Објавена листа на соработници на нацистите во Холандија

Холандските власти во рамки на проектот нарачен „Војната на суд“,  објавија листа на околу 425.000 граѓани на Холандија осомничени дека соработувале со нацистите за време на окупацијата на земјата во Втората светска војна. 

Станува збор за базата на податоци со имињата на лица кои по Војната биле под истрага за соработка со германските окупатори и која од вчера првпат е достапна во јавноста.

Од осомничените „квислинзи“ над 150.000 и биле осудени за соработка со окупаторот и им била изречена некаква казна.

- Оваа архива содржи важни приказни и за сегашните и за идните генерации. Без дигитален пристап, оваа архива беше недостапна за многумина, особено за помладите генерации. Само масовниот и лесен пристап до оваа важна архива со сите аспекти на војната ќе ја задржи нејзината релевантност и ќе ни овозможи да продолжиме да учиме од минатото, соопшти истражувачката група „Институт Хујгенс“, која помагаше во дигитализација на податоците.

Инаку, проектот „Војната на суд“ е субвенциониран со средства од холандските министерствата за правда, за образование и за здравство.

Онлајн базата содржи имињата на сите осомничени и не се прецизира дали тие се прогласени за виновни за каква било соработка со Германците или се ослободени од обвиненијата. Покрај имињата на осомничените соработници на нацистичките окупатори, архивата содржи и имиња на околу 20.000 холандски граѓани, кои се пријавиле да служат војска во германскиот Вермахт, како и на припадници на тогашната фашистичка партија Национал-социјалистичко движење (НСБ) на Антон Мусерт.

Општата регулатива за заштита на податоците на Европската Унија (ГДПР) забранува објавување на лични податоци на поединци, но таа забрана не важи за починати лица, а речиси сите наведени во архивата веќе не се меѓу живите.

Според директорот на Холандскиот национален архив, Том де Смет, можно е објавувањето на оваа архива да предизвика „болни дискусии“ во Холандија.

- Соработката (со окупаторот) се уште е голема траума. За неа не се зборува. Се надеваме дека со отворањето на архивите, табуто ќе биде скршено, изјави Де Смет.

Холандија беше под германска окупација од мај 1940, па речиси до мај 1945 година. Според проценките, при Холокаустот биле убиени над 100.000 холандски Евреи.

Едно истражување од 2023 година покажа дека речиси 25 отсто од Холанѓаните родени по средината на 90-те години на минатиот век сметаат дека „Холокаустот е мит“, а дури 53 проценти од сите холандски граѓани опфатени со анкетата не сметаат дека нивната земја била „место на Холокаустот“. Сепак, 77 отсто од Холанѓаните се согласуваат дека сеќавањето на Холокаустот е важно.

Сириската влада најави зголемување на платите во јавниот сектор за 400 проценти

- Ова е првиот чекор за итно решавање на економската реалност во земјата, изјави Абазид.

Привремената влада на Сирија ќе ги зголеми платите на бројни вработени во јавниот сектор за 400 проценти следниот месец, откако ќе заврши административното преструктурирање на министерствата за подобрување на ефикасноста и отчетноста. Ова денеска го изјави министерот за финансии, Мохамед Абазид.

Зголемувањето, за кое се проценува дека ќе чини 1,65 трилиони сириски фунти (околу 127 милиони американски долари), ќе биде финансирано од постојните државни ресурси, заедно со регионална помош, нови инвестиции и обиди за одмрзнување на сириските средства во странство.

- Ова е првиот чекор за итно решавање на економската реалност во земјата, изјави Абазид.

Тој додаде дека платите за овој месец ќе бидат исплатени неделава. /МИА

Јохауг победи на женската Тур де ски 2025

Норвежанката Тереза ​​Јохауг е победничка на женското повеќедневно натпреварување Тур де ски 2025 година.

Триесет и шестгодишната атлетичарка го освои турнирот по четврти пат во кариерата.

Јохауг се најде на врвот во генералниот пласман со време од 3 часа, 46 минути и 59 секунди.

Норвежанката Астрид Слинд (+47 секунди) го зазеде второто место, а Американката Џесика Дигинс (+2 минути 41 секунда) го зазеде третото место.

Кај мажите, трофејот го освои сонародникот на Јохауг, Јоханес Клебо.

Јохауг е четирикратна олимписка шампионка, 14-кратен светска првенка и трикратна победничка на Светскиот куп./МИА

Милан му нуди на Олмо шестмесечен договор со можност да се врати во Барса во јули

Дани Олмо би можел привремено да се пресели во Милан. 

Претходно Ла Лига и Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) објавија дека Барселона одбила да го регистрира Дани Олмо. Претходниот истече на 1 јануари.

Според „Кориере дела Сера“, миланскиот клуб на играчот од средниот ред му понудил шестмесечен договор. Договорот вклучува клаузула дека Шпанецот може да се врати во Барселона во јули.

Се истакнува дека ваквата одлука би му овозможила на Милан привремено да се засили, а Барселона да најде излез од тешката ситуација.

Олмо оваа сезона одигра 11 настапи во Ла Лига и постигна пет гола./МИА

притисни ентер