Од тешка сиромаштија во фавела до златен медал на ОИ- животна приказна на Ребека Андрада (ФОТО)

Ребека Андрада од Бразил вчера го освои златниот медал во уметничка гимнастика на Олимписките игри.

Уште како мало девојче сонувала еден ден да настапи со успешни спортисти.

Таа е родена во 1999 година и пораснала во бразилските фавели. Таа не е родена во богато семејство кое може да ѝ обезбеди приватни тренери и спортски сали. „Мајка ми пешачеше на работа за да можам да ја користам нејзината автобуска карта за да одам во теретана со брат ми, која беше оддалечена седум километри, па затоа сум многу благодарна на неа и на моите браќа и сестри кои го овозможија мојот сон“, рече таа за Olympics.com.

Нејзината мајка била домашна помошничка која морала да издржува осум деца. „Без разлика од каде доаѓате, вашата финансиска состојба или бојата на вашата кожа, треба да верувате во себе и да не дозволите некој да ве спречи да ги постигнете вашите цели“, рече таа.

Кога имала девет години, спортистите постари од неа го виделе нејзиниот потенцијал и ја споредиле со бразилската гимнастичарка Дајан дос Сантос, па на Ребека ѝ го дале прекарот Дајанина. Од 2011 година е ѕвезда на гимнастичкиот тим Фламенго во Рио де Жанеиро, а во 2016 година за време на Светското првенство го освои својот прв медал на големо натпреварување.

Бразилската гимнастичарка го освои својот прв олимписки медал во Токио. Таа го однесе дома сребрениот медал во повеќебој. Набргу потоа, таа го освои и златото во финалето на прескок.

Станувајќи една од најуспешните спортистки, Андраде на крајот се соочи со сериозни повреди на коленото. Имено, таа мораше три пати да оди на операција и потоа ја прекина кариерата. Во тие моменти мислела дека засекогаш ќе мора да ја напушти гимнастиката.

Бразилката вчерашната радост ја сподели со семејството на трибините.

Главчев: Уставните измени со одложено дејство не се тема на разговор

-Јас мислам дека тоа прашање е решено.

За Бугарија прашањето со Македонија е решено, изјави бугарскиот технички премиер Димитар Главчев во телевизиско гостување прашан за предлогот на македонската влада и на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Бугарите да бидат вклучени во Уставот по влезот на земјата во Европската Унија. Главчев додава дека постојат рамки во кои мора да работат сите земји, вклучително и оние од Западен Балкан, а Бугарија направила доволно компромиси со својата национална самодоверба и достоинство.

-Јас мислам дека тоа прашање е решено.

-Вие можеби да, но тие не мислат.

Јас нема како да одговарам на властите во Македонија, за Бугарија прашањето е решено. Има рамки во кои треба да се движат сите држави-членки на ЕУ, вклучително и оние од Западен Балкан, така што нема тема за разговор мислам дека доволно компромиси направи Бугарија со своето национално чувство и достоинство за да прави уште,- Димитар Главчев – В.д. Претседател на Владата на Р. Бугарија.

Во меѓувреме, речиси еден месец по изборите во Бугарија се уште траат преговорите за формирање на влада. Од победничката ГЕРБ- СДС се децидни дека нема да се откажат Борисов да биде премиер, а како копромисно решение предлагаат претседателот на Собранието да биде од партијата на Кирил Петков.

„ Од премиер не можеме да отстапиме не за друго, бидејќи она што го правиме за Шенген и еврозоната со нашите колеги, за радост Унгарија претседава со ЕУ, колегата Орбан стои зад ветувањата поставени на дневниот ред за Шенгенот, имаме големи шанси. “-Бојко Борисов – ГЕРБ-СДС.

Доколку повторно нема коалициски договор, Бугарија ќе оди на избори по осми пат во четири години.

Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати истакна дека се надева дека во соседната државата ќе се формира стабилна влада, со која ќе може да седнат и да најдат решение за одблокирање на патот на Македонија во ЕУ.

Скопје се врати на листата на 10 најзагадени градови во светот

Главниот град Скопје повторно се најде во топ 10 најзагадени градови во светот, според анализата што ја прави сајтот за квалитет на амибиенталниот воздух „Ај кју Ер“.

Ветрот си замина, загадувањето се врати. Главниот град Скопје повторно се најде во топ 10 најзагадени градови во светот, според анализата што ја прави сајтот за квалитет на амибиенталниот воздух „Ај кју Ер“.

За намалување на загаденоста, од пред неколку дена стапија на сила и краткорочните мерки на Министерството за животна средина. Дел од нив подразбираат; контроли на возилата, намалување на употреба на службените автомобили и ослободување од работни обврски за бремени жени, лица над 60 години и лица со здравствени проблеми.

Со цел заштита на животната средина и да се спречи потенцијално загадување, поништена е одлуката за изградба на асфалтна база кај Визбегово, против која дел од жителите протестираа летоска. Ова го соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој додаде дека утре во Скопје ќе пристигнат првите електрични автобуси.

Единствен начин да се реши проблемот со аерозагадувањето според еко-активистите е секоја година да се инвестира во тоа, а не да се замачкуваат очите на граѓаните во предизборието.

Една од долгорочните мерки за решавање на загадувањето е изградба на когенеративни централни. Премиерот Мицкоски неодамна објави дека Владата е во потрага по партнери за изградба на вакви централни, кои ќе произведуваат електрична енеергија и гас.

Назначен новиот состав на Комисијата за помилување

Поранешната врховна судијка Милка Ристова е новата претседателката на Комисијата за помилување,откако претходниот состав си поднесе колективна оставка поради последните помилувања на осуденици.

Поранешната врховна судијка Милка Ристова е новата претседателката на Комисијата за помилување,откако претходниот состав си поднесе колективна оставка поради последните помилувања на осуденици. Освен Ристова дел од шест члената Комисија за помилување се и професорот од Факултетот за безбедност Оливер Бачановиќ, неговата колешка Драгана Батиќ доктор по психолошки науки, професорката од Правен Александра Груевска Дракулевски, нејзиниот колега од тетовскиот превен факултет Афет Мамути, професорката по казнено право од Југоисточниот универизитет Блерта Ахмеди Арифи и магистер Доан Сулејманоски, информираат од Кабинетот на престедателката Силјановска-Давкова.

Изборот на новиот состав на Комисијата за помилуавње доаѓа по колективна оставка која претходниот состав ја поденесе пред точно еден месец. Тогашните членови и претседателот на Комсијата се повлекоа по острите реакции во јавноста откако по повод Денот на Македонската револуционерна борба 23 Октомври претседателката Силјановска помилува десет осуденици, меѓу кои беше и Акиф Равмановски, припадник на нарко кланот „Барон“. Meѓу помилуваните беа и поранешниот битолски градоначалник Владимир Талевски обвинет во случајот Транспортер и Маријан Ефремов првоосомничен во аферата Шпион.

Комисијата за помилување е постојано работно тело во служба на претседателот на државата. Следното помилување на осуденци треба да се случи за новогодишните празници.

притисни ентер