Комеморација за Оливера Николова

Таа ни остави огромно дело, кое полека го освојува светот и сведочи за нас и нашата култура

Оливера ќе ни недостасува, но се надевам не премногу. Оти со секое наше ново читање и истражување на нејзиното дело и преку пишувањето за неа, ние ќе бидеме со неа. И сега, кога беседиме, тоа за мене значи дека сакаме да кажеме „Оливера, со нас си. Со се што имаш, течеш во нашата „река“ љубов за тебе, порача денеска претседателот на Друштво на писателите на Македонија (ДПМ) Живко Грозданоски, за време на комеморацијата за македонска писателка за возрасни и за деца Оливера Николова (1936-2024).

Грозданоски подвлече дека Оливера Николова ни остави огромно дело, кое полека го освојува светот и сведочи за нас и нашата култура.

-Самата Оливера во една прилика ќе рече „Во мојата интима, пишувањето за деца и пишувањето за возрасни е скоро една иста работа. Фасцинира нејзиното благородно сфаќање и начинот на пишување“. Иако јас кратко ја познавав Оливера лично, видов колку е својствено за неа заедништвото, онаа љубов кон ближниот, од тој порив за содругарство, произлегува и нејзината грижа за другите. Оливера го има дарот да се слее со духот на светот во современието и токму од таа слеаност, произлегува специфичната ангажираност во нејзините дела. Ангажираност во најубава и најненаметлива смисла на зборот, рече Грозданоски.

Тој додаде дека Оливера Николова ни е пред се драга поради нејзиниот порив по едност и по повикот по заедништво.

-Тоа можеме да го видиме по нејзината непосредност во комуникацијата. Неискажливо ни е мила нејзината разорожувачка отвореност во нашите разговори. Стремежот на Оливера кон заедништво е осебено видлив во нејзиниот последен роман „Песот со тажен поглед“. Оливера ќе ни недостасува, но се надевам не премногу. Оти со секое наше ново читање и истражување на нејзиното дело и преку пишувањето за неа, ние ќе бидеме со неа. И сега, кога беседиме, тоа за мене значи дека сакаме да кажеме Оливера, со нас си. Со се што имаш, течеш во нашата река љубов за тебе, а тоа го кажуваме со ова беседење, посочи Гроздановски.

Тој се осврна на интервјуто на Тамара Арсова со Оливера Николова, во кое Николова зборувајќи за пишувањето, вели „Ако пишувам, тогаш сакам да кажам луѓе, со вас сум, со се што имам течам во вашата река, а тоа го докажувам со ова пишување“.

Според Грозданоски, Оливера Николова е силен фактор, што ќе продолжи да го поткрепува нашето опстојување и на оние по нас.

-„Зоки Поки“ веќе ги освои Јапонија и Скандинавија и поголем дел од Европа, но интересно ќе биде да се следи патот, по кој нејзините романи ќе бидат откривани и преведувани, за да бидат силни амбасадори на нашето битисување и фактор за нашето опстојување како култура. Оливера Николова е само навидум во минатото. Таа всушност е силен фактор што ќе продолжи да го поткрепува нашето опстојување и на оние по нас, рече Грозданоски.

Македонската поетеса, книжевна теоретичарка, aкадемик Катица Ќулавкова денеска на комеморацијата рече дека Оливера беше и остана да биде гатач на загадочното писмо и јазик на човечкото суштество.

-Оливера е читач на љубовта и омразата, на доброто и на злото, испреплетени во неразмрсливи јазоли. Шеесет години живот целосно посветен на уметноста на јазикот, раскажувањето и книжевноста, исконската посветеност, ненаметлива, достоинствена, самосвесна. Од раскажувач и драматург на авантурите на детските сништа и мечти, Оливера стана раскажувач и романсиер, кој ги промислува авантурите со женствен и феминистички предзнак на жената од нашите македонски балкански и европски простори, во минатото и денес. Тоа го направи во романите „Адамовото ребро“, „Куклите на Росица“.. Таа раскажа на постмодерен начин приказни за хибридниот идентитет, карактеристичен за овие простори и за жал не само во минатото, рече Ќулавкова.

Како што посочи, во романот „Песот со тажен поглед“, Оливера долови еден друг вид трауматизирање на смислата на постоењето во Скопје, за време на балканските војни и Првата светска војна.

-Таа покажа дека токму кога е загрозен човечкиот живот, се создаваат услови за појава на човештината, хуманоста и емпатијата во нивната суштествена форма. Во книгата раскази „Кадифената покривка“ таа повторно се враќа на темата на жената, но овој пат навлегувајќи во најмрачните предели на женската психа и кога е во улога на мајка, и кога е во улога на револуционер или бунтовник, и во улога на терорист и во улога на сопруга и љубовница. И во оваа книга, Оливера ја покажа својата раскажувачка генијалност и мајсторство на неповторлив начин, додаде Ќулавкова.

Оливера Николова е една од најплодните и најзначајни македонски писателки. Таа е родена во 1936 година, во Скопје. Учела во Струга и Велес, а завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како драматург на радио и телевизија. Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Попознати нејзини дела за деца се: „Зоки Поки“, „Земја во која не се стигнува“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), „Пријателите Бон и Бона“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1975), „Мојот звук“ (Награда 'Младо поколење',1978), „Девојките на Марко“, „Љубоболки“, „Шифри на каменот“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“, и други.

