Во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје, објавен е јавен повик за избор на независни стручни лица – членови на телото Скопје ЕПК 2028, чија цел е водење, спроведување и координација на активностите кои произлегуваат од титулата Скопје 2028 - Европска престолнина на културата.
Како што информира Град Скопје, јавниот повик е отворен за учество за физички лица со живеалиште на територија на Град Скопје кои имаат значително искуство во една или повеќе области по повикот со кои ќе придонесат за успешна реализација на Скопје 2028 - Европска престолнина на културата. Тоа се: изведбена уметност, музичка уметност, визуелна уметност и уметност на новите медиуми, издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културно наследство, креативни индустрии, применета уметност и општествени науки.
Сите заинтересирани повеќе информации за јавниот повик можат да најдат на следниот линк: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/