Надал: Алкараз и Синер се над сите, но ќе дојдат и нови деца

Во сабота од 18 часот последен пат ќе гледаме натпревар помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Одиграа 60 официјални натпревари, Новак води со 31-29, а сега ќе се сретнат на егзибициски дуел во Ријад, во меч за третото место, откако и двајцата загубија во полуфиналето.

Ѓоковиќ одигра драматичен меч со Синер, но четврти пат во низа загуби од Италијанецот - сега со 6:2, 6:7, 6:4.

Во второто полуфинале Карлос Алкараз го победи својот модел Надал со 6:3, 6:3.

По ова, на Надал му останува уште еден турнир во кариерата – Дејвис купот со Шпанија во ноември.

-Немам голем притисок овде, само се трудам да се забавувам и да уживам во секој момент на теренот. Знаев дека ќе играм со ривали кои се во многу подобра форма од мене затоа што се на професионална турнеја, освојуваат турнири, а јас сум во друг момент од кариерата, за мене важното натпреварување кое ме очекува за еден месец е финалето на Дејвис купот. Се обидувам да уживам играјќи еден од моите последни натпревари, изјави Надал.

Финалето на „Сикс Кингс Слем“ турнирот во Ријад ќе го играат Синер и Алкараз в сабота по мечот меѓу Ѓоковиќ и Надал.

-Секако дека Алкараз може да биде прв, многу пати играше со Синер, некогаш победува едниот, некогаш другиот. Во моментов тоа е најдобриот натпревар што можеме да го добиеме на Турнејата. Тенисот е во добри раце, се надевам дека ќе останат здрави, без повреди и ќе го продолжат ривалството. Овие двајца се над сите по нивото на игра и конзистентност, но да видиме како ќе се развиваат другите, да видиме кој ќе дојде од новите деца. Ќе уживам во тенисот од друга перспектива, додаде Рафа Надал.

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, ги посети металуршките компании „Либерти АД Скопје“ и „Макстил АД Скопје“, сместени во индустрискиот комплекс Железара. 

Посетата имаше за цел да се продлабочи соработката со овој стратешки сектор и да се нагласи ангажманот на Комората како клучен партнер во поддршката на компаниите во нивните напори за раст, развој и поголема конкурентност.

На двата одделни состанока со директорките на компаниите, Тодорка Ристовска од „Либерти АД Скопје“ и Марија Павловска Дуковска од „Макстил АД Скопје“, особено беше нагласена потребата од поддршка за обезбедување поволни услови за инвестиции, а се отворија и прашањата за главните предизвици со кои се соочуваат компаниите од металуршката индустрија, како што се глобалните промени на пазарите и зголемените барања за одржливост.

Зборувајќи за важноста на металуршкиот сектор во однос на целата економија, Азески потенцираше дека Комората ќе продолжи да биде партнер на компаниите во нивните заложби за развој и раст. Тој истакна дека металургијата е еден од најзначајните извозни сектори и Комората ќе ги засили напорите за обезбедување на мерки кои ќе го зајакнат извозот преку поддршка за нови инвестиции и подобрување на условите за работа.

„Макстил АД Скопје“ е македонски производител на челик со долга индустриска традиција, чијшто производствен процес е составен од Челичарница со електропечка, казанска печка и контилив како и Валавница за производство на топловалани дебели лимови. Компанијата е присутна на пазарите во повеќе од 40 држави, а мнозински сопственик на компанијата е DITH.

„Либерти АД Скопје“ има 480 вработени. Има годишен производствен капацитет од 750к тони ладновалан, 200к тони поцинкуван како и 77к тони пластифициран челик. „Либерти АД Скопје“ опслужува клиенти од градежната и општата индустрија низ Балканот и Југоисточна Европа.

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

 Напаѓачот на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување на нов договор со клубот, пренесе „Барса Универзал“.

Според изворот, договорот со 17-годишниот шпански репрезентативец ќе биде продолжен на 6 години кога тој ќе наполни 18 години.

Во договорот ќе биде вклучена откупна клаузула од една милијарда евра.

Оваа сезона Јамал одигра 16 натпревари за Барселона, постигнувајќи 6 гола и 8 асистенции.

Актуелниот договор со Каталонците е до летото 2026 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 150 милиони евра. /МИА

ЦУК: Изминатото деноноќие четири пожари на отворено, сите се изгаснати

На бројот за итни случаи 112 во ЦУК изминатото деноноќие имало 1 752 повици, од нив „реални“ повици биле  61,76 отсто, а 38,24 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало четири пожари на отворено и сите се изгаснати. Интервенирале пожарникарите од Скопје, Битола, Струмица и од Тетово, гаснејќи депонии, ѓубришта, мешана шума и ниска вегетација, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На бројот за итни случаи 112 во ЦУК изминатото деноноќие имало 1 752 повици, од нив „реални“ повици биле 61,76 отсто, а 38,24 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 64,74 отсто, кон итната медицинска помош 23,99 отсто, кон пожарникарите 1,73 отсто, а кон АМСМ 0,29 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Од ЈПКР „Услуга“- Берово информирале дека водата од водоснабдителниот систем во Општина Берово од 12 ноември 2024 година се уште е забранета за пиење и готвење, заради зголемено присуство на манган.

Од ЈСП „Скопје“ известиле дека поголем дел од автобусите не се вклучени во јавниот превоз и дека само мал дел сообраќаат по делничен возен ред во последното деноноќие и дека денеска се очекува да се нормализира јавниот градски превоз во Скопје.

Од ЦУК информираат дека жичницата на Водно во последното деноноќие не работела поради врнежи од дожд и силен ветер. Јачината на ветерот ги надминала дозволените граници за функционирање непречено и безбедно. Кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, ќе продолжела со непречено превезување на патниците.

притисни ентер