Откажана завршната етапа од Трката низ Австрија поради смртта на Дреге

Последната етапа на 73. издание на велосипедската трка околу Австрија нема да се вози поради трагичната смрт на норвешкиот велосипедист Андре Дреге во саботата, соопштија денеска организаторите.

Според организаторите, 25-годишниот норвешки велосипедист од тимот Coop-Repsol паднал додека се спуштал од највисоката австриска планина Гросглокнер кон Хајлигенблут и им подлегнал на повредите. Деталите за несреќата сè уште не се познати. Познато е само дека Дреге бил во водечката група.

Организаторите соопштија дека по договор со семејството, неговиот тим и останатите екипи, решиле да ја откажат последната етапа, која требаше да се вози денеска.

„Целиот наш тим е шокиран од оваа трагична несреќа и нашите мисли и молитви се со семејството на Андре, пријателите и неговиот тим Coop-Repsol“, рече директорот на трката Томас Пуп.

Видео: Сина туна продадена за 1,3 милиони евра на аукција во Токио

На првата аукција за туни годинава, на познатиот пазар за риби во Токио, сина туна беше продадена за 207 милиони јени (околу 1,28 милиони евра).

Туната од 276 килограми, уловена во близина на префектурата Аомори, ја купија заеднички еден трговец и компанијата која управува со синџирот ресторани „Суши Гинза Онодера“.

Рекордната цена за туна на аукција останува 333,6 милиони јени (околу 2 милиони евра), постигната во 2019 година за туна од 278 килограми.

Првата аукција се одржа рано утрово на пазарницата Тојосу, која последниве години е една од најголемите туристички атракции на Токио. /MИА

Пораст на напади врз странци во Магдебург по нападот на Божиќниот пазар

Бројот на кривични дела насочени против странци во германскиот град Магдебург нагло се зголеми по нападот на Божиќниот пазар пред две недели, пренесуваат германските медиуми.

Во заедничко соопштение, дел од советниците во градскиот совет изјавија дека „овие кривични дела се одвратни и се спротивни на вредностите на градот“.

Според јавниот сервис МДР, полицијата годинава забележала три кривични дела со расистичка позадина. По нападот на Божиќниот пазар на 20 декември, кога еден Саудиец со автомобил уби пет лица и повреди околу 200, секојдневно се бележат напади врз странци.

Организациите за заштита на човековите права сметаат дека причината за порастот на насилството е реториката на партиите како Алтернатива за Германија (АфД), кои го користат нападот за политички цели пред претстојните избори./МИА

Тотенхем потпиша договор со голманот Кински

Голманот на Славија Прага, Антонин Кински се согласи на соработка со премиерлигашот Тотенхем.

Според прес-службата на англискиот клуб, 21-годишниот Кински потпишал договор до 2031 година и ќе го носи бројот 31.

Фудбалерот е син на поранешниот голман на Чешка, Антонин Кински.

Во 2024 година, Кински Јуниор го имаше своето деби во Чешкиот шампионат во мечот со Словачка и во Лигата на шампионите во натпреварот против Унион.

Оваа сезона 21-годишниот Чех прими 18 гола на 29 натпревари за Славија во сите натпреварувања./МИА

притисни ентер