Николовски: „Отворен Балкан“ функционира, но со потешкотии

„Отворен Балкан“ функционира, но со потешкотии, сите помошници директори во Царината имаат соодветни задачи.

Ако му кажеме на народот дека имаме 11 помошници директори, тоа за него ќе биде баук, ќе вика: „чекајте бе луѓе, 11 помошници директори“. Но, тоа се луѓе кои работат, кои држат сектори - за контрола и истраги, за финансии, за админисративно-технички работи, за информатичко усогласување на процедурите,... Секоја позиција кај нас е многу добро систематизирана со обврски и задачи. Ако погледнете, сосема ќе се согласите и веќе нема да поставувате вакви прашања, рече денеска директорот на Царинската управа Бобан Николовски во врска со именувањето уште еден дополнителен заменик директор.

Одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на сработеното во првите 100 дена, Николовски рече дека „Отворен Балкан“ функционира, но со потешкотии. Иако фактички поплаки нема, транспортерите и стопанствениците се во право дека системот мора да се подобри, напомена Николовски и најави средби со претставници од сите земји на „Отворен Балкан“ за да се направат технички манипулации кои би ги убрзале постапките.

-Фактички поплаки дека „Отворен Балкан“ не функционира немаме. Системот функционира, меѓутоа, да, со потешкотии. Планираме средби со сите земји од проектот во најбрз можен рок. Овие 100 дена ги потрошивме не залудно, ги гледавте резултатите, меѓутоа работевме на стегнување на капацитетите на Царинската управа и на покачување на сите резултати кои Царинската управа е должна да ги даде кон државата, а тоа се откривачките функции, контролата и финансиските контроли. Тоа е поентата. Во наредниот период ќе се отвориме многу повеќе кон контакти со земјите што се околу нас, со царинските служби околу нас и ќе почнеме да ги решаваме и тие проблеми, истакна Николовски.

Според директорот, Царината ќе биде „ударна игла“ во борбата против корупцијата и криминалот. За работата на претходното раководство, Николовски не потврди дали се идентификувани неправилности.

-Царинската управа ќе биде ударна игла во борба против корупцијата и криминалот и за тоа можам уште сега да ви кажам да немате никакво сомневање. Апсолутно ќе бидеме ударна игла. Втора работа што сакам да потенцирам пред граѓаните на Република Македонија е дека треба да имаат само малку трпение. Трета работа дека преку ноќ не бидува ништо. Четврта работа дека за сето она што сме го детектирале работиме и толку можам да ви кажам, а за сето она што ќе го детектираме сметајте дека ќе бидат спроведени постапки согласно со нашите законски овластувања. За се она што сме го детектирале, работиме и толку можеме да ви пренесеме затоа што такви се процедурите и наши и во другите државни институции, да не можеме да отвориме се предвреме, рече Николовски.

Во однос на именувањето уште еден дополнителен заменик директор, одговори дека секој царински службеник има своја задача во Управата.

-И секој помошник директор и секој советник има своја задача, така што и секој заменик директор ќе има своја задача во Царинската управа. Да не сме сметале дека нема потреба, не би дошло до овој процес. Но, верувајте дека и вториот заменик директор ќе биде максимално искористен со своите должности што ќе му ги дадам како директор. Секое ново вработување во која било институција треба да е вистинско, вистински човек со мерит систем на вистинско место. Ако тој има придонес во институцијата нема потреба да го драматизираме или да го проблематизираме самото место, а вие ќе се уверите, ви ветувам дека и тој заменик-директор и секој нововработен ќе биде соодветно примен во Царинската управа и ќе ги завршува своите работни задачи онака како што треба, подвлече Николовски.

Верстапен: Симулаторот многу помага во одржувањето на менталниот фокус

Брзината се чувствува само на вистинска тркачка патека. Да, секако, вие возите многу брзо и во симулаторот, но таму и да завршите во ѕид, нема да има никакви последици за вас. 

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен зборувајќи за разликите помеѓу реалните и виртуелните трки, истакна дека возењето на симулатор му помага да ја задржи концентрацијата и со тоа да тренира внимание и смиреност, што потоа помага во трките во Формула 1.

- Брзината се чувствува само на вистинска тркачка патека. Да, секако, вие возите многу брзо и во симулаторот, но таму и да завршите во ѕид, нема да има никакви последици за вас. Само притиснете го копчето за рестарт и почнувате повторно. Ова нема да функционира во реалниот живот. На крајот на краиштата, ако доживеете несреќа, дефинитивно ќе биде потребно извесно време да го поправите автомобилот. Покрај тоа, вие самите ризикувате да се повредите. Така да, во вистински трки треба да бидете многу повнимателни. Симулаторот многу помага кога станува збор за одржување на менталниот фокус. За време на виртуелна трка, размислувате за истите работи како за време на вистински тркачки викенд. Генерално, сакам само да се натпреварувам и да се трудам да победувам на трки - затоа што се работи за тоа. Без разлика дали се работи за трки со симулатор или тркање на вистинска патека, изјави Верстапен.

Холанѓанецот е лидер во поредокот во Формула 1 шампионатот со 331 бод, пред Ландо Норис од Мекларен со 275.

33 питомци дадоа заклетва во воената академија „Генерал Михајло Апостолски “

Нови 33 питомци се запишаа на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ како дел од 28. класа.

Од нив 25 се од Македонија и шест од нив се жени. освен од Македонија годинава запишани се и пет питомци од Босна и Херцеговина и три од Црна Гора

Универзална сала преземена на незаконски начин со бројни прекршувања, тврди министерот Љутков

За проектот утврдени биле и бројни прекршувања во постапките на спроведувањето на јавните набавки.

Универзаланата сала останува ничија. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на денешната прес конференција за првите 100 дена од преземањето на ресорот, уште еднаш повтори дека работната група во Министерството констатирала дека преземањето од Град Скопје било направено на незаконски начин, со низа прекршувања и неправилности и нема намера да ја продолжи реконстркција додека правно не се расчистат дилемите. Дополнително, рече дека за проектот утврдени биле и бројни прекршувања во постапките на спроведувањето на јавните набавки.

Првиот човек на култура се осврна и на катастрофалната состојба во која се наоѓа скопското Кале. Призна дека сликата кај калето е ужасна и вети чистење на целиот простор. Влегувањата на диво ќе бидат минато, најави Љутков. Додаде дека била формирана и работна група за враќање на пристојната состојба на калето, кое со соодветен буџет повторно ќе биде гордост на Скопје.

Во однос на изградба на нови објекти за театрите и културните институции низ земјава, Љутков рече дека првично ќе се работи на продолжување на стопираните или заглавени проекти, на кои години не се работело.

притисни ентер