Крвава пресметка на Цетиње, најмалку седум убиени

Во Цетиње во Црна Гора вечерва се случи убиствена пресметка, објавија локалните медиуми.

Според неофицијални информации, осомничениот прво убил повеќе лица во кафеана, а потоа убил уште неколку на други локации.

Од црногорската полиција засега не го соопштуваат точниот број на загинати, но изјавиле дека се трага по лице со иницијали А.М. Како што неофицијално дознава црногорски „Дан“, по убиствата извршени во кафеаната, осомничениот отишол во куќа каде убил уште неколку лица. Се шпекулира дека меѓу мртвите има и деца.

- Напоменуваме дека лицето е вооружено и опасно и уште еднаш директно апелираме до граѓаните на Цетиње да бидат присебни и да останат во своите станбени објекти и да не пуштаат непознати лица во своите домови, додека полицијата ги презема сите мерки и дејствија во насока на заштита и процесуирање на нив виновниците за овој настан, соопштија од УП.

Според тамошната полициска управа, денеска во попладневните часови во местото Бајице, во еден угостителски објект, лицето А.М. со употреба на огнено оружје им ги одзело животите на неколку лица.

Вооружен го напуштил објектот и побегнал.

– Апелираме до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност со цел да ја стават ситуацијата под контрола и кривично да ги гонат сторителите. Ја информираме јавноста дека се работи за настан кој не е резултат на разбивање на високоризични организирани криминални групи – нагласуваат од Управата на полицијата во Црна Гора.

За решавање на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици.

Чeститка од Гаши за реизборот на Мајк Џонсон за претседател на Претставничкиот дом на САД

Искрени честитки за реизборот на Мајк Џонсон за претседател на Претставничкиот дом на САД!

Неговото докажано лидерство е важно не само за американската демократија, туку и за продлабочување на соработката меѓу Собранието на Македонија и Претставничкиот дом на САД.

Убеден сум дека нашата соработка ќе се прошири во унапредување на демократските вредности, и затоа му посакувам успех во овој мандат, надевајќи се дека ќе продолжи да ја поддржува стабилноста и развојот на меѓународните односи, зацврстувајќи ги врските меѓу нашите две земји.

Африм Гаши

Од вторник голема промена во училиштата во Загреб по убиството на прваче и нападот со нож

По неодамнешниот трагичен настан во основното училиште „Пречко“ во Загреб, кога еден ученик загина, а тројца наставници беа повредени со остар предмет, од вторник, кога почнува второто полугодие, влезовите ќе ги чува професионално обезбедување.

Ова го соопшти заменик-градоначалничката на Загреб, Данијела Доленец и додаде дека Градот како основач ќе ги покрие трошоците за ангажирање фирми до крајот на учебната година.

Во меѓувреме, додаде таа, Министерството за наука и образование ќе обучува и вработува лица во училиштата кои ќе бидат задолжени за безбедноста.

Министерството за наука и образование вчера го објави Протоколот за контрола на влез и излез во училишните установи, со кој се утврдува дека влезната врата на училиштето треба да биде заклучена и дека училиштето е должно да обезбеди безусловно дежурство на работниците на влезот за време на часовите.

Наведениот Протокол го регулира и влезот на родителите во училиштата и на сите посетители, така што тие можат да влезат во училиштето само со претходна најава или на покана на училиштето.

Банкар на удар на јавноста поради плата од 15 милиони евра:Ако можат спортистите,зошто не и јас

Серџо Ермоти, шеф на најголемата швајцарска банка UBS, не планира да се пензионира иако наскоро ќе наполни 65 години.

По турбулентната 2023 година и преземањето на Credit Suisse, Серхио Ермоти најавува дека ќе остане на чело на банката до 2027 година.

- Иако веќе постигнав многу, морам повторно да се докажам. Ова е голема одговорност – изјави Серџо Ермоти во неодамнешното интервју за швајцарскиот Мигрос-Магазин.

Неговиот работен ден започнува во 5:45 часот наутро, а работното време често му трае и до 14 часа дневно. Двапати неделно не пропушта тренинзи во теретана, одржувајќи ја дисциплината која го донесе на врвот на групата UBS.

Враќајќи се на чело на UBS по драматичното преземање на болниот Credit Suisse во март 2023 година, Серџо Ермоти го виде тоа како своја должност.

- Бев привлечен од можноста да учествувам во пишувањето на едно од најважните поглавја на глобалната финансиска индустрија - објаснува Серџо Ермоти, банкар кој веќе успешно ја водеше UBS низ кризни времиња од 2011 до 2020 година.

Неговата годишна плата од околу 15 милиони евра предизвика бурни реакции во швајцарската јавност.

Сепак, Серџо Ермоти, кој се сеќава на своите почетоци и првата плата од 360 евра месечно како практикант во банката Корнер, не гледа проблем, пишува Блик.

-Ја знам вредноста на парите и разбирам дека на многумина мојата сегашна плата не им изгледа нормална. Понекогаш се прашувам зошто високите плати во економијата предизвикуваат толкаво внимание, додека истите суми во спортот и забавата поминуваат без коментар - вели првиот човек на УБС, Серџо Ермоти.

Во врска со спојувањето на Credit Suisse со UBS, Серџо Ермоти истакнува дека најголем предизвик е поврзувањето на компјутерските системи на двете банки во едно. Новата, обединета банка денес има значително помалку средства отколку пред финансиската криза од 2008 година, што ја прави постабилна и побезбедна.

Со капитал од речиси 200 милијарди долари за покривање на можните загуби, Серџо Ермоти убедливо тврди дека ризикот за даночните обврзници е минимален:

- Дури и да има проблеми UBS, речиси е невозможно даночните обврзници да загубат дури и франк.

Серџо Ермоти ги отфрла критиките за прекумерна концентрација на моќ во рацете на УБС, потсетувајќи дека повеќе од 200 домашни и странски банки работат во швајцарскиот банкарски сектор.

- Конкуренцијата е жива и здрава - нагласува тој, додавајќи дека големите банки денес претставуваат фактор на стабилност, а не на ризик во време на криза, пренесува Вечерњи лист.

притисни ентер