Аргентинскиот претседател и подари на Мелони фигура од себе како држи моторна пила

 Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи синоќа се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони на која и подари фигура од себе како држи моторна пила.

Милеи, кој себе си се опишува како анархо-капиталист, користеше вистинска моторна пила како реквизит на предизборните митинзи за време на неговата успешна претседателска кампања минатата година, ветувајќи дека ќе ја намали државната администрација.

Локалните медиуми синоќа ја објавија фотографијата од необичниот подарок.

Мелони, од десничарската партија Браќа на Италија, за време на билатералната средба во Буенос Ајрес рече дека Италија и Аргентина ќе се обединат за „да го одбранат идентитетот на Западот“, пренесува Политико.

Двајцата им се придружија на САД во признавањето на опозицискиот лидер Едмундо Гонзалес за новоизбран претседател на Венецуела. Актуелниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој победи на спорните избори во јули, е поддржан од Русија.

Милеи се гледа себеси како инспирација за планот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да формира Оддел за владина ефикасност (ДОГЕ), работна група за намалување на владата, која заедно ќе ја водат сојузниците на Трамп, Вивек Рамасвами и Илон Маск.

Аргентинскиот претседател го нарече технолошкиот милијардер Маск „херој во историјата на човештвото“ и неодамна го советуваше „да оди до крајни граници“ со ДОГЕ. Мелони исто така има блиски односи со Маск. Милеи стана првиот странски лидер што го посети Трамп по неговата изборна победа. /МИА

Состојбата на двајцата повредени во трагедијата во Нови Сад и натаму е критична

Две лица, тешко повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се уште се во тешка, но стабилна состојба.

Две лица, тешко повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се уште се во тешка, но стабилна состојба.

Борбата за нивниот живот продолжува секој ден, истакнуваат за РТС од Клиничкиот центар во Војводина.

„Пациентите кои беа најтешко повредени во несреќата на железничката станица во Нови Сад се меѓу пациентите кои се во исклучително тешка состојба, па продолжуваат да се згрижуваат на одделението за интензивна нега на Универзитетскиот клинички центар во Војводина. Раководителот на Клиниката за анестезија и интензивна нега.“ изјави за РТС и терапија за болка на КЦВ проф. д-р Теодора Тубиќ.

„Она што е позитивно е тоа што тие се свесни, дишат спонтано, доволно, а артерискиот притисок и пулсот им се во задоволителна состојба. Секојдневно ги следи мултидисциплинарен тим. Во тој тим се вклучени анестезиолози и хирурзи, тие ги консултираат сите решенија поврзани со нив, секојдневно се менуваат во услови на операциона сала“, изјави д-р Тубиќ.

Тоа се зафатите што се правеа денеска и пред неколку дена, вели д-р Тубиќ, а по потреба се прават и други помалку оперативни зафати.

„Она што е важно да се каже е дека добиваат секојдневна поддршка и од невропсихијатар и од тим психолози, работиме и со семејствата на повредените кои секојдневно се таму со своите повредени и со сета потребна стручна помош што оваа институција може да обезбеди“, рече за РТС, управителката на Клиниката за анестезија, интензивна нега и терапија на болка на КЦВ, проф. д-р Теодора Тубиќ.

Општините Радовиш, Конче и Василево од две фотонапонски централи ќе добиваат струја

Пуштени во употреба фотонапонскиte централи на покривите на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со капацитет од 430kw и софтверски дигитален систем. 

Oпштините Конче, Василево и Радовиш ќе имаат снабдување со електрична енергија од овие фотонапонски централи.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска на пуштање на фотонапонските централи истакна дека ова е пример како можат да се искористат 300 сончеви денови во годината.

-Станува збор за инвестиција во дел на создавање на енергетски независен регион, нешто што сите региони во иднина треба да се фокусираат. Затоа што само на тој начин можат да станат енергетски независни, да ги минимизираат режиските трошоци на ниво на локални самоуправи, а со тоа да го подигнат и квалитетот на живот на граѓаните и секако да се развиваат во насока на заштитата на животната средина, вели Перински.

Министерот за локална самоуправа, Перински истакна дека за реализација на проектот финансиската поддршка доаѓа од Швајцарската Агенција за развој и соработка и од ова министерство.

Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, подвлече дека проектот таргетира нови софтверски решенија во делот наискористување и производство на електрична енергија од алтернативни извори наенергија и заштита на животната средина, како и ефикасно следење и пренасочување на произведената енергија таму каде што во определен момент е потребна. Камчев забележа дека Југоисточниот плански регион е прв кој реализира еден ваков проект и какошто рече ќе покажат во која насока општините и регионот треба да се движат. -Сметам дека трошоците за електрична енергија во иднина ќе бидат серизоно намалени и со тие средства општините ќе инвестираат како во развој на образованието, така и во развој на инфраструктурата во нивните општини, вели Камчев.

Градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов истакна дека овие централи ќе обезбедуваат приходи на општините, но и ќе се намалат и сметките за електрична енергија, а со генерирање на приходи од продажбата на струјата Општина Радовиш ќе може средствата да ги користи и за други инфраструктурни проекти.

Инаку, струјата која ќе се произведува од овие две фотонапонски центри ќе биде распределена по 25% за општините Конче и Василево, а останатите 50 % ќе ги добива Општина Радовиш. Вкупната инвестиција изнесува околу 23 милиони денари, од кои најголем дел се обезбедени од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската развојна агенција, а свое учество имаат и трите општини. Зафатот се реализира од грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој-втора фаза“.

Актер го обвини Паф Диди за силување!?

Некогаш мегапопуларниот и богат рапер, Паф Диди - Шон Комбс се соочува со серија сериозни обвинувања за сексуанлно злоставување, злоупотреба, а неговите жртви се појавуваат речиси секојдневно.

Сега е Диди еобвинет дека силувал маж.

Инцидентот се случил во 2001 година, а мажот тврди дека раперот анално го силувал и дека после тоа морал да побара лекарска помош.

Како што пренесува Page Six, непознатата жртва одела на состанок поврзан со снимање на спот, на кој бил присутен и Диди. На состанокот имало уште еден човек, кого не го именувал во тужбата, кој му ставил метална направа во устата и орално го силувал по Паф Деди.

„Тужителот почувствувал метал и верува дека тоа е некој вид направа што му ја држела устата отворена додека се обидувал да ја гризне, но не можел“.Подоцна, тужителот открил дека има скршен заб кој барал поправка и делумна протеза“, се наведува во документите.

Човекот, кој работел како актер во доцните 90-ти и раните 2000-ти, наводно бил на аудиција во хотел на Менхетен за улогата на полицаец во музичко видео. На состанокот биле Паф Деди, директорката на кастинг, обезбедувањето и уште десетина луѓе.

притисни ентер