Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора.

Сиљановска Давкова, денеска во Цетиње, со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, по што ќе следи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Сиљановска Давкова и Милатовиќ ќе засадат дрво на пријателство во дворот на резиденцијата на претседателот на Црна Гора.

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица да оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.

Според агендата, утре, претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица ќе оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

Во рамки на официјалната посета, Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“.

Џејмс го престигна Данкан по број на победи во НБА

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ноќеска со трипл-дабл ефект (16 поени, 10 скока и 11 асистенции) го предводеше својот тим до гостинска победа над Сан Антонио со 119:101.

По оваа победа, Леброн го надмина Тим Данкан и се искачи на второто место во победи во НБА вклучувајќи ги и плејофот.

Ѕвездата на Лејкерси стигна до 1.159 победи.

Првото место му припаѓа на Карим Абдул-Џабар со 1228, односно 69 повеќе од Џејмс.

Германија се соочува со сериозен недостиг на кадри во областа на социјалните услуги

 Германија се соочува со сериозен недостиг на кадар во областа на социјалните услуги, бидејќи бројот на луѓе на кои им е потребна грижа е речиси двојно зголемен во изминатите години, додека бројот на негуватели расте релативно бавно.

Тоа го објави ДПА, цитирајќи информации дадени од Министерството за труд како одговор на барањето на претставникот на Алтернатива за Германија, Рене Спрингер.

Многу луѓе кои работат во секторот за социјални услуги се имигранти. Во 2022 година околу 30 отсто од работната сила во секторот за нега на стари лица беше од странско потекло, процени Експертскиот совет за интеграција и миграција.

Податоците на германското Министерство за труд покажуваат дека во 2015 г имало 2,9 милиони луѓе кои имаат потреба од нега, а до крајот на 2023 г тие веќе биле 5,6 милиони. Во истиот период, бројот на вработени во болниците и домовите за стари лица пораснал од околу 1,5 милиони на само околу 1,85 милиони, или околу 23 отсто.

Бројките, исто така, покажуваат дека слободните работни места во болниците и домовите за стари лица се пополнуваат подолго, и покрај зголемената невработеност кај медицинските сестри и негуватели.

Според Федералната агенција за вработување, во октомври имало околу 34.000 слободни работни места во социјалните служби.

Приватните превозници од денеска нема да возат, автобусите на ЈСП сообраќаат редовно

Приватните превозници од денеска нема да возат, во сообраќај се само автобусите на ЈСП. 

Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои вчера попладне ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако на седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар.

Претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славески вели дека иницијативата на превозниците била доставена доцна за да биде вклучена на седницата.Тој на социјалната мрежа „х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска.

Арсовска, го прозва претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славевски дека „никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а оти овој пат бара , поддршка од неа, ја има поддршката му одговори таа.

притисни ентер