Искусниот Марио Руи го напушта Наполи

Дефанзивецот на Наполи, Марио Руи ќе го напушти клубот, тврди новинарот Фабрицио Романо.

Според изворот, Португалецот (33) и Наполитанците преговараат за раскин на договорот. Во блиска иднина фудбалерот ќе стане слободен агент.

Во тековната сезона Руи нема одиграно ниту еден натпревар. Во сезоната 2023/24 тој запиша две асистенции на 28 натпревари.

ЈСП Скопје: Неделен возен ред на 1 јануари, жичарницата работи од 11 до 17 часот.

ЈСП Скопје: Неделен возен ред на 1 јануари, билетарниците ќе бидат затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот.

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска ќе сообраќа по неделен возен ред, билетарниците ќе бидат затворени, а жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот.

Првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и на приватните превозници, како што се наведува во соопштението, ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

Од утре (2 јануари) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Работно време на билетарници и центри за персонализација

Денеска , на 1 јануари билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.

Од утре (2 јануари) продолжуваат со вообичаено работно време.

Работно време на Жичница

Жичницата денеска ќе работи од 11 до 17 часот.

Термини на први вклучувања на градските линии на 1 јануари 2025 година

Линија 2 7.05 ч од Автокоманда 1 7.10 ч од Сарај

Линија 2А 11.31 ч од Железара 11.45 ч од Сарај

Линија 3 10.30 ч од Панорама 9.45 ч од Сп.сала Јане Сандански

Линија 3Б 8.45 ч од Кв.пазар 9.30 ч од Панорама

Линија 4 11.40 ч од Хром 11.40 ч од 11 Октомври

Линија 4А 14.43 ч од Усје 15.30 ч Тафталиџе

Линија 5 7.01 ч од Н.Лисиче 7.01 ч од Дексион

Линија 7 7.45 ч од Г.Лисиче 7.59 ч од Карпош 3

Линија 8 11.40 ч од Љуб.пат 11 ч од Влае

Линија 9 8.06 ч од Кл.центар 8.41 ч од Ск.север

Линија 15 6.38 ч од Н.Лисиче 7.23 ч од Карпош 4

Линија 15А 7.26 ч од Н.Лисиче 6.45 ч од Карпош

Линија 16 7.30 ч од Пржино 7.05 ч од Железара

Линија 19 7.40 ч од Карпош 4 8.10 ч од Ш.Оризари

Линија 20 7.40 ч од Тр.центар 8.20 ч од Тр.центар

Линија 21 11.15 ч од Тр.центар 12.05 ч од Бардовци

Линија 22 7.35 ч од Тр.центар 8.25 ч од Лепенец

Линија 22А 9.43 ч од Кл.центар 8.50 ч од Лепенец

Линија 23 7.45 ч од Ченто 8.41 ч од Дом на печат

Линија 24 8.50 ч од Припор 8.10 ч од Тафталиџе 2

Линија 25 10 ч од Тр.центар 10.40 ч од Средно Водно

Линија 27 12.05 ч од Дом на печат 12.45 ч од Вардарска

Линија 41 7.27 ч од Тр.центар 7.14 ч од Драчево Типо

Линија 50 7.08 ч од Хиподром 7.44 ч од Кл.центар

Линија 57 7.15 ч од Радишани 7.32 ч од Козле

Линија 59 11.35 ч од К.бара 10.50 ч од Карпош

Линија 65В 8.13 ч од Тр.центар 7.33 ч од Стајковци, Бр.пат

Термини на први вклучувања на приградски линии на 1 јануари 2025 година

Линија 18 13.25 ч од Тр.центар 14 ч од Визбегово

Линија 31 12.15 ч од Тр.центар 13 ч од Д.Лисиче

Линија 32 15.05 ч од Тр.центар 15.50 ч од Љубин

Линија 47 10.40 ч од Тр.центар 11.25 ч од Љубанци

Линија 51 12.05 ч од Тр.центар 13.10 ч од Студеничани

Линија 52 10.20 ч од Тр.центар 11.10 ч од Ржаничино

Линија 53 8.45 ч од Тр.центар 7.20 ч од К.Бања

Линија 56 10 ч од Тр.центар 11 ч од Бојане

Линија 58 13.30 ч од Тр.центар 14.20 ч Добри дол

Линија 58а 7.10 ч од Тр.центар 8 ч од Св.Петка

Линија 58б 14.30 ч од Тр.центар 15.30 ч од Брзовец

Линија 60 12.10 ч од Тр.центар 13 ч од Матка

Линија 63 8.20 ч од Тр.центар 9.20 ч од Мралино

Линија 63а 14 ч Тр.центар 14.50 ч од Ајватовци

Линија 164 11.20 ч од Волково 11.30 ч од Никиштани

Линија 65 7.10 ч од Тр.центар 8 ч од Раштак

Линија 66 7.10 ч од Тр.центар 8.15 ч од Бучинци

Линија 67 7.50 ч од Тр.центар 8.50 ч од Зелениково

Линија 68 10.20 ч од Тр.центар 11.40 ч од Сушица

Линија 70 10.45 ч од Тр.центар 11.25 ч од Батинци

Линија 71 12.50 ч од Тр.центар 13.40 ч од Бањани

Линија 74 12.30 ч од Драчево 12.50 ч од Д.Количани

Линија 81 11.40 ч од Тр.центар 12.40 ч од Горњани

Приватни превозници

Градски линии:

- Линија бр.9: 9/1 во 7:03 од Станица Север;

