Надал по поразот од Ѓоковиќ: По Олимписките Игри ќе одлучам дали ќе се пензионирам

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Дваесет и двократниот Грен слем победник Шпанецот, Рафаел Надал одговори на прашање за пензионирање.

-Ова ме прашуваат често во последно време. Секој ден се трудам да дадам максимум. Кога ќе заврши овој турнир, ќе ги донесам потребните одлуки врз основа на тоа како се чувствувам и што сакам. Денеска не знам, рече Надал на прес-конференција по поразот од Ѓоковиќ.

Шпанскиот тенисер истакна дека доколку почувствува дека повеќе не може да се натпреварува, ќе одлучи да стави крај на кариерата.

Во второто коло на Олимпијадата 2024, Надал вчера загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ со резултат 1:6, 4:6. Меѓусебниот биланс е 31:29 во корист на Ѓоковиќ.

Триесет и осумгодишниот Шпанец настапу и во двојки на Игрите, заедно со Карлос Алкараз.

Николоски: Промовираме зимско асфалтирање на автопатот Кичево-Охрид

До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево - Охрид на потегот од Врбјани до Охрид,  а до крај на 2026 година како што ветивме ќе го изградиме целиот автопат.

До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево - Охрид на потегот од Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година како што ветивме ќе го изградиме целиот автопат, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски и градоначланикот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во зимско асфалтирање на автопатот во непосредна близина на Охрид.

Министерот Николоски, заедно со останатите присутни денеска промовираа асфалтирање во зимски услови, токму на трасата на автопатот Кичево – Охрид, активност која за прв пат се применува после 50 години.

Како што истакнаа, ова е резултат на промена на Законот за изградба на автопатот Кичево - Охрид се со цел да се надминат проблемите со техничките услови со асфлатирањето и да се забрза неговата изградба. Министерот Николоски истакна дека направена е целосна мобилизација на работници и на машини и со тоа се создава услови да се асфалтира и на минусни температури.

“Ова е мое прво појавување на овој проект. Ветивме работа а помалку да зборуваме. Ги решаваме проблемите со автопататот и веќе ги забележуваме резултатите. Правиме историска работа за Охрид и за цел регион. Имаме голема мобилизација за изградба на автопатот и тоа со околу 300 машини и околу 600 вработени кои секојдневно работат на трасата. Денеска промовираме асфалтирање во зимски услови и на минусни температури се со цел да ја забрзаме изградбата и да ги достигнеме роковите што си ги зададовме. Тоа е до почетокот на летната сеозна да пуштиме за сообраќај околу 40 километри од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај Ботун, а до крај на 2026 година да го изградиме целиот автопат. Исто така во преткфалификација е избор на изведувач за автопатот Кичево-Букојчани и очекувам дека на пролет ќе имаме избрано изведувач. Потоа тој автопат ќе се надоврзе на автопатот кој интензивно започна да се гради, а тоа е од Гостивар до Букојчани и понатаму од Гостивар до Тетово, така да граѓаните од Охрид и регионот ќе добијат нов модерен автопат од Охрид до Скопје. Исто така по целата траса ќе има и алтернативен пат”- изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Министерот Николоски исто така најави дека ќе се започне и со реконструкција на превојот Пресека.

Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски истакна дека интезивно се работи на санација на косините и на завршување на експропријацијата.

“ Работиме со силен интензитет да ги санираме косините што се појавени на потегот од Кичево до Врбјани бидејќи со текот на времето тие биле подложни на многу природни услови. Исто така работиме и на завршување на експропријацијата. Со измени на Законот благодарение на министерот Николоски ја сменивме формулата за асфалтирање и со тоа овозможуваме зимско асфалтирање, нешто што не се правело изминативе педесетина години. Наследивме огромни проблеми, но макотрпно работиме да ги решаваме ден по еден и очекувам дека до крај на 2026 година ќе го завршиме овој автопат” -изјави Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта.

Министерство за транспорт

Реал Мадрид размислува да го врати Касемиро од Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот. На „Сантијаго Бернабеу“ размислуваат за повторно ангажирање на играчот од средниот ред, Касемиро од Манчестер Јунајтед во јануари, тврди „Тривела“.

„Кралевите“ почуствуваа дека заминувањето на Тони Крос остави сериозна дупка во средниот ред и затоа веруваат дека Касемиро може да помогне во оваа ситуација. Бразилецот може да има важна улога и на теренот и во соблекувалната на Реал, кој покажа доста флуктуации во перформансите оваа сезона.

Триесет и две годишниот фудбалер има договор со Манчестер Јунајтед до 2026 година, но сигурно не е незаменлив играч на „Олд Трафорд“. Така, „црвените ѓаволи“ веројатно нема да го изневерат доколку добијат доволно добра понуда, иако тешко дека ќе ги вратат 70-те милиони што ги платија за него во 2022 година.

Касемиро најголемиот дел од својата кариера го помина во Реал Мадрид, каде што играше помеѓу 2015 и 2022 година. За „белиот балет“ има 336 натпревари, 31 гол и 29 асистенции.

Филипче на отворањето на Конгресот на СДСМ: Поразот не е крај, тоа е шанса за нов почеток

Претседателот на СДСМ , Венко Филипче го отвори 30 Конгрес на партијата.

Филипче рече дека овој Конгрес е пресвртница во опозициското делување и дека ќе ја врати партијата таму каде што ѝ е место - на победничката патека. Немам волшебно решение со кое преку ноќ СДСМ може да стане владејачка партија, рече Филипче. Нѐ чека многу макотрпна работа. Со многу критики се согласувам и тие се водилка на кои ќе се водиме во иднина. СДСМ нема да се откаже, тоа на сите треба да им биде јасно. Оваа партија не е ничија сопственост, рече Филипче на отворањето на 30. Конгрес на партијата.

Поразот не е крај , тоа е шанса за нов почеток. Сите сме виновни и сме соочени со предизвик за враќање на довербата кај граѓаните.

притисни ентер