација на македонската култура на светската сцена. ФМУ е местото каде што се создаваат идните професионалци кои со своите таленти и знаења ќе ја претставуваат нашата држава во најубаво светло, истакнува ректорката на Скопскиот универзитет.

Деканката на ФМУ, проф. д-р Дарија Андоновска, посочила дека сакаат нивните студенти „засекогаш да ги паметат студентските денови, да се стекнат со врвно знаење и да имаат одлични услови за надградување на вештините“.

-Затоа сме многу благодарни што УКИМ, со издвоените средства за нас, ни овозможи покрај реновирањето и уредувањето, да набавиме и удирачки инструменти и пијано столови, како и да одржиме концерт и фестивал, со што им отворивме нови можности на студентите, нагласила Андоновска.

Отстранети повеќе диви депонии во Бутел, Центар и Кисела Вода

Екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Бутел, Центар и Кисела Вода.

Подигнати се 30 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата „Боца Иванова“, на последната постројка на автобусот 59, во непосредна близина на градските гробишта Бутел, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Во општината Центар е интервенирано на булеварот „Илинден“, како и на улиците „Аминта Трети“, „Борка Талески“ и „Киро Крстевски-Платник“, во близина на средното училиште „Лазар Личеноски“, каде што се расчистени вкупно 20 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад одложен на јавни површини.

Во општина Кисела Вода, пак, се отстранети 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата „Фредерик Шопен“.

притисни ентер