Мила Стефановска – најмладиот глас на „Златно Славејче“ со песната „Мила прави торта“

На само 6 години, малата Мила Стефановска успеа да внесе свежина, искреност и несекојдневен шарм на големата сцена на „Златно Славејче“, со своето музичко деби - песната „Мила прави торта“.

Оваа манифестација, која долги години претставува платформа за промоција на детскиот талент, доби ново лице во ликот на најмладата учесничка досега, која со својата храброст, детска искреност и талент ги воодушеви сите присутни.

Песната „Мила прави торта“ не е само детска композиција – таа е весела ода за радоста на животот, малите моменти и моќта на љубовта што ги прави работите поубави. Со разигран текст и мелодија што веднаш се памети, оваа песна ве носи назад во најбезгрижните детски денови.

Настапот на Мила на сцената на „Златно Славејче“ беше нејзиниот прв чекор во светот на музиката, а нејзината природност и шарм беа најголемите ѕвезди на вечерта.

Покрај тоа што успеа да се истакне како најмладата учесничка на „Златно Славејче“, Мила стана инспирација за сите деца кои сонуваат да застанат на големата сцена. Со својата насмевка и харизма, таа покажа дека нема прерано време за да се започне со исполнување на соништата.

Оваа песна е достапна за сите кои сакаат да ја слушнат радоста што ја носи детството и да ја почувствуваат магијата на музиката преку гласот на Мила. Без сомнеж, „Мила прави торта“ ќе стане мелодија која ќе се пее во домовите, градинките и училиштата, носејќи среќа и насмевки каде и да се слушне.

Лоеб: Нема издржани аргументи за нашето исклучување

Деветкратниот светски шампион во рели, Себастиен Лоеб, објасни дека одлуката на ФИА да го дисквалификува од релито Дакар страдала од „недостаток на цврсти аргументи“ и призна дека е разочаран од неговото предвремено отпаѓање.

Вчера, Лоеб и неговиот совозач Фабијан Луркин имаа тешка несреќа на самиот старт на третата етапа од релито, но успеаја да продолжат и да го доведат својот прототип „Дачија Сандрајдер“ до целта и покрај тоа што загубија повеќе од еден час.

Сепак, последователната проверка на автомобилот откри дека дел од ролната на автомобилот е свиткана и затоа екипажот е исклучен, а „Дачија“ изјави дека ќе се жали на одлуката.

-Навистина е разочарувачки што мораме да се вратиме во Џеда наместо да ја продолжиме борбата. Видовте што се случува со болидите. Еден час и 15 минути од лидерот ништо не е загубено. Да, ќе почневме поназад, но ќе имавме шанса да постигнеме нешто, изјави Лоеб.

Легендарниот возач вчера потроши време и на самата несреќа - превртувањето со голема брзина.

-Немам зборови да објаснам што се случи. Не притискав многу, но беше многу непријатна компресија и задникот отскокна, едноставно е. Во овој момент не можев многу да направам. Се случуваат такви работи, но тоа не ја прави ситуацијата помалку непријатна, призна Французинот.

Тој даде мислење и за одлуката на ФИА по проверката на неговиот болид.

-Вчерашната одлука е многу тешко да се прифати. За мене ова е непријатно и разочарувачко, бидејќи според мене на оваа одлука и недостасуваат цврсти аргументи. Се разбира, безбедноста е супер важна, тоа го разбирам. Но, лимитот поставен од ФИА се чини дека не е многу погоден за нашата дисциплина бидејќи се натпреваруваме во екстремни услови. Нашиот тим обезбеди докази за да докаже дека ролната останува цврста и силна, имам целосна доверба во тимот. Дури и со голо око, можете да видите дека нема компромис за безбедноста. Да, ова е тешко да се прифати, изјави уште Лоеб. /МИА

Невработеноста во САД останува 4,2 отсто, помал број Американци пријавиле невработеност

Бројот на Американци кои примаат надоместок за невработеност неочекувано се намалил минатата недела, а тоа укажува на стабилност на пазарот на трудот на почетокот од годината, додека стапката на невработеност се предвидува да остане 4,2 отсто.

Иако на почетокот од годината бројот на барања за надоместок за невработеност обично е нестабилен, годинава овој показател можеби е поврзан со ниското ниво на отпуштања. Стабилноста на пазарот на трудот е потврдена со податоците објавени во синоќа што кои покажуваат раст на бројот на работни места во ноември: на секој невработен имало 1,13 отворени работни места, споредено со 1.12 во октомври.

Се очекува дека состојбата на пазарот на трудот во САД да овозможи Федералните резерви (американската Централна банка) во јануари да не вршат интервенција со каматните стапки.

Во САД во ноември биле отворени 227.000 нови работни места. Се прогнозира дека стапката на невработеност ќе остане непроменета и ќе изнесува 4,2 отсто.

Сепак, иако нивото на отпуштања останува ниско споредено со историските податоци, вработувањето во САД е забавено. Некои од оние што останале без работа бараат нова работа со месеци./МИА

Шејнбаум: „Мексикански залив“ е меѓународно признато име

Трамп вчера најави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во Американски залив

По вчерашната изјава на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за неговата идеја за преименување на Мексиканскиот Залив во „Американски Залив на Америка“, претседателката на Мексико Клаудија Шејнбаум денеска посочи дека „Мексиканскиот залив“ е меѓународно признато име и дека Трамп „живее во минатото““.

-Мислам дека на претседателот Трамп погрешно му кажале, му кажале дека Фелипе Калдерон сè уште е претседател. Но, не, во Мексико луѓето се одговорни, рече Шејнбаум на прес-конференција, пренесуваат британските медиуми.

Калдерон го водеше Мексико од 2006 до 2012 година.

Шенјбаум покажа карта на поранешно Мексико, која ги вклучува териториите кои сега се дел од Соединетите Американски Држави.

-Мексиканска Америка, тоа звучи убаво, рече Шејнбаум.

Трамп вчера најави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во Американски залив./МИА

притисни ентер