Нејзини дела за возрасни се: Книгите раскази „Ден за летување и Лева комора“; комедијата „Сребреното јаболко“; книгата со драмски текстови под наслов „Сребреното јаболкo“. Романите: „Тесна врата“ (Награда 'Стале Попов',1983), „Домашни задачи“, „Тромбот“, (Награда Стале Попов 1998, којашто ја вратила), „Адамовото ребро“ (Награда 'Рациново признание',2000), „Вежби за Ибн Пајко“, „Куклите на Росица“ (награда 'Роман на годината' на Утрински весник, за 2004 год.), „Белиот чад“, „Куќичка“ (2012, номинирана за наградата „Балканика“ 2011), „Кадифената покривка - новелети за жени убијки“ (добитник на наградата 'Стале Попов' за 2015 г.), „Пешаци по црни полиња“ и „Песот со тажен поглед“ (награда 'Роман на годината' за 2019 год.).

Повторно катаклизма во Шпанија: Поплавата носи автомобили во Жирона (ВИДЕО)

Шпанија е погодена од нови катастрофални поплави, а поројниот дожд носи автомобили низ улиците на Жирона.

Снимката која кружи покажува како поројот од вода носи сѐ пред себе, вклучително и возила, додека уништува сѐ во центарот на каталонскиот град Кадакес.

Според градоначалникот, поплавата однела најмалку 30 возила. Како што објасни, блиската река се излеала од коритата и создала порои.

Во близина на мостот биле оставени многубројни возила наредени еден врз друг.

Меѓу уништените возила има и најмалку едно странско возило, судејќи по регистарските таблички.

Да потсетиме, пред нешто повеќе од една недела страшни поплави ја погодија Шпанија и однесоа повеќе од 200 животи. Најмногу настрада областа Валенсија.

Фото: Маск сака да направи Тесла лимузина за Трамп: „Се разбира отпорна на куршуми“

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, на социјалната мрежа Икс ги праша своите следбеници дали треба да направи Тесла лимузина.

Тој постави фотографија на која е прикажано како би изгледала оваа лимузина од електричниот бренд, наменета за претседателот на САД, Доналд Трамп.

Маск додаде и дека оваа лимузина, секако, би била отпорна на куршуми.

„Да направам ли Тесла лимузина за Трамп?

Се разбира, отпорна на куршуми.“- стои во објавата.

Сиљановска Давкова: Македонската реформска агенда е најдобро оцената

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше и се обрати на седницата на собраниската Комисија за европски прашања.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше и се обрати на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која беше презентирана Реформската агенда на Владата (2024-2027), којашто се однесува на Планот за раст на Европската Комисија.

Во своето обраќање, Претседателката порача дека е неопходна поголема соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции и дека Комисијата треба да се отвори и да ја зајакне соработката со сите инволвирани во процесот на евроинтеграциите, вклучувајќи го невладиниот сектор, експертската јавност и претставници од ЕУ.

Претседателката нагласи дека македонската реформска агенда е најдобро оценета од Комисијата, што претставува добар влог и дека се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ.

„Мислам дека вреди да се биде оптимист. Зошто вреди да се биде биде оптимист? Вие знаете колкупати јас сум ја критикувала Европската Унија дека немала, после Солун, вистинска стратегија за Западен Балкан, дека доцнела, дека не преземала одговорност. Ова е мислам еден исчекор. Значи имаме агенда. Агендата, односно нејзиното спроведување, велиме дека не е невозможно, разбрани сме, нè поддржуваат“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи увереност дека Планот за раст и реформската агенда ќе можеме да ги направиме реалност, што особено позитивно ќе влијае на довербата кај граѓаните.

Претседателката порача дека Планот за раст е за поздравување бидејќи претставува своевидно содружништво, односно партнерство помеѓу Европската Унија и Западниот Балкан, учење во од, со финансиска помош, со советување и со оценување, каде резултатите ќе бидат заеднички, но и одговорноста споделена.

Во тој контекст таа посочи дека ова е можност да бидеме дел и од заедничкиот европски пазар. Во контекст на финансирањето, Претседателката потенцираше дека тоа мотивира, но домаќински е да не биде авансно, туку врзано со постигнатите резултати.

Во таа насока таа ја истакна улогата на Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, важноста на постоењето на интегриран систем на мониторинг, односно контрола врз трошењето на финансиските средства и ревизија врз внатрешниот систем на контрола.

Осврнувајќи се на роковите, Претседателката посочи дека роковите се строги, но дека тоа значи дека ЕУ верува во нашата способност. Според неа е логично до Нова Година да се донесат двата закони, за буџети и Закон за јавна контрола врз внатрешната контрола, што е услов за ослободување на средствата за претфинасирањето.

Говорејќи за начинот на плаќање 1/3 грант и 2/3 кредит, Претседателката посочи дека ова е секогаш најважно за опозицијата и во овој контекст ги охрабри да критикуваат.

Во обраќањето таа истакна и дека мора да се стави крај на злоупотребата на европското знаменце и ја нагласи хармонизацијата со директивите и регулативите на ЕУ, соопштуваат од Кабинетот на претседателката.

притисни ентер