Модното дуо Горан Митров и Љупка Митрова кои стојат зад новиот моден бренд MITROFF, завчера вечерта приредија спектакуларен настан во центарот на Струмица. Во гламурозен амбиент во стилски уредениот ентериер MITROFF ги претстави своите модни колекции – креации кои го отелотворуваат софистицираниот стил и безвременската елеганција. Настанот ги собра на едно место најголемите модни ентузијасти од цела Македонија, во духот на чиста уметност и естетика.
Пред многубројните гости настапи Викторија Лоба, заедно со Љубомир Митровски, додека харизматичната Миа Костова беше водител на вечерта.
“Нашата визија за брендот не е локална, достапни сме за клиенти од цела Македонија и пошироко. Вложуваме многу енергија, многу љубов, многу душа во сите детали кои придонесуваат за задоволство на нашите клиенти. Го остваривме нашиот сон, ништо не е случајно, MITROFF е последицата на тоа што долги години беше некако очекувано да се случи од нас. “изјави Горан Митров, коосновач на брендот MITROFF.
“Многу ми е драго што нашата приказна почнува во старата Струмичка чаршија, тука се нашите корени и драго ми е што привлековме и ќе продолжиме да привлекуваме многу луѓе тука во нашето ателје. Нашата смелост, нашата самодоверба и љубов кон модата не донесоа до остварување на нашата визија.” –изјави Љупка Митрова, коосновач на MITROFF.
Во ателјето на MITROFF, на продажба се екслузивни колекции на бизнис и церемонијални одела за мажи, како и бизнис, свечена линија за жени и венчаници. Префинетата селекција на аксесоари, чевли, чанти и накит, совршено ја надополнуваат модната приказна на MITROFF.
Ателјето нуди и уникатна изработка на креации (custom made) со цел да се задоволат и најспецифичните вкусови на клиентите.
Изграден на соништата и визијата на Љупка и Горан, во центарот на Струмица, а достапен за клиенти од цела Македонија и регионот, MITROFF се развива не само како моден бренд – тој постанува симбол на префинетост и модна револуција.