Неверојатна прогноза за Ѓоковиќ: Неговиот следен противник има помалку од 1% шанси за победа

Ноќта меѓу сабота и недела, Новак Ѓоковиќ повторно ќе излезе на терените во Мелбурн, каде ќе игра во осминафиналето на Австралија опен, а ако им се верува на обложувалниците, за малку ќе може да ја прослави победата над Адријан Манарин од Франција.

Имено, францускиот тенисер, кој на патот кон четвртото коло успеа во пет сета да го совлада младиот, талентиран Бен Шелтон од САД, тешко дека ќе претставува закана за Ѓоковиќ, објави Телеграф.

Прашање е дали се уште знае да игра со Ѓоковиќ, откако реши да не кажува на пресот по победата над Шелтон, но кога ќе го види Новак од другата страна, сигурно се ќе му биде јасно.

Така, победата на Новак Ѓоковиќ на овој меч е поставена на неверојатен коефициент од само 1,01.

Процентуално, тоа значи дека Ѓоковиќ има малку повеќе од 99% шанси да се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен. Од друга страна, коефициентот на Манарин е дури 19,0!

Тие двајца се стари познаници, иако последен пат се сретнале во 2018 година на АТП Мастерсот во Синсинати. Тогаш Ноле победи во три сета.

Тоа е единствениот меч на кој Манарин успеал да му одземе сет. Пред тоа три пати го освојуваше на трева - на АТП турнирот во Квинс, како и два пати на Вимблдон.

Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид

 Посмртните останки на упокоениот Митрополит Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, ќе бидат погребани денеска на пладне, во јужната апсида на храмот на „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид.

Според одлуката на Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, церемонијата на погребението ќе започне во 9 часот во црквата „Света Софија“, со Света литургија со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни православни цркви.

Инаку, по повод упокојувањето на владиката Тимотеј, Општина Охрид денешниот ден го прогласи за Ден на жалост, така што откажани се сите културно-забавни збиднувања на територијата на Општината.

Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, почина завчера во Скопје каде неодамна беше хоспитализиран поради проблеми со срцето.

Владиката Тимотеј раководеше со Дебарско–кичевска епархија од 1981 година како нејзин Администратор со седиште во Охрид, од каде што со голем елан, самопрегор, трпеливост и тактичност ќе раководи и со Австралиската аперхија до 1995 година, кога доброволно ја отстапува на друг надлежен архијереј.

Изминатите 43 години како архијереј на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Митрополитот Тимотеј извршуваше и многу други одговорни задолженија како беше секретар на САС на МПЦ и Администратор на Повардарската епархија, како и портпарол на Синодот на МПЦ.

Во Собранието пратенички прашања

 Собранието денеска ќе ја одржи 21. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања.

Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.

Според новиот Деловник, седница за пратенички прашања месецов имаше и на 21 ноември и траеше два часа.

Од Собранието тогаш информираа дека одржувањето на оваа седница со пратенички прашања е согласно член 42 од Деловникот усвоен во 2023 година, што почнува да се применува од овој мандат.

Согласно Член 42 - (1) Пратенички прашања од пратениците од пратеничките групи во опозиција и од пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група се поставуваат еднаш месечно, во денот кога се одржува седница на Собранието. Доколку во текот на месецот не се свикани седници, претседателот на Собранието задолжително свикува една седница заради поставување на пратенички прашања. (2) Пратеничките прашања од ставот (1) на овој член се поставуваат по утврдувањето на дневниот ред на седницата во траење од два часа.

Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора.

Сиљановска Давкова, денеска во Цетиње, со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, по што ќе следи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Сиљановска Давкова и Милатовиќ ќе засадат дрво на пријателство во дворот на резиденцијата на претседателот на Црна Гора.

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица да оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.

Според агендата, утре, претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица ќе оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

Во рамки на официјалната посета, Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“.

притисни ентер