Некои чести навики кај жената што вообичаено го нервираат мажот

Иако секоја љубовна врска е единствена уникатна по своите одлики и својства, има одредени шаблони на однесување што може да предизвикаат фрустрација во односите. 

Следат неколку вообичаени навики кај жените, коишто не наидуваат на одобрување кај многу мажи... Иако не е правило, овие совети можат да бидат корисни за подобрување на меѓусебната комуникација и разбирање.

Премногу контрола

Иако жените најчесто имаат само најдобри намери, претераните обиди да го контролираат однесувањето на мажот може да предизвика тензија и недоверба во врската, велат познавачите. Тука спаѓа критикувањето на неговите одлуки, однесување, за пријателите, па дури и за облеката. Мажите ја ценат својата слобода и не сакаат да се чувствуваат како да се под постојан надзор. Кога партнерката почнува премногу да го насочува или управува со неговиот живот, тоа води кон чувство на задушување и намалена интимност во врската, пишува „Кликс“.

Премногу драма

Меѓу најчестите поплаки на мажите околу врската, е и „драмата“ поради ситници. Се чини, сите понекогаш минуваат низ тешки времиња и емоционалните испади се природни, но кога жената ќе почне секое мало недоразбирање да го претвора во голема работа, тоа преоѓа во емоционална манипулација, закани, па и уцени за да го добие она што го сака, а тоа е исцрпувачко.

Постојаната напнатост и драма на тој начин ги отежнуваат односите.

Постојано внимание и потврди

На многу мажи им е фрустрирачко кога партнерката постојано бара потврда за нивните чувства или изгледот. „Дали ме сакаш?“, „Зошто не ме забележуваш?“, „Дали ова ми изгледа добро?" и други необично чести прашања можат да создадат притисок врз партнерот. И тоа, едноставно, постојана несигурност што води кон чувство дека мажот постојано е „под лупа“, и кон емоционална исцрпеност.

Игнорирање на приватниот простор и време

На сите луѓе, без разлика на полот, одвреме-навреме им треба време за себе. Во врската, важно е да минувате квалитетно време заедно, но подеднакво е важно и да се почитува личниот простор и потребите за приватност на партнерот. И кога жената не го почитува тој простор и постојано сака да биде околу него или бара постојано негово внимание, тоа може да стане заморно. Мажот ги цени миговите кога може да биде сам, без разлика дали се работи за одмор, време за опуштање, хоби, работа во гаража или, едноставно сака време за себе во тишина.

Секоја врска се заснова на меѓусебно почитување, комуникација и разбирање. Свесноста за тоа гради постабилни и поздрави односи. /МИА

ДУИ ја обвинува ВРЕДИ за лажни ветувања за евроинтеграциите

Евроинтеграцијата е приоритет, ќе седнеме да разговараме како понатаму, вели Таравари.

ДУИ денеска го критикуваше застојот во евроинтергациите и ја обвини коалицијата ВРЕДИ за лажни ветувања дека ќе го преиспита своето учество во владата доколку за 6 месеци устваните измени не бидат усвоени.

Таравари одговори дека евроинтеграациите остануваат приоритет, а како понатаму ќе разговара со останатите лидери во ВРЕДИ.

Стручен надзор во Детската клиника за смртта на 7 месечното бебе

Денеска се очекува да заврши стручниот надзор оформен од Министерството за здравство кој треба да покаже дали имало пропуст во лекувањето на седум месечниот Дамјан, кој почина на Детската клиника, откако претходно беше одбиен за хоспитализација.

За случајот од СДСМ и ДУИ бараат оставка од Таравари и од директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди, поради направените пропусти кои резултирале со смрт на 19 бебиња и едно петгодишно дете во рок од шест месеци. Тарвари, не смета дека е логично и морално за секое починато дете да се бара оставка од министерот за здравство.

Од друга страна извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој утврди дека во моментот на прегледот во амбулантата немало доктор специјалист се уште не е испратен во Лекарската комора, поради што комората не може да преземе никакви мерки. Од таму велат дека ќе постапат според надлежностите дури откако ќе го добијат извештајот од ДСЗИ и од стручниот надзор од Министерството за здравство.

И покрај зачестените трагедии, граѓаните се уште имаат доверба во персоналот на Детска клиника.

Скопското обвинителство за овој случај се уште нема оформено предмет. Од таму информираат дека сепак имаат оформено предмет за 14 месчното бебе кое неодамна исто така почина на Детска клиника, откако не било навреме хоспитализирано.

Флоријан Бибер за Канал 5: Протестите во Србија ја покажуваат фрустрацијата на граѓаните

Протестите во Србија нема да резултираат со крај на власта на Александар Вучиќ, но јасна е фрустрацијата кај српските граѓани – вели за Канал 5 професорот и експерт за Балканот Флоријан Бибер. 

Според него, чувството на фрустрација и авторитарниот одговор на владата во Србија, сугерираат дека трпението на граѓаните е при крај, со него разговараше Јован Ѓорговски.

притисни ентер