Омањала истрча најдобар резултат сезонава на 100 метри

Кенискиот спринтер Фердинанд Омањала постигна најдобар резултат оваа сезона во трката на 100 метри за време на кениските атлетски олимписки квалификации во Најроби.

Во саботата Омањала ја истрча патеката во време од 9,79 секунди.

Овој резултат е за две стотинки послаб од неговиот тригодишен личен рекорд, но е за три стотинки побрз од најдобриот резултат во светот досега оваа година, поставен пред две недели.

Манекенката го украде шоуто

Во својата петта деценија блеска во ултракраток фустан со метален сјај

Покажа дека времето за неа застанало.

Бразилскиот супермодел Алесандра Амбросио (43) повторно ги фасцинираше своите обожаватели со фотографиите на социјалните мрежи. Таа на доделувањето на Ем-ти-ви музичките награди за видео (VMA) се појави во ултракраток фустан и буквално го украде шоуто.

Фустанот што го носеше имаше сина боја, метален сјај, беше затворен до вратот и беше со долги ракави. Должината беше ултра-мини, а самиот материјал беше таков што речиси се спојуваше со кожата и би го носеле само најхрабрите и најзгодните дами.

Алесандра оваа креација ја комбинирала со минималистички златни сандали на високи потпетици, додека долгата коса лежерно ѝ паѓаше на рамениците. Нејзината шминка беше дискретна и во земјени тонови.

Додека блицевите на фотоапаратите блескаа од сите страни, искусната манекенка чекореше како газела и постојано позираше. Многумина можеби сметаа дека нозете ѝ се главен адут, но откако се заврте, оставајќи ги нејзините милионски обожаватели без здив, таа покажа зошто беше водечки модел на бројни модни брендови, вклучувајќи ги Ралф Лорен, Кристијан Диор и Армани. Таа и на почетокот од својата петта деценија не престанува да поместува граници и да ја инспирира публиката.

– Се уште не е готово – порачува таа во описот на видеото, читајќи им ги мислите на своите обожаватели, кои ги има близу 12 милиони.

Фотографиите добија голем број коментари.

- Како е можно уште да изгледа како да има 19 години?

- Божица која чекори меѓу смртниците!

- Каков фустан, а потоа, каква жена!

- Супермодел над супермоделите!

- Жената наречена тело!

-Која година ќе почне да старее, па да можам да воздивнам....

- Чисто совршенство.

- Може ли да биде поубава и позгодна?!

Извор: srecna.republika.rs

Мараја Кери доживеа страшна лична трагедија минатиот месец

 – Пејачката едвај ја преживеала семејната трагедија

Мараја Кери вели дека „срцето ѝ е скршено“.

Пејачката Мараја Кери доживеа страшна лична трагедија минатиот месец, кога во ист ден ги загуби нејзината мајка Патриша и сестрата Алисон. Во емотивното интервју за магазинот „Пипл“, Кери ја сподели болната вест:

- Срцето ми е скршено бидејќи минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен сплет на околности, истиот ден животот го загуби и мојата сестра.

Пејачката во интервјуто истакнува колку ѝ значело тоа што последната недела од животот на мајка си, ја поминала со неа.

-Се чувствувам благословена што имав можност да бидам со неа во нејзините последни моменти, признава Кери. Таа, исто така, изразува благодарност за поддршката и почитувањето на приватноста во овие тешки моменти.

Марија имаше комплициран однос со семејството

Патриша Кери беше оперска пејачка и вокален тренер, таа одигра значајна улога во животот и кариерата на Мараја. Патриша рано се развела од таткото на Мараја, Алфред Рој Кери, а односот со Мараја честопати беше комплициран. Во своите мемоари „The Meaning Of Mariah Carey“ од 2020 година, Кери ја опишува нивната врска како „бодликава жица на гордост, болка, срам, благодарност, љубомора, восхит и разочарување“, пренесува Azra.ba.

Врската на Мараја Кери со нејзината сестра Алисон била уште покомплицирана. Алисон дури ја тужеше Мараја Кери поради тврдењата за злоставување во нејзините мемоари. Кери претходно во истите мемоари признава дека „емотивно и физички е побезбедно да нема никаков контакт со неа“.

Деталите за околностите на смртта на Патриша и Алисон сè уште се непознати, пејачката замоли за почитување на приватноста додека се бори со загубата на своите најблиски.

Таа преку видео на нејзиниот Инстаграм профил им се заблагодари на бројните обожаватели за љубовта и поддршката во изминатите недели, и додавајќи дека „се враќа на работа“, таа порача:

„Едвај чекам да ги видам моите фанови во Кина и Бразил. Ве сакам“!

Извор: srecna.republika.rs

Морбидно: Симулација открива што се случува со телото во крематориум, има чуден детал (ВИДЕО)

На платформата Јутјуб е објавена интересна компјутерска симулација која покажува што точно се случува со телото на покојникот за време на кремирањето.

Видеото не е толку страшно, но може да биде шокантно за поединци, бидејќи го објаснува секој дел од процесот на горење. Во прилог има и сегмент кој ќе ги изненади гледачите.

Алтернативата на традиционалниот погреб е прифатена и популарна во целиот свет, а со неа се занимава и Јутјуберот Zack D.Film.

„Телото на починатиот е сместено во специјално дизајнирана печка која произведува температура до 980 степени. Интензивната топлина го намалува телото на фрагменти од коски и пепел во рок од 90 минути“, се вели во извештајот.

Кога ќе заврши кремирањето, остатоците се пренесуваат низ магнетно поле за да се отстрани металот, кој ќе биде отстранет на друго место во крематориумот или, сè повеќе, ќе се рециклира.

Овој детал е секако помалку познат на просечниот читател, пренесува Unilad.

„Магнетот отстранува метални предмети, како што се пирсинг или забни импланти“, се објаснува.

Последниот чекор е да се обработат коскените фрагменти во фин прав кој се меша со преостанатата пепел и се става во урна.

Ако не сте знаеле, кремирањето зад себе остава во просек по 2,4 килограми остатоци, познати како пепел или „кремашин“.

притисни ентер