Проклетството на „Беверли Хилс“

 – Уште една актерка е неизлечиво болна, трпи неподносливи болки

Имала две операции, а лекарите ѝ дијагностицирале тешка болест.

Актерите од серијата „Беверли Хилс 90210“ која во деведесеттите години на минатиот век беше исклучително популарна ширум светот, се чини дека се проколнати. Актерите кои се прославија во оваа серија умираат еден по друг или доживуваат тешки несреќи. Шенон Доерти, која се прослави со улогата на Бренда во оваа серија, почина во средината на јули на 54-годишна возраст по долга борба со ракот.

Пред пет години, Лук Пери (кој го играше бунтовникот Дилан) ненадејно почина како последица на мозочен удар. Сега Џени Гарт открива дека е тешко болна и трпи неподносливи болки.

Двете операции и болките

Џени открива дека во последните четири години имала две операции кои до сега ги чувала во тајност. Таа првпат била подложена на операција за замена на левиот колк во 2020 година, а четири години подоцна ѝ бил заменет и десниот колк. Но, нејзините проблеми не завршуваат тука, всушност тие штотуку почнале.

- Ова не е нешто што ги погодува само 80-годишниците. Долго време живеев со болки во колковите, секогаш кога ги подигав нозете, се слушаше како крцкаат. Како кај некој што јавал или танцувал од детството, сфатив дека сето тоа е поради истрошеност - изјавила актерката за магазинот Self“.

Поради оваа болест која најчесто ги погодува постарите, таа се срамела, бидејќи многумина би ја сметале за стара.

- Болеста со текот на времето постепено се влошуваше. Во еден момент ми беше толку болно што не можев ниту да ги прошетам кучињата. Мислев дека е артритис – додала таа.

Џени била подложена на детални испитувања, по што добила изненадувачка дијагноза. Докторот ѝ рекол дека има остеоартритис на колената, палците и колковите, што за Џени било кошмар.

- Тогаш бев во средината на 40-тите години, и се чувствував старо и збунето. Сакав да останам активна, но набргу сфатив дека повеќе не можам да го придружувам семејството за време на вообичаените активности - била искрена Џени Гарт.

На едно семејно скијање, почувствувала толку страшна болка што морала постојано да лежи.

- Тогаш многу се вознемирив, бидејќи чувствував дека квалитетот на мојот живот се намалува. Не сакав да бидам некоја што не може да си ги извршува работите што сака да ги прави за своето семејство. Освен тоа, мојот сопруг Дејв Абрамс е девет години помлад, а јас се чувствував толку старо и болно - додала познатата актерка.

Здравствените проблеми низ кои поминала ја научиле многу повеќе да го цени своето тело и физичките способности.

-Јас сум нежна личност и сакам да се грижам залуѓето, така што сето ова ме натера да забавам и да почнам малку подобро да се грижам за себе, да им дозволувам на другите да ми помогнат. Посакував моите операции и закрепнувањето да изгледаат лесно, особено за мојот сопруг. Не сакав да му делувам старо и да гледа како се мачам, но не можев тоа да го сокријам од него бидејќи веќе се криев од целиот свет – изјавила Џени.

Остеоартритис - симптоми

Остеоартритисот е најчестo хронично заболување на зглобовите и втора најчеста причина за траен инвалидитет кај возрасните. Погодува голем број на средовечни и постари лица, а жените дури трипати почесто заболуваат од оваа болест во однос на мажите. Може да се појави во секој зглоб, а најчесто ги зафаќа рацете, врвовите на прстите, колената, колковите, 'рбетот, вратот и долниот дел од грбот. Оваа болест е неизлечива, а терапијата се заснова на ублажување на симптомите и болката.

Најчестите симптоми се: болка, непријатност при притискање на областа на прстите, вкочанетост, воспаление.

Извор: srecna.republika.rs

Австралија обезбедува дополнителни 10 милиони долари хуманитарна помош за Газа

Австралија издвои 82,5 милиони долари од почетокот на војната во Газа, а владата најави дека ќе обезбеди дополнителни 10 милиони австралиски долари (6,8 милиони американски долари) хуманитарна помош за Газа.

Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг рече дека финансирањето ќе овозможи „помош за спасување животи, со фокус на жените и девојчињата“ преку агенциите на Обединетите нации УНИЦЕФ и УНФПА.

„Поддршката на Австралија ќе помогне во решавање на тешката хуманитарна ситуација со испорака на храна и основни хигиенски и здравствени производи“, рече Вонг.

Според неа, брза, безбедна и непречена хуманитарна помош мора да стигне до цивилите, а хуманитарните работници мора да бидат заштитени за да им се овозможи да спасуваат животи.

„Продолжуваме да вршиме притисок за прекин на огнот, заштита на цивилите и ослободување на заложниците“, рече таа.

Министерот за меѓународен развој и Пацифик Пат Конрој ја оцени ситуацијата во Појасот Газа како „катастрофална“.

„Цивилите не треба да бидат принудени да ја плаќаат цената за ужасните дела на другите“, рече тој.

Канбера додели 82,5 милиони долари хуманитарна помош од почетокот на војната во Газа. /МИА

Претседателката на Собранието на Албанија во посета на Македонија

Претседателката на Собранието на Република Албанија, Елиса Спиропали денеска ќе биде во посета на Македонија.

Според собраниската прес-служба, Спиропали ќе оствари неколку средби. Предвидено е да има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, а најавени се и средби со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со Талат Џафери, поранешен претседател на Собранието, како и со лидерот на СДСМ Венко Филипче

По средбата со претседателот на Собранието предвидена е изјава за медиумите.

Партијата на Шолц победи на покраинските избори во Бранденбург

По низата разочарувачки избори, централно-левичарските социјалдемократи (СПД) на германскиот канцелар Олаф Шолц победија на вчерашното гласање во источната покраина Бранденбург, јави ДПА.

Во поголемиот дел од летото, анкетите покажуваа дека екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) води во Бранденбург. Сепак, партијата не успеа да ја престигне СПД на вчерашните избори.

Во услови на рекордно висока излезност, избирачите во Бранденбург и дадоа на СПД речиси 31 процент од гласовите, според прелиминарните резултати, што е зголемување од речиси пет процентни поени во однос на резултатите на СПД на последните државни избори во 2019 година.

Но, Шолц најверојатно само кусо ќе ужива во резултатите од вчерашното гласање, коментира ДПА и додава дека херој на вечерта на СПД бил популарниот долгогодишен актуелен државен премиер на Бранденбург, Дитмар Војке, кој експлицитно се огради од Шолц пред изборите и ја одби поддршката на канцеларот за време на кампањата.

Наместо тоа, Вајдке ги направи изборите референдум за неговата лична популарност, ветувајќи дека ќе се повлече ако неговата партија не победи.

Тоа е и покрај фактот што Шолц живее во главниот град на Бранденбург, Потсдам, кој се наоѓа веднаш надвор од Берлин.

Шолц денеска во Њујорк треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва. /МИА

притисни ентер