Мото ГП: Шпанецот Мартин победи на ГН на Сан Марино

Шпанецот Хорхе Мартин (Дукати – Прамак) е победник на денешната Голема награда на Сан Марино, 12. од 20-те овосезонски трки во МотоГП.

Шпанецот триумфираше пред Марко Бецеки (Дукати – VR46) и водечкиот во генералниот пласман Франческо Бањаја (Дукати).

Бранителот на титулата Бањаја и натаму води во генералниот пласман со 283 бодови, додека зад него е Мартин со 247 бодови.

Следната трка во календарот на МотоГП е на 24 септември за Големата награда на Индија. /МИА

Претседателката на Собранието на Албанија во посета на Македонија

Претседателката на Собранието на Република Албанија, Елиса Спиропали денеска ќе биде во посета на Македонија.

Според собраниската прес-служба, Спиропали ќе оствари неколку средби. Предвидено е да има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, а најавени се и средби со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со Талат Џафери, поранешен претседател на Собранието, како и со лидерот на СДСМ Венко Филипче

По средбата со претседателот на Собранието предвидена е изјава за медиумите.

Партијата на Шолц победи на покраинските избори во Бранденбург

По низата разочарувачки избори, централно-левичарските социјалдемократи (СПД) на германскиот канцелар Олаф Шолц победија на вчерашното гласање во источната покраина Бранденбург, јави ДПА.

Во поголемиот дел од летото, анкетите покажуваа дека екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) води во Бранденбург. Сепак, партијата не успеа да ја престигне СПД на вчерашните избори.

Во услови на рекордно висока излезност, избирачите во Бранденбург и дадоа на СПД речиси 31 процент од гласовите, според прелиминарните резултати, што е зголемување од речиси пет процентни поени во однос на резултатите на СПД на последните државни избори во 2019 година.

Но, Шолц најверојатно само кусо ќе ужива во резултатите од вчерашното гласање, коментира ДПА и додава дека херој на вечерта на СПД бил популарниот долгогодишен актуелен државен премиер на Бранденбург, Дитмар Војке, кој експлицитно се огради од Шолц пред изборите и ја одби поддршката на канцеларот за време на кампањата.

Наместо тоа, Вајдке ги направи изборите референдум за неговата лична популарност, ветувајќи дека ќе се повлече ако неговата партија не победи.

Тоа е и покрај фактот што Шолц живее во главниот град на Бранденбург, Потсдам, кој се наоѓа веднаш надвор од Берлин.

Шолц денеска во Њујорк треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва. /МИА

Во Њујорк прва средба Муцунски - Герапетритис

 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис. 

Ова е прва средба меѓу двајцата министри, која ќе се одржи на маргините на 79. Генерално собрание на ОН.

На средбата, како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна тровија, ќе се разговара за актуелните регионални и меѓународни теми, како и за понатамошното продлабочување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.

Средбата ја потврдија и од грчкото МНР, посочувајќи дека на маргините на Генералното собрание, Герапетритис ќе има одделни билатерални средби со министрите за надворешни работи на Боливија, Македонија, Бахреин и Саудиска Арабија.

Шефовите на дипломатиите на двете земји првпат ќе имаат билатерална средба. На средината на јули, Муцунски и Герапетритис остварија телефонски разговор, а во фокусот беше справувањето со пожарите што тогаш беа активни кај нас.

Муцунски и Герапетритис денеска ќе учествуваат и на Министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, во присуство на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан.

Mинистерот Муцунски, како што најавија од МНРНТ, ќе има значајни средби со претставници на земјите од А5, земјите членки на ПСЈИЕ, ОБСЕ Тројката, и ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји. Исто така, тој ќе одржи бизнис средби поврзани со надворешната трговија и странските инвестиции.

Планирано е министерот да се обрати на „Интерактивниот дијалог 2“ на тема „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународен мир и безбедност“, што е клучен настан за повторно обврзување на глобалното единство според Повелбата на ОН.

Дополнително, Муцунски ќе учествува и на вториот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Г20, како и на отворената дебата на високо ниво на Советот за безбедност на ООН на тема: „Лидерство за мир: Обединети во почитување на Повелбата на ООН во потрага по безбедна иднина.“

притисни ентер