Доминација на Хамилтон и Мерцедес во Лас Вегас

Се одржаа првите тренинзи пред трката за ГН на САД во Лас Вегас. Луис Хамилтон во Мерцедес беше најбрз и на двата.

Седумкратниот светски шампион покажа дека се уште не ја завршил мисијата во Мерцедес. Тој беше најбрз на двата тренинзи досега.

Во првиот забележа време од 1:35.001. На дополнително задоволство на сите во „сребрените стрели“, веднаш до него беше тимскиот колега Џорџ Расел, со аостанување од 396 илјадити делови од секундата. Трет беше Ландо Норис со Мекларен, единствениот во секунда - 953 илјадитинки заостанување.

Истата тројка беше на првите три места на вториот тренинг. Хамилтон повторно беше прв со време од 1:33.825. Овој пат Ландо беше втор со само 11 илјадитинки заостанување, додека Расел трет со 190 илјадитинки заостанување.

Актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман Макс Верстапен беше петти на првиот тренинг, а едвај 17-ти на вториот тренинг. Тимот на Ферари покажа добра форма. Шарл Леклер беше четврти на првиот тренинг, петти на вториот тренинг, а Карлос Саинц беше шести на првиот и четврти на вториот тренинг. /МИА

Актер го обвини Паф Диди за силување!?

Некогаш мегапопуларниот и богат рапер, Паф Диди - Шон Комбс се соочува со серија сериозни обвинувања за сексуанлно злоставување, злоупотреба, а неговите жртви се појавуваат речиси секојдневно.

Сега е Диди еобвинет дека силувал маж.

Инцидентот се случил во 2001 година, а мажот тврди дека раперот анално го силувал и дека после тоа морал да побара лекарска помош.

Како што пренесува Page Six, непознатата жртва одела на состанок поврзан со снимање на спот, на кој бил присутен и Диди. На состанокот имало уште еден човек, кого не го именувал во тужбата, кој му ставил метална направа во устата и орално го силувал по Паф Деди.

„Тужителот почувствувал метал и верува дека тоа е некој вид направа што му ја држела устата отворена додека се обидувал да ја гризне, но не можел“.Подоцна, тужителот открил дека има скршен заб кој барал поправка и делумна протеза“, се наведува во документите.

Човекот, кој работел како актер во доцните 90-ти и раните 2000-ти, наводно бил на аудиција во хотел на Менхетен за улогата на полицаец во музичко видео. На состанокот биле Паф Деди, директорката на кастинг, обезбедувањето и уште десетина луѓе.

Перински во посета на Радовиш: „Создаваме иднина“ - југоисточен енергетски ефикасен регион

Општините Радовиш, Конче и Василево постигнаа енергетска ефикасност како резултат на проектот „Одржлив и рамномерен регионален развој“ фаза 2 кој го реализира Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.

Општините Радовиш, Конче и Василево постигнаа енергетска ефикасност како резултат на проектот „Одржлив и рамномерен регионален развој“ фаза 2 кој го реализира Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија, а во чии рамки досега се поставени фотоволтации на две локции на подрачје на Радовиш во насока на создавање на енергетски ефикасен регион.

Денеска, министерот Златко Перински беше во посета на Општина Радовиш каде заедно со градоначалникот Ацо Ристов, градоначалниците на Конче и Василево, Златко Ристов и Славе Андонов ги посети објектите на кои се поставени фотоволтаичните системи, а ги слушна и досегашните позитивни искуства од имплементацијата на проектот.

Градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, истакна дека благодарение на поддршката на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија, Општината со соседните општини Конче и Василево целосно го аплицирала проектот кој за нив е од големо значење.

„Ме радува што сум домаќин на овој мега невообичаен проект со кој значително ќе ги намалиме трошоците, зголемиме енергетската ефикасност, а добивките ќе може да ги реинвестираме во инфраструктура и други приоритети од интерес на граѓаните. Генерално ќе имаме големи заштеди и повеќекратен бенефит“, истакна Ристов.

Општините Василево и Конче ќе користат по 25 отсто од произведената електрична енергија, чии градоначалници, Славе Андонов и Златко Ристов, изразија голема благодарност за поддршката на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија.

Според министерот Перински, овој проект е одличен пример како може да се искористат 300 просечни сончеви денови во југоисточниот регион.

„Ова претставува клучен фактор за одржлив развој, за унапредување на животниот стандард со оглед на тоа дека со овој проект се создаваат услови за намалување на потрошувачката на електрична енергија што директно влијае на економскиот раст. Во случајов, не само што го промовираме користењето на обновливи извори на енергија, туку овозможуваме долгорочна енергетска сигурност што влијае и на унапредување на квалитетот на живот. Ова е и одличен пример за меѓуопштинска соработка и сметам дека може да се реплицира и во други општини и региони. Со имплементацијата на овој проект се вклучуваме и на трендот за искористувањето на обновливите енергетски потенцијали за зачувување на природната околина, а позитивно влијаеме и на енергетските состојби во целата земја“, посочи Перински.

Според Ѓоко Камчев, директор на Центарот за развој на Југоисточниот регион, со овој проект е направен голем чекор за иднината, за создавање енергетски ефикасни општини со што драстично се намалуваат трошоците за електрична енергија. Тој ги охрабри останатите локални единици и региони, да го следат примерот на овој проект во насока на поефикасни општини во однос на енергетската ефикасност, соопштуваат од Министерството.

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик

Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата, ова е уште еден пример за манипулација со верски и етнички чувства  на ДУИ за покривање на сопствениот криминал.

Правењето на фама околу Јени Џамија е еден од класичните примери за тоа како ДУИ тоне во сопственото политичко мочуриште и си поигрува со верските чувства на граѓаните, притоа ставајќи етнички предзнак на работите отворено манипулирајќи со оваа тема.

Ова е уште еден пример како ДУИ злоупотребува верски и етнички чувства лажејќи и поигрувајќи си со вака сензитивни теми, за да го отргне вниманието за сопствениот лоповлук. Иако вистината е дека ниту на ДУИ му е вистински гајле за Јени Џамија, ниту пак имаат некакво национално или верско чуство и толеранција.

Првите археолошки истражувања и ископувања на споменикот на културата Јени џамија започнале во 2003 година. Ова е период кога меѓудругото и ДУИ е на власт. Тогаш во внатрешноста на Јени џамија се откриени темелите на средновековната катедрална црка „Св. Ѓорги”.

Во 2011 година Врховен суд донел одлука Јени Џамија да биде во владение на РМ, а и се доделува на користење на НУ Завод и музеј – Битола.

Министерството за култура и туризам од 2013 година до 2024 за завршување на овој значаен проект има издвоено 477.000 евра или 20.331.978 денари.

Од 2011 година до пред 5 месеци ДУИ беше на власт 13 години и 13 години на ДУИ не му сметаше што Јени Џамија е објект е споменик на културата, и истиот се користел како галерија. Цели 13 години тој не било проблем за ДУИ што бил истражуван и кроистен за различни поставки.

И за да иронијата биде поголема за отворањето на музејот од страна на ИВЗ поточно муфтијата на реверс биле отстапени две свети исламски книги – Курани, кои што моментално се изложени во музејстата поставка во објектот во кои е презентирано културното наследство на двете религии.

Апелираме јавноста да не подлегнува на артановските игри и бледи лудории на ДУИ и злкоупотребата на вака сензитивни прашања за кои ДУИ е разоткриен и редовно си дава автоголови, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер