Њу Делхи е најзагаден град во светот

Њу Делхи денеска е најзагаден град во светот. Поради густиот смог не се гледаат претседателската палата и околните градини, популарна дестинација за пешаци, тркачи и велосипедисти.

Според швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот „АјКју Ер“ (IQ Air), индексот на квалитетот на воздухот во Њу Делхи бил 348, што се смета за опасно ниво на загаденост.

Воздухот е дополнително е загаден поради огнометите, петардите и светлечките што беа употребени за време на хиндуистичкиот фестивалот на светлата Дивали.

Густ смог се спушти во индиската престолнина по прославите на Дивли, целосно ја проголта претседателската палата и околните градини, популарна дестинација за пешаци, тркачи и велосипедисти.

Локалните власти последните години забранија употреба на пиротехнички средства за време на прославите на Дивали и во зимскиот период, во согласност со директивите на Врховниот суд, но мерката не се спроведува и покрај заканата со затворски казни за прекршителите.

Некои хинду групи тврдат дека забраната навлегува во правото на почитување на тој ритуал, додека властите истакнуваат дека нивната цел е да го заштитат животот.

Смогот што денеска се спушти во градот се совпадна со палењето на земјоделското земјиште во северна Индија, што дополнително го влоши квалитетот на воздухот.

Дали е можно догодина заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори

Дали е можно догодина наесен заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори?

По понудата на Мицкоски упатена до Филипче за ново изборно соочување, засега одговор од опозицката СДСМ засега нема, а дел аналитичарите се со став дека шансите да имаме предвремени избори за само година и половина се многу мали и дека СДСМ нема да ја прифати фрлената ракавица .

Според новинарот Зоран Иванов предлогот на Мицкоски за предверемени избори е само политички маркетинг и смета дека тие не би би оделе во прилог ниту на власта, ниту на опозицијата, а нивното евентуално одржување освен закочување на економијата и евроинтеграциите, може да донесе и политика криза во државата.

„Мислам дека тоа е само маркетинг, прерано почнаа партиите но никому не ми одговараат предвремени избори, ниту на СДСМ поради актуелниот рејтинг кој тешко дека до локалните може да се ревитализира нешто радикално, а на ВМРО-ДПМНЕ пак уште помалку би им одговарале нови избори затоа што ги демне ДУИ кои за малку гласови може да го земе приматот на Вреди и Мицкоски да мора да смета и на некоја друга коалициска варијанта што не ја посакува. Така што мислам дека сите блефираат во овој момент“, смета Зоран Иванов.

Аналитичарот Владимир Божиновски пак, во повикот за повторно изборно соочување на Мицкоски гледа само укажување до опозицијата на огромната предност која ВМРО-ДПМНЕ ја ужива пред СДСМ на анкетите.

„Таа изјава ја гледам повеќе од аспект на перцепцијата којашто е кај граѓаните, а кои што сметаат дека во моментот власата е далеку подобра алтернатива од сегашната опозицијата, а од друга страна тврдењата на Филипче дека валаста треба да си даде оставка и дека не работи во интерес на граѓаните. Не верувам дека ќе има парламентарни избори заедно со локалнит. Со секои парламентарни избори се закочува едноставно државата и не функционира со месеци што најмногу може да и наштети токму на економијата“, смета Владимир Божиновски.

Понудата повторно да се соочат на предвремни параламентарни избори Мицкоски му ја упати на неговиот политички ривал Венко Филипче на вчерашната седница за пратенички прашања, како одговор на обвинуавњата од лидерот на СДСМ дека ги лажеле гласачите дека никогаш нема да ја употребат придавката „северна“, а по изборите почнале да го користат новото уставно име на државата, при што го повика премиерот да го врати мандатот.

Најмалку осум жртви откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад

Осум лица загинаа во уривање на дел од Железничката станица во Нови Сад, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека се повредени повеќе од 30 лица.

Инаку, под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани, јавија српсккте медиуми.

Станува збор за настрешница која се наоѓа над влезната врата во зградата на станицата, а е изградена во 1964 година. Oваа зграда за прв пат била реновирана пред три години.

Скопје и Софија се договорија за тунелот кај Деве Баир да го гради еден изведувач

Скопје и Софија постигнаа заеднички договор - тунелот кај Деве Баир да го гради еден изведувач, да се преиспита цената на пругата кон Бугарија, како и да се ревидира целиот прокет. 

Ова беа и три главни аргументи на министерот за транспорт Александар Николоски за железничкото поврзување на земјава со соседна Бугарија преку Коридор 8 кои вчера биле прифатени и од бугарските власти и од претставници на Европаска Унија, на состанокот кој се одржа во Софија. За договореното сега двете страни треба да ги известат и финсниските институции на ЕУ, велат од министерството за транспорт. Вчерашниот состанок доаѓа по средбата во Брисел минатиот месец, а ставот на Николоски е дека пругата би имала смисла само доколку се изгради на двете страни.

Веста за постигнатиот договор вчера ја пренесе и бугарското министерство за транспорт. Во нивниот допис се наведува и дека:

„Претставниците на ЕИБ и ЕБОР изразија поддршка за ова техничко решение и подготвеност да соработуваат при подготовката и спроведувањето на тендерската постапка. Која од страните ќе ја спроведе јавната набавка за изведувач на тунелскиот објект, ќе се одлучи во следните разговори со потенцијалните финансиски институции.“-Министерство за транспорт на Бугарија.

Договорот Скопје-Софија за СДСМ е уште едно погазување на ветувањата на власта..Велат:

„Пругата кон Бугарија, која беше слеп тунел, која не беше приоритет за Николоски и Мицкоски, која бепе криминална и за кој требаше да се прави нова траса ќе се прави онака ккако што беше претходно планирано.“

Во проектот за изградба на делницата Крива Паланка – Деве Баир тежок 560 милиони евра, Брисел учествува со 210 милиони евра, пари за кои претходно од делегацијата на ЕУ посочија дека доколку не се најде изведувач на тендерот ќе почнат да се повлекуваат. Претходно Владата побара трансфер на средствата од Коридорот 8 на Коридорот 10, идеја која беше отфрлена од страна на ЕУ.

притисни ентер