Лице од Флорида уапсено поради подготовка да ја дигне во воздух берзата во Њујорк

 Американската полиција уапсила синоќа лице осомничено за подготовка да постави експлозивна направа во Њујоршката берза неделава за да ја „ресетира“ владата на САД.

Полицијата дознала за неговите планови во прикриена операција.

Харун Абдул-Малик Јенер (30) од Флорида е уапсен по повеќемесечна истрага спроведена од агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ), на кои наводно им побарал помош да најде компоненти за експлозив, со цел да направи импровизирана бомба од цевка. Јенер верувал дека прикриените агенти се членови на паравоена група во која сакал да се зачлени.

Според ФБИ, осомничениот планирал експлозијата за да предизвика „ресетирање“ на власта во САД.

Тој им изјавил на агентите дека го избрал објектот на Њујоршката берза, бидејќи таков чин „би бил поддржан од многу луѓе“, открива ФБИ во соопштение.

- Јас сè видов одвнатре, ја знам поставеноста, таму речиси и да нема обезбедување“, изјавил тој подоцна на агентите.

ФБИ соопшти дека при претрес на магацин што му припаѓал на Јенер биле пронајдени скици на бомби, тајмери, матични плочи од компјутери и други електронски компоненти „што може да се користат за изработка на експлозивни направи“.

Анализата на историјата на пребарувачот на Јенер, извршена со судски налог за претрес, покажала дека од 2017 година посетувал страници „поврзани со изработка на бомби“. Дополнително, во неговите пораки и електронска пошта биле пронајдени и разговори на оваа тема.

Зовре атмосферата меѓу Апасиев и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Собранието на раб на тепачка – пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, со пцовки, навреди и обид за физичка пресметка со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. 

Претходеше долга процедурална расправа меѓу координаторите на двете пратенички групи Мицевски и Крмов, околу тоа колку прашања најавиле а колку поставиле од Левица, во која беше спомнат и Апасиев.. Тој тогаш почна да довикува од место, фрли слушалки кон еден од пратениците, а неговите сопартијци се обидуваа да ја смират тензичната атмосфера.

Откако се смири ситуацијата, на говорницата излезе премиерот Мицкоски, кој беше прашан од Левица зошто Владата дала поддршка за именувањето на Радмила Шекеринска за втор човек на НАТО Алијансата. Тој и денеска повтори дека без ОГЛЕД на идеолошките разлики со неа, логично е да се поддржи единствената Македонка во конкуренција со кандидати од други држави.

Овие дополнителни пратенички прашања се алатка воведена со новиот деловник на Собранието. Целта е покрај редовната седница кадешто се поставуваат прашања до премиерот, министрите и првите луѓе на највисоките државни ограни, за прашања од опозиционерите да биде отстапен дополнителен простор од 2 часа.

Централната банка на Турција ја задржа референтната каматна стапка на 50 отсто

Централната банка на Турција (ТЦМБ) денеска одлучи, осмипат по ред, да ја задржи референтната каматна стапка на 50 проценти.

Додека гувернерот на ТЦМБ, Фатих Карахан изјави дека се подобрени инфлаторните очекувања во Турција се подобрени, што во иднина би можело да доведе до намалување на каматата.

Годишната стапка на инфлација во Турција во октомври се спушти под 49 отсто, што е најниска од јули 2023 година.

Блумберг очекува референтната каматна стапка на Турција да се намали од сегашните 50 отсто на 47,5 отсто до крајот на 2024 година и на 25 проценти до крајот на 2025 година.

Банана на бел ѕид со леплива лента продадена за 5,2 милиони долари

Контроверзно уметничко дело банана закачена на бел ѕид со селотејп лента е продадена за неверојатни 5,2 милиони долари, предизвикувајќи дебата за тоа што претставува уметност.

Станува збор за уметничкото дело „комичар“ на италијанскиот уметник Маурицио Кателан, кој дебитираше во 2019 година на изложбата „Арт базел Мајами бич“, каде тоа стана многу дискутирана сензација.

Провокативното уметничко дело не е ниту историска слика на масло на платно или уникатна скулптура, беа чести коментири во јавноста, откако наддавањето започна со 800 американски долари, а заврши со 5,2 милиони.

притисни ентер