МЖСПП: До почист воздух само со конструктивна соработка

До почист воздух само со конструктивна соработка и мобилизација на сите засегнати страни во исполнување на обврските  .

Во услови на зголемени концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и 2,5 микрометри на метар кубен и неповолни временски услови што дополнително придонесуваат за зголемување на загадувањето на амбиенталниот воздух, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ги повикува сите надлежни нституции, општините и Градот Скопје и општините од Градот поинтензивно да ги извршуваат своите обврски согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“.

Имено, пред почетокот на грејната сезона на предлог на МЖСПП, Владата го усвои овој Акциски план во кој се проектирани краткорочни превентивни мерки што ќе овозможат редукција на емисиите од детектираните сектори што имаат најголем придонес во зголемувањето на емисиите на цврсти честички, а со тоа и високите концентрации, што ги надминуваат пропишаните стандарди.

Согласно Акцискиот план ги потсетуваме:

- Општинските инспекциски служби да ги засилат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на Б-Интегрирани еколошки дозволи и елаборати и позасилена контрола, казнувања и опомени за горење масло, пластика и други опасни материи особено во мали сервиси и погони.

- Општините и Градот Скопје со општините дека согласно член 27 од Законот за амбиентален воздух и согласано „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“ имаат обврска да подготват и усвојат краткорочни акциски планови што ќе соодветствуаат на спецификите на секоја општина/град одделно и според кои ќе постапуваат во услови на надминат праг на алармирање.

- Јавните претпријатија за комунална хигиена на Општините и Градот Скопје за редовно чистење на атмосферските и миење на улици и тротоари

- Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и надлежните општински инспектори за урбанизам и градежништво да спроведат засилени вонредни контроли на градилиштата

- Министерство за внатрешни работи, Министерство за економија и труд и Станиците за технички преглед да ги засилат вонредните контроли на станиците за технички преглед на возила, со цел да се утврди дали се спроведува мерење на емисија на издувни гасови, а Министерство за внатрешни работи, односно Сообраќајната полиција да спроведе вонредни контроли на техничка исправност на возилата, особено за оние со дизел горива, и нерегистрирани возила и отстранување на возила од сообраќајот кои се нерегистрирани или чии емисии на издувни гасови не задоволуваат пропишаните стандарди

- Граѓаните што ги затоплуваат домите со огревно дрво правилно да го користат, да не употребуваат пластика, гума, обработено дрво и отпадни материјали во интерес на сопственото здравје и здравјето на другите.

Министерството за животна средина, во соработка со Државниот инспекторат за животна средина, спроведува засилени и вонредни контроли врз индустриските капацитети со А интегрирани еколошки дозволи. Континуирано се следи и квалитетот на воздухот, а јавноста редовно се информира за состојбата и препорачаните мерки за заштита.

Според Извештаите од Државниот инспекторат за животна средина, на територија на град Скопје се поминати со вонредни надзори сите субјекти, продолжуваме со ненајавени контроли кај субјекти кои се задолжени со елаборати за животна средина.

На цементарница УСЈЕ се направени два вонредни ненајавени надзори: еден по 19 часот и еден во работно време. Направена е и контрола на отпад кој влегува во цеметара УСЈЕ. Досега нема отстапувања во параметрите кои се зададени во А дозволата.

Во Струмица согласно добиените известувања за надминување на прагот за алармирање, вонредни надзори на три субјекти се направени на 02.01.2025 година, еден субјект е задолжен со решение и на уште два субјекта се прават денес 08.01.2025 година.

Се известува јавноста дека поголем дел од големите капацитети кои имаат А интегрирана еколошка дозвола на територија на град Скопје, а за кои е надлежен Државниот инспекторат за животна средина не работат или работат со редуциран капацитет. Во моментот комплетно не работат: Макстил АД, Бауер БГ, Гама Градба – Асфалтна база Студеничани, ЈП Улици и Патишта, Радком, Филип инженеринг Асфалтна база, Агреад Дооел Петровец, Асфалтна База Вато Доо Студеничани Скопје. Во Цементарница УСЈЕ АД Скопје работи само една печка (печка 3), а за 20 дена нема да работат и двете заради ремонтни активности.

Исто така, МЖСПП И Владата донесоа „Програма против загадување на воздухот 2024-2030“, со конкретни програмски цели и проектни пакети, кои таргетираат намалување на емисијата на цврсти честички во градовите.

Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање работат во правец на воспоставување конструктивна соработка и мобилизација на сите засегнати страни — државни институции, општини, невладини организации и бизнис-секторот за доброто на сите.

Се срамел да признае што му се случува ноќе, а после две години дијагнозата била поразителна

Бил убеден дека се работи за привремен проблем, а сега се бори за живот.

Дилан Пател (26) е фитнес тренер од Лондон кој со месеци имал проблем со ноќното потење, но му било срам да признае. Меѓутоа, ситуацијата се влошувала, кожата почнала да го чеша и конечно отишол на лекар, а дијагнозата била ужасна - Хочкинов лимфом (форма на тумор на крвта) во четврта фаза.

