Кога точно би го добиле покачувањето и колкав ќе биде процентот засега не е познато, бидејќи, како што посочи анализите се уште се во тек. Што се однесува до докторите, покачување на нивните плати засега не е во план, бидејќи како што рече Кочоска, тие во измнатиот период имале неколку интервенции во платите, но не ја исклучи можноста доколку буџетот тоа го дозволи да не бидат прескокнати. А веќе во следните година две, зависно од полнењето на Буџетот вели може да се зборува и за други сектори.
„Очекуваме сега за здравството да видиме во која насока. И тоа кога зборувам за здравство би потенцирала дека станува повеќе збор за оној медицинско технички персонал докторите ги исклучувам во оваа ситуација на страна затоа што тие во минатото имаа повеќе покачувања , не велам дека можеби нема да бидат опфатени но фокусот ни е повеќе на техничките служби, медицинските сестри...“ -изјави Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии.
Контурите на буџетот за идната година ќе бидат во рамки на фискалната стратегија која пред неколку дена беше усвоена на владина седница, министерката за финансии без детали колку ќе тежи Буџетот за идната година ниту колкав ќе биде буџетскиот дефицит. Вели предлогот е во завршна фаза, а до крајот на месецов ќе се најде и на разгледување пред министрите во Влада.
Владата планира годинава да ја заврши со јавен долг од 66,4%, кој во наредниот период постепено ќе се намалува, и во 2029 би бил под психолошката граница од 60 %. Планот на надлежните е фискална консолидација на јавните финансии и намалување на буџетскиот дефицит, кој со ребалансот изнесува 4,9 %.