„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен за да се борат во Украина

Руските вооружени сили регрутираа стотици Јеменци да се борат во Украина, што доведе до операција за шверц на луѓе што ги истакнува растечките врски меѓу Москва и бунтовничката група Хути.

Јеменските регрути кои отпатувале во Русија изјавиле за британскиот дневен весник дека им биле ветени високо платени работни места, па дури и руско државјанство, но дека кога пристигнале во земјата со помош на компанија поврзана со Хутите, биле насилно примени во руската армија. и испратени на фронтот во Украина, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Американскиот специјален пратеник за Јемен, Тим Лендеркинг, за весникот изјави дека Русија работи на зајакнување на врските со Хутите и дека се разговара за трансфер на оружје.

„Знаеме дека во Сана има руски персонал кој помага да се продлабочи овој дијалог. Видовите на оружје за кои се разговара се многу алармантни и би им овозможиле на Хутите попрецизно да ги таргетираат бродовите во Црвеното Море, а можеби и пошироко“, рече Лендеркинг.

Хутите поддржани од Иран, кои контролираат огромни делови од Јемен, почнаа да таргетираат комерцијални бродови во Црвеното Море во знак на, како што рекоа, солидарност со Палестинците во војната во Газа, предизвикана од терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Магед Алмадаџи, шеф на Центарот за стратешки студии во Сана, истражувачки центар фокусиран на Јемен, исто така рече дека Русија се интересира „за која било група во Црвеното Море или на Блискиот Исток, која е непријателски настроена кон САД. Тој потврди дека платениците се организирани од Хутите, како дел од напорите за градење врски со Русија.

62,8% од жените во Македонија барем еднаш се соочиле со онлајн насилство –студија на UN Woman

Две од три млади жени или девојки во земјава барем еднаш се соочиле со сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување, покажуваат истражувањата... 

62,8% од жените во Македонија барем еднаш се соочиле со онлајн насилство –покажува студија на UN Woman направена во 13 земји од регонот. Студијата на глобално ниво покажува дека над 700 милиони жени биле изложени на физичко или сексуално насилство барем еднаш во животот..Истражување пак, спроведено во 3 средни училишта во земјава покажало дека 78% од испитаниците биле жртви на вознемирување во онјалн просторот – податоци кои претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите Жаклина Пешевска ги оцени како страотни..Според неа бавна е импелентацијата на законите кои ги заштитуваат жените, па поради институционите лавиринти тие често се откажуваат од својата борба против насилниците.

„Пред секој од нас се исправува предизвикот за активна улога во борбата за препознавање на формите на насилство, осуда на насилството, пријавување, охрабрување на жртвите да го пријавуваат насилството и на крај казнување на насилниците. Првиот чекор за да го постигнеме тоа е законски да го дефинираме дигиталното насилство.“

Од почетокот на учебната година до сега на електронската адреса на министерството за образование и наука имало 15тина пријави за насилство од ученици – информира министерката Весна Јаневска. По нив вели министерството веќе соодветно постапило и ги ограбува сите ученици кои се соочуваат со било каков вид на насилство тоа веднаш да го пријават.

„Во контекст на превенирање на несакани однесувања меѓу кои и насилството меѓу младите девојчиња и жени министерството редовно комуницира со сите училишта и ги презема сите законски предвидени чекори, а уште на самиот старт на учебната година дадовме јасни насоки да се организираат повеќе активности наменети за подигање на свеста за важноста од градење мирни и хармонични ученички заедници.“

Дека социјалните мрежи се место каде жените често се вознемирувани и експлоатирани согласна е и претседателката Гордана Сиљановска - Давкова. Според неа законите сами по себе не се доволни, туку е клучна нивната имплементација, но и помошта која ќе биде пружена откако жртвата ќе се охрабри и го пријави насилството.