- Се будев среде ноќ облеан во пот, буквално бев облеан. Мојата облека, постелнината, сè беше влажно, ова ми се случуваше два-три пати во ноќта. Сепак, мислев дека тоа е само треска, а дури две години подоцна отидов на лекар – вели Дилан во објавеното видео на Тикток.

Кога слушнал дека има вкупно пет тумори во телото, вклучително и еден на белите дробови и дека е во четврта, терминална фаза, Дилан бил во шок.

- Потта била само еден од знаците. Кожата неверојатно ме чешаше, толку многу што цело време носев лосион со себе бидејќи мислев дека имам проблем со сува кожа. Забележав и израстоци на вратот, но сметав дека тоа е поради интензивното вежбање - вели Пател.

Иако Хочкиновиот лимфом е исклучително агресивен, тој исто така се смета за излечив, статистиката вели дека 75 проценти од пациентите живеат најмалку 10 години по дијагнозата.

Хочкинов лимфом најчесто се јавува кај луѓе на возраст од 20 до 40 години и постари од 75 години.

- Ако научив нешто од ова искуство, тоа е дека треба да обратам внимание на своето тело. Малите знаци и симптоми? Тие се таму со причина. Не чекајте да биде предоцна – заклучил Пател, пренесува Дејли меил.

https://www.tiktok.com/@dnafitnessuk/video/7195849151379279110

Лоеб: Нема издржани аргументи за нашето исклучување

Деветкратниот светски шампион во рели, Себастиен Лоеб, објасни дека одлуката на ФИА да го дисквалификува од релито Дакар страдала од „недостаток на цврсти аргументи“ и призна дека е разочаран од неговото предвремено отпаѓање.

Вчера, Лоеб и неговиот совозач Фабијан Луркин имаа тешка несреќа на самиот старт на третата етапа од релито, но успеаја да продолжат и да го доведат својот прототип „Дачија Сандрајдер“ до целта и покрај тоа што загубија повеќе од еден час.

Сепак, последователната проверка на автомобилот откри дека дел од ролната на автомобилот е свиткана и затоа екипажот е исклучен, а „Дачија“ изјави дека ќе се жали на одлуката.

-Навистина е разочарувачки што мораме да се вратиме во Џеда наместо да ја продолжиме борбата. Видовте што се случува со болидите. Еден час и 15 минути од лидерот ништо не е загубено. Да, ќе почневме поназад, но ќе имавме шанса да постигнеме нешто, изјави Лоеб.

Легендарниот возач вчера потроши време и на самата несреќа - превртувањето со голема брзина.

-Немам зборови да објаснам што се случи. Не притискав многу, но беше многу непријатна компресија и задникот отскокна, едноставно е. Во овој момент не можев многу да направам. Се случуваат такви работи, но тоа не ја прави ситуацијата помалку непријатна, призна Французинот.

Тој даде мислење и за одлуката на ФИА по проверката на неговиот болид.

-Вчерашната одлука е многу тешко да се прифати. За мене ова е непријатно и разочарувачко, бидејќи според мене на оваа одлука и недостасуваат цврсти аргументи. Се разбира, безбедноста е супер важна, тоа го разбирам. Но, лимитот поставен од ФИА се чини дека не е многу погоден за нашата дисциплина бидејќи се натпреваруваме во екстремни услови. Нашиот тим обезбеди докази за да докаже дека ролната останува цврста и силна, имам целосна доверба во тимот. Дури и со голо око, можете да видите дека нема компромис за безбедноста. Да, ова е тешко да се прифати, изјави уште Лоеб. /МИА

Невработеноста во САД останува 4,2 отсто, помал број Американци пријавиле невработеност

Бројот на Американци кои примаат надоместок за невработеност неочекувано се намалил минатата недела, а тоа укажува на стабилност на пазарот на трудот на почетокот од годината, додека стапката на невработеност се предвидува да остане 4,2 отсто.

Иако на почетокот од годината бројот на барања за надоместок за невработеност обично е нестабилен, годинава овој показател можеби е поврзан со ниското ниво на отпуштања. Стабилноста на пазарот на трудот е потврдена со податоците објавени во синоќа што кои покажуваат раст на бројот на работни места во ноември: на секој невработен имало 1,13 отворени работни места, споредено со 1.12 во октомври.

Се очекува дека состојбата на пазарот на трудот во САД да овозможи Федералните резерви (американската Централна банка) во јануари да не вршат интервенција со каматните стапки.

Во САД во ноември биле отворени 227.000 нови работни места. Се прогнозира дека стапката на невработеност ќе остане непроменета и ќе изнесува 4,2 отсто.

Сепак, иако нивото на отпуштања останува ниско споредено со историските податоци, вработувањето во САД е забавено. Некои од оние што останале без работа бараат нова работа со месеци./МИА

притисни ентер