- Линија бр.12: 12/2 во 7:35 од Шишево и 12/1 во 7:35 од Саем;

- Линија бр.19: 19/1 во 7:44 од Шуто Оризари;

- Линија бр.20: 20/1 во 7:40 од Тр.Центар и 20/3 во 7:40 од Шуто Оризари;

- Линија бр.22: 22/7 во 7:45 од Тр.Центар;

- Линија бр.23: 23/1 во 7:00 од Ченто и 23/2 во 7:00 од Дом на Печат;

- Линија бр.45: сите служби започнуваат со работа од втора смена;

- Линија бр.73 во недела не работи.

Останатите служби од линиите. бр: 9, 12, 19, 20, 22 и 23 да започнуваат со работа од втора смена.

Приградски линии:

- Линија бр.11: 11/1 во 8:30 од Рашче, а 11/2 да не се вклучува;

- Линија бр.11а: започнува со работа од втора смена;

- Линија бр.47а: 47a/1 во 13:30 од Тр.Центар;

- Линија бр.52 започнува со работа од втора смена;

- Линија бр.54 во недела не работи;

- Линија бр.55: 55/1 во 8:05 од Арачиново;

- Линија бр.61: 61/6 во 7:40 од Побожје;

- Линија бр.63: 63/7 во 8:20 од Мралино, соопшти ЈСП Скопје

Во 2025 година пет продолжени викенди

Во 2025 година македонските граѓани ќе имаат пет продолжени викенди. 

Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник.

Првиот продолжен викенд ќе биде за време на божикните празници, кога неработни се понеделник и вторник - 6 јануари Бадник и 7 јануари, Божик. Граѓаните на продолжен викенд ќе празнуваат и за Курбан Бајрам, кој е на 30 март, па согласно закон се префрла како неработен ден за понеделник 31 март.

Граѓаните подолго за викенд ќе одмараат и за христијанскиот празник Велигден, кога неработен ден за сите граѓани е 21 април (понеделник) Велигден. За време на овие празници за верниците од православна вероисповед неработен е и Велики Петок - 18 април.

Продолжен викенд ќе има и Денот на независноста - 8 Септември кој годинава е во понеделник, како и за 8 декември - Свети Климет Охридски, кој исто така е во понеделник.

Неработни денови за сите граѓани се и 1 мај (четврток) и 24 Мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ (сабота), 1 јануари (среда), Нова Година, 2 август (сабота) Ден на Републиката, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, и 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба.

За граѓаните од православна вероисповед неработни се и 19 јануари (недела) - Богојавление (Водици),

18 април (петок) - Велики Петок, 6 јуни (петок) - Духовден, петок пред Духовден, како и 28 август (четврток) - Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, и

25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен ден е 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

1 јануари (среда), Нова Година,

7 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,

30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден,

21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

1 мај (четврток), Ден на трудот

24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,

2 август (сабота), Ден на Републиката,

8 септември (понеделник), Ден на независноста,

11 октомври (сабота), Ден на народното востание,

23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,

8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,

19 јануари (недела), Богојавление (Водици),

18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

1 ноември (петок), Празникот на сите светци,

25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

27 јануари (понеделник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.

На првиот ден од Новата година сончево со температура до 15 степени

На првиот ден од Новата година утрото ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје, наутро ќе биде ведро и студено со појава на утринска магла, а во текот на денот сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека до петок времето ќе биде стабилно, суво и претежно тивко, со ниски утрински температури. По котлините ќе има услови за појава на магла. Ноќта кон сабота од запад ќе започнат врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а во останатите предели од врнежи од дожд кои ќе преминуваат во снег. Од сабота наутро и потоа преку денот, особено долж Повардарието ќе дува засилен претежно северен ветер.

притисни ентер