Винисиус се извини за инцидентот со Димитриевски, ќе добие суспензија на 12 натпревари

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се соочува со долга дисквалификација поради исклучувањето на синоќешниот натпревар од 12. коло на шпанското првенство против Валенсија (2:1). 

Во 79. минута Бразилецот го турна македонскиот голман Столе Димитриевски и доби црвен картон, а по исклучувањето вербално ги нападна судиите.

Според „Мундо Депортиво“, судијата ги запишал постапките на Винисиус во протоколот како агресивни. Според прописите на Ла Лига, за ваква максимална казна е 12 натпревари, а минималната 4.

По натпреварот, Винисиус на социјалните мрежи напиша „Извинете и благодарам на мојот тим“.

Реал Мадрид освои 43 бода и се искачи на првото место во поредокот во Ла Лига. Валенсија остана на 19. место со 12 бодови.

МААЕ информира за силни експлозии близу Запорожје АЕЦ

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) информира за силни експлозии во близина на Запорожје АЕЦ.

Оваа информација се совпаѓа со извештаите за напад со дрон врз тренинг центарот поврзан со украинската атомска централа, која е под контрола на Русија од март 2022 година – веднаш по почетокот на војната.

- Нема жртви ниту оштетувања на Запорожје АЕЦ, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Мариано Гроси. Тој прецизира дека тренинг центарот се наоѓа надвор од периметарот на најголемата атомска централа во Европа.

Во регионот на Запорожје АЕЦ често има гранатирања, за кои двете страни во конфликтот си ја префрлаат вината./МИА

Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил на почетокот на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека белорускиот претседател Александар Лукашенко му се извинил веднаш по почетокот на војната, бидејќи Русија ја нападнала Украина преку белоруска територија, пренесува „Укринформ“.

- Разговарав со Лукашенко на телефон во првите денови од војната и тој се извини. Ми рече: ‘Не бев јас, Путин испалуваше ракети од мојата територија.’ Ова се негови зборови, а имам и сведоци. Тој кажа: ‘Извини’,“ објасни Зеленски во интервју за американскиот подкастер Лекс Фридман.

Како одговор, Зеленски го обвинил Лукашенко дека е ист како рускиот лидер Владимир Путин. „Му реков: ‘Ти си ист убиец.’ А тој ми одговори: ‘Разбери, не можеш да се бориш против Русите.’“

Како компензација, Лукашенко предложил Украина да ја нападне рафинеријата за нафта во белорускиот град Мозир, на што Зеленски му одговорил: „Што зборуваш?“

До овој момент нема реакција од белорускиот лидер.

Минатиот месец Лукашенко потпиша договор со Путин во Минск, со кој Русија гарантира безбедност за Белорусија. Лукашенко побарал од Русија да распореди нови оружени системи, вклучувајќи хиперсонични ракети „Орешник“, пренесува „Укринформ“. /МИА

За Бадник студено утро, сончево преку ден

Времето денеска наутро ќе биде студено со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Преку ден се очекува да биде сончево со мала до умерена локална облачност, да дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната од 6 до 12 степени.

Во Скопје утринава во делови од котлината ќе има појава на магла и ќе биде студено, а преку ден сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Се очекува минималната температура да се спушти до -4, а максималната да достигне до 7 степени.

До петок се очекува стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, освен утре, кога во вечерните часови во западните делови, можен е слаб локален дожд. Според синоптичарите, дневните температури ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониски температури. Од петок попладне, под влијание на циклонска активност, најавени се повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

притисни ентер