Пејачка на 16 години била на забава кај Диди и раскажува што видела таму

Откако Диди беше уапсен и обвинет за рекетирање и трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, многу се зборуваше за неговите злогласни забави.

Пејачката Гуд Фрида тврди дека била поканета на една од неговите забави во 1990-тите кога имала 16 години.

Таа за Sun изјави дека таа и еден пријател го запознале Диди во продавница за плочи, каде што тој давал автограми за да го промовира својот нов албум. И покрај тоа што Диди знаел дека Фрида е малолетна, тој сепак ја покани да дојде во неговата палата, објави Unilad.

„Мојата пријателка го праша во кој хотел се наоѓа, а тој рече: „Всушност, правам забава, девојки, треба да дојдете“, раскажува пејачката.

„Му реков дека немаме лични карти затоа што сме малолетни. Тој рече: „О, јас не ги проверувам личните карти на мојата забава“, рече таа.

И покрај тоа што не мислела дека тоа е добра идеја, нејзината пријателка ја убедила да оди. Наводно, и телохранителите на раперот ги убедувале дека треба да дојдат, а подоцна им рекле дека има „две различни забави“. „Вие сте само поканети на едната, а подоцна ќе биде побарано да се придружите на друга“, наводно рекол чуварот, според Фрида.

Кога пристигнале на забавата, Фрида тврди дека им било кажано да не користат телефони и да не влегуваат во „заклучена просторија чувана од обезбедувањето“. Таа верува дека тоа била просторијата каде што се случувало сѐ што е опишано за фрик-оф забавите.

Тврди дека и надвор од таа соба имало многу секс. „Немаше други малолетници, но имаше многу танчерки и персонал. Имаше повеќе мажи отколку жени. Сите пиеја или користеа кокаин“, вели пејачката.

Таа вели дека не видела познати личности од музичкиот свет да се занимаваат со „тие активности“, но тврди дека имало бизнисмени кои „биле со девојки“. Тврди дека луѓето имале секс на столици, во аглите на собите и секаде каде што можеле. Кокаин, трева, алкохол и апчиња биле достапни насекаде. Таа тврди дека се чувствувала многу непријатно и како „парче месо“ и брзо ја напуштила забавата.

Жител од поплавената Јабланица: Синот одеше зад мене, кога го однесе бран од три метри (ВИДЕО)

Мухамед Беговиќ од Јабланица го загубил синот во поплавите што рано утринава го зафатија овој град.

Тој за порталот „Аваз“ изјави дека сѐ се случило во рок од 15 минути.

„Во куќата беа син ми, невестата, сопругата, внукот и внуката. Почнавме да излегуваме од дома. Синот одеше зад мене, малку се сврте и дојде голем бран. Веројатно беше три метри. Синот само исчезна. Каде да одам сега? Освен мојот син, другите преживеаја, сите сме згрижени, има каде да спиеме.“

Cybertruck е повторно повлечен- Тесла се соочува со нови проблеми

Tesla се соочува со нов проблем на својот футуристички Cybertruck, овој пат поврзан со задната камера, што бара итна поправка.

Овој проблем влијае на 27.000 возила произведени помеѓу ноември 2023 и септември 2024 година, што значи дека практично сите модели на Cybertruck на патиштата ја бараат оваа поправка.

Според извештајот доставен до американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA), проблемот е поврзан со доцнењето во прикажувањето на сликата од задната камера, која може да се појави дури по 8 секунди кога се префрла во рикверц. Ова доцнење може да влијае на способноста на возачот јасно да ја види ситуацијата зад возилото, зголемувајќи го ризикот од судар. Од Тесла наведуваат дека досега немало несреќи, повредени или смртни случаи поврзани со овој проблем.

Tesla најави дека ќе го поправи овој дефект со бесплатно ажурирање на софтверот, но додека тоа не биде достапно, ги советува возачите да ги користат своите ретровизори и да извршат визуелна проверка при возење наназад.

Ова е петто повлекување по ред што влијае на Cybertruck од неговото лансирање во ноември 2023 година, а исто така е најголемо до сега. Претходните повлекувања вклучуваат проблем со капакот на педалот за гас, што може да предизвика несакано забрзување на возилото, како и проблем со преголемиот бришач на шофершајбната што може да откаже.

Иако Tesla се обидува да ги реши овие проблеми со ажурирања на софтверот, оваа серија на повлекувања покренува прашања за доверливоста и квалитетот на Cybertruck. Сепак, компанијата покажа брзина и ефикасност во решавањето на проблемот без потреба од носење на возилото до сервисен центар.

„Касандра“ попладнево стигна во Грција, носи невреме со грмежи и ветришта

Во западна Грција пристигна бура наречена Касандра, која што носи облаци, дожд и грмежи, соопшти Националната метеоролошка служба (EMY).

Невремето треба да се смири до вечерва.

Низ земјата се прогнозира облачност, особено во текот на пладневните часови, со локален дожд и грмежи во северна Грција и Тесалија.

Утринската видливост утре може да биде намалена во некои области на копното, пишува еКатимерини.

Температурите ќе бидат благо покачени и ќе се движат од 27 до 29 Целзиусови степени, а на места во внатрешноста ќе достигнат до 31 степен.

притисни ентер