МОН го објави конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 г.

Министерството за образование и наука информира дека e објавен конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година. Аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk.

Министерството за образование и наука информира дека e објавен конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година. Аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а рокот е заклучно со 15.11.2024 година.

Вкупно 1.470 стипендии се наменети за редовни студенти од социјалните категории. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, општествените и хуманистичките науки, кои постигнале висок успех во текот на студиите, предвидени се 770 стипендии, додека 85 стипендии се обезбедени за студенти запишани на студиски програми по информатика.

По 15 стипендии се наменети за студентите запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности; студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија; студиски програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно.

Предвидени се 500 стипендии за студентите запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,65.

Вкупно 130 стипендии ќе користат студенти запишани на студиски програми по хемија, физика, математика, земјоделските, ветеринарните и шумарските науки, а 30 стипендии се наменети за студенти кои се запишат во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование.

Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година и во износ од 6050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми по хемија, физика и математика, како и за земјоделските, ветеринарните и шумарските науки кои изнесуваат 18.000 денари месечно.

Министерството за образование и наука ги повикува сите студенти да ги разгледаат условите и критериумите наведени во конкурсот и доколку ги исполнуваат за одредена категорија на стипендии, да ги поднесат потребните документи. Дозволено е аплицирање само за една категорија на стипендии.

Министерство за образование и наука

Во Словенија нови одредби за постојан и за продолжување на привремениот престој

 Во Словенија од денеска важат нови одредби од Законот за странци кои предвидуваат познавање на словенечкиот јазик на основно и на егзистенцијално ниво.

Според Законот услов за добивање дозвола за постојан престој, во Словенија ќе биде потребно основно познавање на словенечкиот јазик, додека за продолжување на привремениот престој поради обединување на семејството, условот ќе да биде познавање на јазикот на егзистенцијално ниво.

Основно знаење значи ниво А2 на заедничката европска јазична рамка. Егзистенцијалното ниво подразбира темелна комуникација на словенечки јазик, ограничена на едноставни, предвидливи, секојдневни ситуации, во кои изразот е рутински и се повторува.

Закерберг потврди: „Meta AI“ има повеќе од 500 милиони корисници

Сопственикот на компанијата „Meta“ ја потврди статистиката за дел од услугите кои се дел од овој гигант.

Минатиот месец, Марк Закерберг истакна дека „Meta AI“ е на пат да стане најкористениот генеративен асистент за вештачка интелигенција во светот.

Услугата сега означи значајно достигнување, бидејќи „Meta AI“ има повеќе од 500 милиони корисници, како што Закерберг откри за време на последниот состанок со инвеститорите.

Половина милијарда корисници достигнаа само една година откако „Meta“ ја лансираше својата вештачка интелигенција есента минатата година. Закерберг вели дека компанијата сè уште очекува „Meta AI“ да стане најкористениот асистент до крајот на 2024 година, иако тој не кажа како се одредува таа метрика.

„Meta“ вештачката интелигенција не е единствената алатка која го подобрува работењето на компанијата. Закерберг истакна дека подобрувањата на вештачката интелигенција во препораките за храна и видео доведоа до зголемување од 8% во времето што корисниците го поминуваат на „Facebook“ и 5% на „Instagram“ оваа година.

Исто така, апликацијата „Threads“ на „Meta“ продолжува да расте. Услугата сега има речиси 275 милиони месечни активни корисници, со раст од повеќе од милион регистрации дневно.

Извор: Б92

Грчки медиуми: Мицкоски инсистира на терминот Македонија

Ставовите на премиерот Христијан Мицкоски за употребата на придавката „македонски“ и терминот „Македонија“, изразени на вчерашната собраниска седница посветена на пратенички прашања, се најдоа во дел од онлајн изданијата на грчките медиуми.

Ставовите на премиерот Христијан Мицкоски за употребата на придавката „македонски“ и терминот „Македонија“, изразени на вчерашната собраниска седница посветена на пратенички прашања, се најдоа во дел од онлајн изданијата на грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од државната новинска агенција АНА-МПА под наслов „С. Македонија: Премиерот Мицкоски инсистира на терминот Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.

„Скопје: Напади од националистите кон Мицкоски, затоа што оди на одмор...на Халкидики“; „Нова провокација од Мицкоски: Договорот од Преспа не го забранува терминот Македонија“; „Инсистира на Македонија, Христијан Мицкоски“; „С. Македонија: Нова провокација од премиерот Мицкоски – Повторно зборуваше за „Македонија“ и „Македонци“ се дел од насловите во медиумите во Грција кои ја презедоа веста од државната агенција.

АНА-МПА пишува дека Мицкоски истакнал дека „при секоја негова изјава и интервју досега земјата ја нарекува Македонија, а граѓаните Македонци“ и во целост пренесува дел од неговите ставови.

-Можам да ви кажам дека никаде во Договорот од Преспа не е забранета придавката „македонски“ или „Македонија“. Тоа е регулирано со член 7, став 2 и 3 од Договорот и конечно можеме да се согласиме дека и ние имаме право да ја користиме придавката „македонски“ како што и тие (во Грција) имаат исто право, изјави Христијан Мицкоски од говорницата на Собранието, одговарајќи во четвртокот попладне на соодветно прашање поставено од пратеникот и лидер на ултранационалистичката опозициска партија „Левица“, Димитар Апасиев, кој Мицкоски го нарече „северномакедонски премиер“ и го обвини дека додека во минатото отворено застана против Договорот од Преспа, сега вели дека го „почитува“, пишува АНА-МПА.

Во продолжение пренесен е ставот на Мицкоски дека Апасиев секој месец, како пратеник на С. Македонија потпишува за да добие пратеничка плата, но ги споменува и меѓусебните обвинувања за летните одмори на Халкидики и изјавата на лидерот на Левица дека оди на Халкидики, бидејќи е средна класа.

АНА-МПА потсетува дека „националистичката левичарска партија Левица“ на последните парламентарни избори во С. Македонија го зголеми рејтингот на околу седум отсто./МИА.

притисни ентер