Конференциска лига: Тиквеш против исландски Бреидаблик, Шкендија против ерменска Ноах

 Македонските претставници во Конференциската лига на УЕФА, Шкендија и Тетекс, ги добија противниците во првото квалификациско коло.

По ждрепка во Нион, вицешампионот Шкендија на стартот ќе се соочи со ерменски Ноах, додека освојувачот на Купот, Тиквеш ќе игра против Бреидаблик од Исланд.

Екипата на Бреидаблик од Исланд е противник на ГФК Тиквеш [🔴] [⚪️]

Првиот натпревар е на Арената Тодор Проески на 11.07.2024 година

Првите натпревари се играат на 11. јули, а реваншите се закажани за седум дена подоцна.

Претседателот на Кенија го повлече законот за зголемување на данокот

Претседателот на Кенија, Вилијам Руто денеска најави дека нема да го потпише законот за зголемување на даноците еден ден по немирите во кои демонстрантите упаднаа во зградата на Парламентот, при што загинаа 22 лица.

Руто истакна дека предлог-законот предизвикал „општо незадоволство“ и оти ги слушал граѓаните и се „согласил“ со нив. Тој протестот го нарече предавнички.

Лидерот на кениската опозиција Раил Одинга го осуди убиството на демонстрантите и грубата сила на власта и повика на дијалог. /МИА

Шефот на израелската дипломатија го нарече турскиот претседател „воен злосторник“

Шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, во објава на платформата „Х“ го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „воен злосторник“.

Кац напиша дека Ердоган „ја објави својата поддршка за Хезболах против израелската закана. Ердоган е воен злосторник кој убива невини Курди долж сириската граница и се обидува да му го одземе правото на Израел на самоодбрана од терористичка организација која напаѓа од Либан по иранска наредба“.

Турскиот претседател денеска изрази солидарност со Либан поради зголемените тензии со Израел и ги повика и другите земји во регионот да го сторат истото, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Во својот говор Ердоган го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ментално болен“. /МИА

притисни ентер