Македонските фудбалери подобри од Ерменија за сигурно прво место во Групата во Лигата на нации

Најдобрата фудбалската репрезентација на Македонија со крупни чекори ита кон посакуваниот пласман во Б рангот од Лигата на нации.

Црвено жолтите синоќа на гостувањето во Ереван ја победија селекцијата на Ерменија со 2-0 со евро головите на Миовски и Алими со што ја запишаа третата победа во групата Д по 4 одиграни кола во сегментот Ц.

Македонските фудбалери како и на гостувањето во Рига пред три дена, вчера во Ерменија на задоволство на селекторот Милевски одиграа уште еден еден добар натпревар на гостински терен и го потврдија својот квалитет во однос на директните конкуренти за првото место во групата.

Со синоќешниот триумф нашиот национален тим се заврсти на првата позиција во групата која носи пласман во повисок ранг на натпреварување, но не како и во претходните циклуси во Лигата на нации, директен бараж натпревар за пласман на големо натпреварување како европски или светско првенство.

На мундијалот во САД, Канада и Мексико од Европа ќе се пласираат 16 селекции. Лидерите на 12-те квалификациски групи, а последните 4 места ќе ги пополнат репрезенациите победници во бараж дуелите, во кои ќе учествуваат и четирите најдобри по рангови во Лигата на нациите, национални тимови кои преку квалификациите ќе немаат обезбедено пласман на Светскиот шампионат.

Верстапен: Симулаторот многу помага во одржувањето на менталниот фокус

Брзината се чувствува само на вистинска тркачка патека. Да, секако, вие возите многу брзо и во симулаторот, но таму и да завршите во ѕид, нема да има никакви последици за вас. 

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен зборувајќи за разликите помеѓу реалните и виртуелните трки, истакна дека возењето на симулатор му помага да ја задржи концентрацијата и со тоа да тренира внимание и смиреност, што потоа помага во трките во Формула 1.

- Брзината се чувствува само на вистинска тркачка патека. Да, секако, вие возите многу брзо и во симулаторот, но таму и да завршите во ѕид, нема да има никакви последици за вас. Само притиснете го копчето за рестарт и почнувате повторно. Ова нема да функционира во реалниот живот. На крајот на краиштата, ако доживеете несреќа, дефинитивно ќе биде потребно извесно време да го поправите автомобилот. Покрај тоа, вие самите ризикувате да се повредите. Така да, во вистински трки треба да бидете многу повнимателни. Симулаторот многу помага кога станува збор за одржување на менталниот фокус. За време на виртуелна трка, размислувате за истите работи како за време на вистински тркачки викенд. Генерално, сакам само да се натпреварувам и да се трудам да победувам на трки - затоа што се работи за тоа. Без разлика дали се работи за трки со симулатор или тркање на вистинска патека, изјави Верстапен.

Холанѓанецот е лидер во поредокот во Формула 1 шампионатот со 331 бод, пред Ландо Норис од Мекларен со 275.

33 питомци дадоа заклетва во воената академија „Генерал Михајло Апостолски “

Нови 33 питомци се запишаа на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ како дел од 28. класа.

Од нив 25 се од Македонија и шест од нив се жени. освен од Македонија годинава запишани се и пет питомци од Босна и Херцеговина и три од Црна Гора

Универзална сала преземена на незаконски начин со бројни прекршувања, тврди министерот Љутков

За проектот утврдени биле и бројни прекршувања во постапките на спроведувањето на јавните набавки.

Универзаланата сала останува ничија. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на денешната прес конференција за првите 100 дена од преземањето на ресорот, уште еднаш повтори дека работната група во Министерството констатирала дека преземањето од Град Скопје било направено на незаконски начин, со низа прекршувања и неправилности и нема намера да ја продолжи реконстркција додека правно не се расчистат дилемите. Дополнително, рече дека за проектот утврдени биле и бројни прекршувања во постапките на спроведувањето на јавните набавки.

Првиот човек на култура се осврна и на катастрофалната состојба во која се наоѓа скопското Кале. Призна дека сликата кај калето е ужасна и вети чистење на целиот простор. Влегувањата на диво ќе бидат минато, најави Љутков. Додаде дека била формирана и работна група за враќање на пристојната состојба на калето, кое со соодветен буџет повторно ќе биде гордост на Скопје.

Во однос на изградба на нови објекти за театрите и културните институции низ земјава, Љутков рече дека првично ќе се работи на продолжување на стопираните или заглавени проекти, на кои години не се работело.

притисни ентер