Лашкоска учествуваше на 10-тата сесија на Состанокот на страните на Конвенцијата за води

Прекуграничната соработка во управувањето со водите претставува камен-темелник за климатска адаптација во нашата држава.

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на 10-тата сесија на Состанокот на страните на Конвенцијата за води на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) , што деновиве се одржува во Љубљана, Словенија.

Настанот претставува можност нашата држава да ги претстави приоритетите и да придонесе за обликување на стратешката насока на идната работа на Конвенцијата.

Лашкоска имаше свое обраќање во рамки на Сесијата: Нашите води - наша иднина, каде ги изнесе искуствата од меѓуграничното управување со водите во функција на климатските промени.

Според неа, прекуграничната соработка во управувањето со водите претставува камен-темелник за климатска адаптација во нашата држава, со оглед на заедничките водни ресурси со кои изобилува регионот.

- Придобивките од прекуграничната соработка се јасни: со заедничко работење, ние сме способни подобро да ги анализираме и да управуваме со заедничките климатски ризици, да ги намалиме неизвесностите преку размена на критични податоци и да развиеме координирани стратегии од кои имаат корист сите држави во сливот – истакна Лашкоска.

Како одличен пример за успешна меѓународна соработка и регионален дијалог, таа ја наведе соработката околу Дримскиот басен, кој ја поврзува Северна Македонија со Албанија, Грција, Косово и Црна Гора.

- Дримскиот процес значително ги подобри институционалните капацитети и прекуграничната соработка преку воспоставување заеднички тела за прекугранично управување, споделување податоци и развивање стратешки акционен план кој вклучува мерки за отпорност на климата – рече Лашкоска во своето обраќање.

Таа додаде и дека ваквите дијалози се клучни за идентификување решенија и можности за соработка, а со фокусирање на заедничките предизвици, може да се искористат придобивките од соработката, од забрзан економски раст и подобрена благосостојба на човекот, до зголемена еколошка одржливост и политичка стабилност.

Десеттата сесија на Состанокот на страните се смета за клучна пресвртница за Конвенцијата за води, како и во прегледот на нејзиниот придонес за решавање на тројната планетарна криза.

Настанот вклучува сегмент на високо ниво, општ сегмент и споредни настани, на кои се разговара за поврзани теми како што се адаптација на климатските промени, управување од извор до море, меѓусекторска соработка и финансирање на соработката во вода. Се очекува Страните на Конвенцијата за води да усвојат иновативна нова програма за работа за периодот 2025-2027 година, која помага да се реши тројната планетарна криза, како и да донесат други одлуки, вклучително и одлуки за развој на поодржлив и попредвидлив механизам за финансирање на Конвенцијата.

Настанот е во организација на Владата на Словенија и Секретаријатот на Конвенцијата за заштита и користење на прекугранични водни текови и меѓународни езера (Конвенција за вода), чиј домаќин е UNECE.

Франција ќе обезбеди 100 милиони евра помош за Либан

 Франција ќе обезбеди пакет помош од 100 милиони евра за поддршка на Либан, изјави денеска претседателот Емануел Макрон на меѓународна конференција во Париз.

Макрон рече дека „што поскоро е потребна огромна помош за либанското население и за стотиците илјади луѓе раселени за време на војната, како и за заедниците што ги прифаќаат бегалците“.

Во Франција денеска се одржува меѓународна конференција за Либан за да се собере воена и хуманитарна помош за земјата во која во војната меѓу Хезболах и Израел се раселија милион луѓе и загинаа над 2.500.

Организаторите се надеваат дека ќе соберат 426 милиони долари хуманитарна помош за која Обединетите нации велат дека е итно потребна.

Париз, исто така, се обидува да помогне во обновувањето на суверенитетот на Либан и да ги зајакне неговите институции./МИА

Фон Дер Лајен: Проширувањето ќе остане врвен пориоритет на ЕK во следните пет години

Проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години

Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.

- Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години. Сега ги имаме сите потребни алатки и инструменти за да го овозможиме тоа, рече таа.

Претседателката на ЕК посочи дека Македонија постигна многу и дека покажа одлучност во преземањето на секој чекор.

- И навистина сакам да ја пофалам Македонија и да одадам почит на луѓето. Сега работата навистина мора да продолжи, рече Фон Дер Лајен.

Премиерот Мицкоски истакна дека Владата високо ја цени заложбата на претседателката на ЕК за нашиот евроинтеграциски пат и дека очекува ЕУ заедно со нас да помогне како да го продолжиме тој пат мпочитувајќи го ставот на граѓаните. Мицкоски изрази убеденост дека заедно може да се надминат овие пречки.

Опожарено возилото на сопственикот на регионалната Телевизија МНЕТ во Штип

 Рано утринава во дворот на семејната куќа на директорот на регионалната Телевизија М НЕТ, Благој Серсемов запален е неговиот автомобил. Во тек е истрагата од страна на истражните органи.

Од регионалниот актив на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) информираа дека во 15 часот е закажана прес-конференција за случајот со опожареното возило на директорот на Телевизија М НЕТ од Штип.

притисни ентер