„Не им треба ним само наша емпатија, им требаат конкретни услуги, засолниште, бесплатна правна помош, им треба социјално економска помош, поддршка за повторно да си го изградат животот што без нивна воља бил урнат.“

Во рамки на Мисијата на ОБСЕ во Македонија во 2025 година, денеска претседателката Сиљановска Давкова, министерката за образование Јаневска, претставници од локални училишта, младински и невладини организации потпишаа Декларација која содржи десет точки со конкретни мерки за борба против насилството врз младите жени и девојки.

Јаневска: Во училиштата нема место за какво било насилство, ја јакнеме законската заштита

Насилството и училиштето не одат заедно. Министерството за образование и наука е посветено да ги заштити децата и младите, преку градење на безбедна и поддржувачка средина.

Насилството и училиштето не одат заедно. Министерството за образование и наука е посветено да ги заштити децата и младите, преку градење на безбедна и поддржувачка средина каде што ќе можат да растат, учат и да напредуваат, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на настанот организиран од Мисијата на ОБСЕ „Насилство врз млади жени и девојки: сексуално вознемирување и следење“.

„Системот на воспитување и образование има воспоставено механизми за спречување и справување со насилство, вклучително и насилство врз девојчињата и младите жени. Првиот механизам е преку регулативата, што сега е предмет на ревизија, со цел да зајакнеме повеќе сегменти, меѓу кои и заштитата од секакви форми на дискриминација и насилство. Во делот на превентивата, воведуваме одредба дека во училиштата се остваруваат и програми за заштита од насилство и за спречување дискриминација, низ различни наставни и воннаставни активности кои се организираат со родители/старатели, општини, граѓански здруженија и така натаму“, посочи министерката.

Во воспитно-образовниот процес, местото на наставникот е клучно и од аспект на градење свест кај учениците дека никој не смее да биде жртва на насилство, а доколку се случи, за насилството не треба да се молчи. Наставниците посетуваат и обуки за препознавање и спречување на родово базирано насилство. При секое несоодветно однесување на ученик, наставникот прво се труди сам да го надмине предизвикот, по што може да се вклучи и стручната служба во училиштето, а понатаму и Педагошката служба при министерството.

„Како Министерство, ги охрабруваме сите ученици и ученички да пријавуваат насилство во каква било форма, и тоа го прават на електронската адреса [email protected], директно во Педагошката служба или во Државниот просветен инспекторат“, укажа Јаневска.

Во контекст на превенирање на какви било несакани однесувања, министерството на почетокот на оваа учебна година до училиштата достави насоки да се организираат повеќе активности наменети за подигање на свеста за важноста од градење мирни и хармонични училишни заедници. Меѓусебното разбирање, почит и емпатија се темелите на таквата средина и тие се вредности кои сакаме да ги всадиме кај нашите млади луѓе уште од рана возраст.

Министерката посочи и дека МОН спроведува мерки и активности не само за да ги заштити девојчињата од насилство, туку и за нивна поголема вклученост во повеќе аспекти и сегменти на образовниот систем. Како примери ги наведе поддршката за вклучување во СТЕМ областите и предноста при аплицирање за стипендии доколку поголема конкуренција се момчињата.

Изразувајќи благодарност до Мисијата на ОБСЕ за поддршката што ја дава на МОН, порача дека само со заеднички напори може да се создаваат квалитетни генерации, вклучително и девојки и жени подготвени да предводат нови општествени промени кон подобро.

Министерство за образование и наука

Филипче од Конгресот на СДСМ: Сите сме виновни за поразот, но тој е шанса за нов почеток

Сдсм во Скопје го одржува 30. Конгрес, на кој се очекува да биде избрано новото раководство на партијата, заменик претседател на СДСМ и нови членови на Централниот и Надзорниот одбор. 

Конгресот го следи Јана Јосифовска.. Јана, до каде е изборот, за јавноста единствено отворен беше првиот дел од Конгресот во кој обраќање имаше лидерот Венко Филипче?

притисни ентер